fbpx

Кои се предностите на вежбањето од дома и што да вежбате?

tonus

Демотивираноста за вежбање може да биде условена од низа на ,,внатрешни” фактори или она што зависи исклучиво од нас. Сепак, во ладните зимски периоди мотивацијата е главно условена од ,,надворешните” фактори, односно оние кои не зависат толку од нас, пред сè ладното и облачно време, загадениот воздух, a годинава и од пандемијата со коронавирусот.

[Поврзано: ОСТАНЕТЕ дома! АКТИВНИ дома!]

За среќа и покрај сите овие фактори, секогаш можеме да вежбаме и во домашни услови!

"“Online”/

Секако, вежбањето во домашни услови има и свои недостатоци, но да видиме кои се бројните предности:

  1. Најдобро се заштитувате од коронавирусот (но и различни други микроби!) и загадениот воздух

Додека стигнат вакцините кои за среќа веќе се создадени и одобрени од релевантни медицински институции, најдобрата заштита од коронавирусот останува почитувањето на мерките за превенција: маските, миењето раце и физичката дистанца. Сепак, само останувањето дома го сведува ризикот на целосен минимум.

Местата каде што се вежба групно, како популарните ,,теретани”, студија за јога и слично, се веројатно најризичните места за ширење на различни патогени, помеѓу кои и новиот коронавирус. Ова особено важи во зимски услови – пред сè заради греење и поретко проветрување.

За жал, периодов дури и движењето на отворено не е толку безбедно поради загадениот воздух.

Затоа, останете и вежбајте од дома.

  1. Имате целосна удобност и заштедувате време

 

Пресметајте само колку дополнително време ви е потребно за подготовката и одењето до местото каде што тренирате. Веројатно исто толку време колку што ќе ви трае и самиот тренинг.

Во различните простори за вежбање сме опкружени со многу луѓе, па неретко тоа ни создава непријатно чувство на несигурност. Ваквите проблеми кога се вежба во домашни услови не постојат, не само заради тоа што нема непознати лица, туку и заради тоа што сте во својот добро познат и удобен простор. Можете да почнете во било кое време и не мора да чекате некој друг да заврши со користењето на справата за да ја користите вие.

  1. Полесно можете да го вклопите тренингот во вашиот дневен распоред

Ова е повторно поврзано со времето потребно за подготвување и патување до местото на кое вежбате. Ако вежбате дома, тренингот ќе ви ,,бара” помалку време, па полесно ќе можете да го вклопите во вашиот распоред, дури и ако сте презафатени.

 

  1. Заштедувате и пари!

 

Одењето во теретана или во било какви студија за вежбање чини пари, некогаш и значителни суми. Вежбањето од дома може да ве мотивира и да научите многу повеќе околу тоа што го вежбате, бидејќи на тој начин морате да си бидете сопствен ,,тренер”.

 

  1. Единствената личност со која се споредувате, сте вие самите!

Претходно споменавме дека вежбањето покрај други луѓе може да создаде чувство на несигурност, кое главно доаѓа од потребата за споредување. Кога гледате дека некој ги имате резултати кои изгледаат доста далечни за вас, тоа речиси како по правило создава негативни чувства. Пред да се споредите со некој, треба да имате предвид колку време и труд има вложено тој поединец за да стигне до таму, што често се игнорира. Затоа, како по правило ваквите споредби не се релевантни и можат само непотребно да ви го одземат задоволството од вежбањето и да ве демотивираат.

Кога вежбате дома, многу полесно можете да го видите сопствените позитивни промени, бидејќи сте фокусирани на вашето напредување.

 

 

Предлози за вежби во домашни услови:

  • Било каков вид вежби со тежина – со примена на различни тежини (тегови) и вежбање на различни мускулни групи
  • Вежби со сопствената тежина, како склекови, стомачни склекови, згибови, пленк, чучњеви и слично

  • Трчање или пешачење на лента

  • Возење статичен и елиптичен велосипед

  • Јога и слични вежби за истегнување

  • Различни вежби со топка за вежбање или фитнес топка

  • Вежби со растегливи, еластични ленти со отпор

 

 

 

Поврзани теми:

 

Што треба да знаете за вежбите со тежина?

10 совети како да СЛАБЕЕТЕ преку ПЕШАЧЕЊЕ

Пешачење за СЛАБЕЕЊЕ – колку и како?

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор