fbpx

Како исхраната може да помогне при PMS?

tonus

Предменстуралниот синдром, уште наречен и PMS е толку редовна појава кај голем дел од женската популација, што повеќемина го сметаат за нормален, нераскинлив дел од менструалниот циклус.

Помеѓу 8 и 20% од жените имаат умерени до тешки симптоми на PMS, една недела (некогаш и повеќе) пред да им започне месечниот циклус.

Симптомите кои ги искусуваат подразбираат низа физички и емотивни промени. Најчестите симптоми се болки во стомакот, главоболки, но и екстремни промени во расположението, толку големи што членовите од семејството забележуваат дека циклусот се наближува.

"“Online”/

Иако точната причина за предменструалниот синдром не е сосема позната, сепак наглите хормонски промени и одредени хемикалии на мозокот, се сметаат за одговорни за неговите типични симптоми. Но, треба да се каже дека значајна улога има и животниот стил – главно исхраната и физичката активност.

Експертите од оваа медицинска област, преку своите истражувања укажуваат дека начинот на исхрана има свое влијание врз развивањето на PMS и тежината на неговите симптоми.

Имајќи го ова во предвид, ви даваме 7 совети во однос на исхраната кои можат да помогнат во олеснувањето на PMS симптомите:

 

1) Никогаш не прескокнувајте оброци

Хормонската ,,бура” предизвикана од PMS, може да води кон ,,домино ефект” во однос на апетитот.

За да избегнете постојано чувство на глад, јадете повеќе помали оброци во текот на денот и немојте да го пропуштате доручекот, на пример. Ако се чувствувате депресивно поради PMS, тогаш прескокнувањето на оброците може да ви го зголеми ова чувство, заради прениските глукозни нивоа во крвта. Дополнително, прескокнувањето на оброците, особено во комбинација со PMS симптомите, може да води кон прејадувања.

Нешто повеќе за врската помеѓу депресивните чувства и исхраната, прочитајте во една од нашите претходни статии: Нездравата храна може да влијае лошо и на расположението!

2) Јадете повеќе храна богата со калциум


Сите сме слушнале дека калциумот и витаминот Д се многу важни за здравјето на коските, срцето, имунитетот итн., но во постоечките истражувања кои за испитанички имале тинејџерки и медицински сестри, се покажало дека оние жени со побогата исхрана со овие микронутриенти, имаат помал ризик од развивање на предменструален синдром.
Се смета дека ова се должи на нивното олеснувачко дејство во однос на супресирање на промените во мозокот кои водат кон депресија и анксиозност.

Резултатите биле подобри кога калциумот доаѓа од храната, а не од суплементите.

За да внесете доволни количества од овие микронутриенти, јадете повеќе пати во денот храна богата со калциум и бидете почесто изложени на сонце, заради витаминот Д (секако, ако е силно во пократки периоди од 10-тина минути).

3) Намалете со празните калории

Кризите за ,,благо” (типични за PMS) се предизвикани од нарушените нивоа на хормоните естроген и прогестерон, кои пак влијаат и за нарушување на нивото на серотонинот во мозокот. Серотонинот е наречен хормон на среќата, па неговите намалени нивоа значително го нарушуваат расположението и поттикнуваат PMS симптоми.

Истражувањата покажуваат дека жените во PMS, во просек внесуваат 200 до 500 калории повеќе од обично, на дневно ниво. За жал, овие вишок калории највеќе доаѓаат од нездрава храна. Постојаното прејадување со ваква храна ве води кон постојани нагли пикови и падови на шеќерот во крвта и засилување на депресивноста.

Наместо тоа, јадете јадете здрава храна која ќе ве одржи сити подолого време (полнозрнаста, свежа храна богата со фибер).

Повеќе совети во однос на тоа како да се справите со овие кризи, прочитајте тука.

4) Имајте исхрана богата со полнозрнасти житарки, растителни протеини и свежа храна


Секако, најдобро е ваквата исхрана да ви биде животен стил и навика, а не средство за намалување на симптомите на PMS кога тие ќе се појават.

Научете да уживате во здравата храна, најдете си начин на исхрана кој вам лично ќе ви одговора и ќе можете да го применувате постојано.

Ваквата исхрана значително ќе ви помогне да ги избегнете силните варијации на шеќерот во крвта, богата е со калциум, протеини, а претставува и извор на витамини од Б групата.
Истражувањата покажуваат дека жените кои внесуваат (преку исхраната) поголеми количества на витамин Б1 и Б2, имаат значително помал ризик од PMS.

5) Пијте вода наместо пијалаци со додадени шеќери и кофеин

Видовме како храната со додадени шеќери делува на расположението, но таа има и низа други негативни последици. Покрај ваквата храна, кога сте во PMS избегнувајте и кофеин и алкохол.

Наместо тоа, пијте повеќе вода, која може да ви го намали и чувството на глад (многу често чувството на жед се помешува со она за глад). Ако не можете да пиете повеќе вода, обидете се со вода со лимон.

 

6) Внимавајте со солта

Општо е познато дека солта е штетна од повеќе аспекти, но прекумерното консумирање сол може да ја влоши и состојбата со PMS. Најлесен начин да ја избегнете солта, која инаку е буквално насекаде, е да избегнувате препроцесирана храна (која дополнително содржи огромни количества додадени шеќери, заситени маснотии, адитиви итн.) и да избегнувате дополнително посолување на домашната храна, која најчесто е веќе еднаш посолена. Ако сте свесни дека не можете соодветно да го намалите количеството внесена сол, јадете повеќе храна со калиум и магнезиум и пијте повеќе вода.

Повеќе околу местото на солта во здравата исхрана, прочитајте тука.

7) Немојте да го игнорирате значењето на останатите животни навики


Постојат докази дека одржувањето на здрава телесна тежина може да помогне во превенцијата од PMS и дека дека жените со повишена или прекумерна телесна тежина, имаат поголем ризик од посериозни PMS симптоми.

Затоа, физичката активност може да помогне за PMS преку помагањето за одржување добра линија, стабилизирањето на шеќерот, но и преку поттикнувањето на лачење хормони кои ни го стабилизираат расположението.

Стресот и квалитетниот сон исто така значително влијаат врз PMS. Редовната физичка активност може да помогне и за нивно подобро менаџирање. Значи, контролирањето на стресот и добрата хигиена на сон, ќе ви помогнат и полесно да се справите со PMS симптомите.

Пушењето, особено кај тинејџерките, може значително да го зголеми ризикот од развој на PMS и од посериозни симптоми.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор