fbpx

Кои масни наслаги се поопасни – на струкот или бутовите?

tonus

Добро е познато дека вишокот масни наслаги околу струкот може да го зголеми ризикот од развивање на различни заболувања, како дијабет тип 2 или срцеви заболувања.

Но, едно истражување објавено минатиот месец оди чекор понатаму, односно ни презентира податоци според кои луѓето со вишок телеси масти околу струкот, имаат поголем ризик од т.н. предвремена или неочекувана смртност и тоа без разлика на нивната телесната тежина (значи не мора да спаѓаат во групата на гојазни луѓе според BMI).

Попрецизно кажано, истражувачите пресметале зголемување на ризикот од предвремена смртност за 11% со секој 10cm зголемување во обемот на струкот.

"“Online”/

Нешто повеќе околу студијата

Всушност се работи за мета-студија, односно истражување кое користи 72 претходно спроведени обемни и долготрајни студии, со податоци за над 2,5 милиони луѓе. Анализирани биле податоците во однос на обликот на телото, поточно обемот на струкот и бутовите и нивниот математички однос.

Покрај споменатите заклучоци околу масните наслаги во пределот на струкот, утврдено било и дека луѓето што поголемиот дел од масните ткива го ,,складираат” во пределот на бутовите наместо околу струкот и стомакот, имаат помал ризик од предвремена смртност. Но, зошто е ова вака?

Одговорот најверојатно лежи во тоа што на различни делови од телото, масните наслаги се од различен тип.

Телесните маснотии не се нужно ,,непријател

Телесните масти (уште познати и како адипозни ткива) играат значајна улога во одвивањето на нашите физиолошки процеси. Главната функција им е да служат како енергетски резерви, да ги заштитуваат органите и да го топлат телото. Тие продуцираат и хормонски сигнали кои влијаат на различни процеси, вклучително и регулацијата на апетитот. Значи, адипозното ткиво е значајно за метаболитичкото здравје.

[Поврзано: Кој е тој хормон на СИТОСТА и зошто е толку важен?]
Сите знаеме дека повишената телесна тежина (масни ткива) може да ни напрви низа проблеми, но и премалото ниво на адипозно ткиво знае да биде проблематично.

Премалите количества на овие ткива можат да делуваат негативно врз регулирањето на шеќерот. Инсулинот е задолжен за регулацијата на шеќерот, ,,кажувајќи” им на клетките да примаат глукоза од крвта и да создаваат резерви. Без доволни количества на адипозни ткива, овој процес може да биде нарушен, резултирајќи со инсулинска резистентност и на подолг период дури и со дијабет.

Иако масните ткива се важни за правилното функционирање на метаболизмот, нивната позиционираност во телото може да води кон различни последици по здравјето. Истражувањата покажуваат дека луѓе со иста висина и тежина, но со различна распределба на адипозните ткива, имаат и различен ризик од одредени метаболитички нарушувања, дијабет и срцеви болести.

Висцерални наспроти поткожни масни ткива

Обликот на телото е во значаен дел определен од тоа како се распределени масните ткива. На пример, облик на јаболко, за групата луѓе кои имаат тенденција да складираат повеќе масно ткиво во пределот на стомакот и крушовиден облик за оние кои повеќе маснотии имаат во пределот на нозете и бутовите.

За првата група луѓе карактеристични се масните резерви кои се подлабоко во телото, односно ги опкружуваат органите – висцерални маснотии, додека другата група има повеќе поткожно масно ткиво.

Овие два типа на маснотии имаат различни физиолошки својства и поттикнуваат експресија на различни гени. Се смета дека тие се развиваат од различни т.н. ,,прекурсор” клетки.

Висцералните маснотии го зголемуваат ризикот од инсулинска резистентност и следствено на тоа носат поголем ризик од дијабет тип 2. Ваквите маснотии кои се складирани околу струкот и длабоко навлезени помеѓу органските системи исто така можат да поттикнат поголемо ослободување на триглицериди (маснотии), како одговор на стресните хормонски сигнали, во споредба со маснотиите во пределот на бутовите. Повишените маснотии во крвта се познат ризик фактор за низа срцеви заболувања.

Ова се генерално причините зошто висцералните масни наслаги се сметаат за далеку поштетни од оние поткожните.

Од друга страна, маснотиите околу колковите и бутовите можат поефикасно да ги ,,преземаат” триглицеридите од крвта и да ги складираат безбедно, превенирајќи од нивно складирање во мускулите или црниот дроб, што претставува познат ризик од повеќе заболувања. Дополнително, поткожните масни тиква можат да развијат специјализирани клетки кои се способни да согоруваат маснотии.

Заради овие причини, поткожните ткива се сметаат за побезбедни, па дури и корисни во заштитата од некои метаболитички нарушувања.

Генетиката игра важна улога, но не и клучна

Како што е случај со висината, така и со телесната тежина и распределбата на масните ткива, важна улога игра генетиката. Студиите утврдуваат одредени мутации на гени кои ја зголемуваат подложноста за создавање абдоминални масни наслаги.

Се смета дека кај одредени луѓе поткожните масни ткива порано снемуваат простор за складирање (или способност за продуцирање на нови масни клетки). Ова би значело дека кај нив повеќе масно ткиво ќе биде складирано во висцералните депозити, а кога и тие резерви ќе бидат наполнети, мастите почнуваат да се акумулираат насекаде, вклучително и во срцевиот орган, мускулите, црниот дроб итн.
Така, висцералните масти можат да предизвикаат замастување на органите и воспалителни процеси, водејќи до метаболитички наршувања и кардиоваскуларни болести.

За жал, според досега кажаното, некои поединци ќе имаат повеќе маки со масните наслаги во стомакот од други, но тоа не значи дека им е судено да бидат гојазни! Редновната физичка активност и здравата исхрана се клучни во одржување на саканата фигура. Во далеку поголема мера, работите зависат од самите нас! Не го заборавајте тоа.

Заклучокот кој треба да го избедеме е дека не смееме да си дозволиме по наша вина енормно да се зголема масните наслаги во пределот на стомакот. Ако веќе го имате проблемот, решенијата се јасни – пред сè, здрава исхрана и редовна физичка активност.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?
Медитеранска исхрана
Придобивки од физичката активност ]


Извор
:

,,Central fatness and risk of all cause mortality: systematic review and dose-response meta-analysis of 72 prospective cohort studies”

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор