fbpx

Како ТРПЕЛИВОСТА му помага на вашето ментално здравје?

tonus

Во модерното време кое се одликува со постојано брзање, стрес и натпревар за поголема работна продуктивност, не е воопшто лесно да се биде трпелив или толерантен. Трпеливост е вредност чија практична применливост во секојдневнието многу се потценува.

Трпеливоста е всушност нашиот капацитет за прифаќање или толерирање на одреден вид непријатност која ни е причинета од различни фактори, без да се бидеме нервозни и вознемирени. Под вознемиреност и нервоза може да се подразбира и стресот. Постојаното ,,насобирање” на малите моменти на вознемиреност и нервоза во секојдневнието е пат кој води кон хроничен стрес.

Наоѓањето начин за справувањето со стресот е една од клучните работи во одржувањето на она што значи добро ментално, но и целокупно здравје.

"“Online”/

[Поврзано: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го
спречите тоа?

Како стресот го намалува имунитетот?]

Зошто трпеливоста се смета за вредност?

Вредност е некаков начин на однесување кој отсликува високи морални стандарди. Трепеливоста всушност ја отсликува нашата способност за ,,контрола на себеси”.

Во продолжение нема да зборуваме за трпеливоста од философски аспект, туку ќе ги наведеме потенцијалните корисни ефекти од применувањето на смиреноста, толерантноста, стрпливоста и истрајноста, како дел од начинот на живеење.

1) Овозможување на подобар фокус на долгорочните цели

Добар пример за ова е процесот на слабеење. Доколку очекувате и добивате ПРЕБРЗИ резултати, не сте на добар пат. Големите промени, како промените на начинот на живот кој ве донел до проблемот гојазност, имаат потреба од подолг период.

Во текот на процесот на слабеење ќе ви се јават низа препреки, а ако дозволите тие да ве ,,допрат” и дефокусираат, значително ќе си го усорите патот до целта.Потребно е да бидете стрпливи. Трпеливоста ќе ви овозможи посвесно или порационално да согледате вашите предности и да продолжите со нив, но и полесно да ги детектирате и поправите грешките.

[Поврзано: Важни принципи на процесот наречен слабеење – Што треба, а што не треба да правите?]

2) Правење подобри избори

Кога одлуките ги носите со ,,ладна глава”, секако дека исходот ќе биде подобар. Можноста за рационално согледување на работите и на тој начин олеснување на најразличните избори пред кои ќе бидете ставени во текот на животот е една од најпозитивните работи кои може да ги поттикне трпеливоста како начин на однесување.

Емоциите нè надвладуваат или ни ја превземаат контролата над себеси најчесто кога не сме во ситуација да истролерираме некаква стресна ситуација.

3) Полесно градење доверба

Нестрпливоста често може да нè натера да се откажеме од најразлични работи, како на пример некакви обврски. Ако луѓето знаат дека сте трпеливи, многу полесно ќе можат да ви веруваат и да се потпираат на вас.

Градењето доверба помеѓу вас и луѓето кои ви значат на било кој начин е многу важен аспект од она што значи социјален живот – елемент без кој не можеме да функционираме.

4) Подобро ментално здравје


Способноста за справување со хроничниот стрес и за порационално размислување кои можат да бидат поттикнати од трпеливоста, се од особено значење за доброто психичко здравје.

Хроничниот стрес е непријател број еден за менталното здравје. Честото емотивно носење одлуки може да нè направи уште поизложени на стресни ситуации.

[Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ]

5) Подобро физичко здравје

Психичкото и физичкото здравје се неразделиви и се во постојана меѓусебна интеракција.

Трпението ни овозможува попозитивно да гледаме на работите и да го избегнеме стресот. Добро е познато дека хроничниот стрес се поврзува со зголемен ризик од  најразлични заболувања, како дигестивни проблеми, висок крвен притисок и најразлични други кардиоваскуларни проблеми.

[Поврзано: Дали оптимистите се поздрави?
Синдром на скршено срце – може ли да се умре од тага?]

6) Трпението ќе ве направи пољубезен и подобар човек

Полесно ќе можете да ислушате некого и да му покажете дека ви значи. На тој начин и другите луѓе повеќе ќе ве ценат и сакаат.

Добар пример за ова ,,корисно дејство” на трпеливоста се родителите, кога децата се помали. Трпението ќе ви овозможи порационално и без нервоза да го согледате однесувањето на вашето дете и да одлучите како е најдобро да постапувате со него, особено после некакви негови грешки.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор