fbpx

Колку минимум ЧЕКОРИ треба да направите во денот?

tonus

Сигурно сте слушнале дека се препорачува активност од барем 10 илјади чекори дневно. Тоа е всушност еден вид ,,златен стандард” поставен од релевантни здравствени институции.

Иако се работи за одлична цел која би требало да си ја поставите, особено ако живеете ,,седечки начин” на живот, мора да знаете дека овој број е арбитрарен, односно не мора да е точно примелив за сите луѓе. Додека некои лица се способни и имаат желба далеку да го надминат овој број, други се чувствуваат лошо заради тоа што тешко можат да стигнат до 10-те илјади чекори.

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? – тоа е веројатно лошо исто колку и пушењето!]

"“Online”/

За среќа, истражувањата покажуваат здравствени корисни ефекти од зголемување на бројот на чекори во денот, дури и ако тие се значително помалку од 10 илјади (околу 7-8 километри).

[Поврзано: Пешачење за СЛАБЕЕЊЕ – колку и како?]

Проблемот со т.н. седечки начин на живот

Модерниот начин на живот наметнува сé помалку движење, сé помала употреба на мускулатурата. Човекот никогаш претходно не седел толку колку што седи во последниве неколку децении.

Огромниот дел од работните места се во канцелариски услови, пред компјутер, во седечка положба, но се седи и при гледање телевизија, патувања, социјализирање, возење итн.

Во изминатиот период на пандемијата со коронавирусот, голем дел од луѓето почнаа да работат и од дома, а и движењето беше ограничено. Значи седењето стана уште позастапено.

Според некои дефиниции, лицата што минуваат помалку од 5 илјади чекори дневно, имаат опасност да ги искусат опасностите од претераното седење, како покачени маснотии и холестерол во крвта, покачен крвен притисок, крвен шеќер, гојазност итн. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Корисни здравствени ефекти од зголемениот број чекори во денот

Кога минувате повеќе од барем 5 илјади чекори во денот, растат здравствените бенефити.

Една анализа, објвена во International Journal of Behavioral Nutrition and Physical Activity, обработила податоци од преку 17 претходно публикувани студии околу бројот на поминати чекори во денот и здравствените ефекти. Заклучокот бил дека лицата кои оделе барем илјада чекори над минималните 5 илјади (вкупно поминати во денот 3-4 километри), имале забележително намален ризик од предвремена смртност од кардиоваскуларни болести, вкучително срцев удар, но и општо, смртност од било кои причини!

 

[Поврзано: 4 симптоми кои не смеат да бидат игнорирани!]

И повеќе други истражувања утврдуваат дека што повеќе чекори правиме во денот, тоа ни е помал ризикот од смртност од било кое заболување, без разлика на годините, полот, етничката припадност итн.

На пример, едно истражување од САД, покажува дека луѓето кои ги зголемиле дневните поминати чекори, од 4 илјади на 8, имале 51% намален ризик од смртност од било кој причинител. Кога чекорите биле 12 илјади, ризикот се намалувал за дополнителни 14%, па бил 65%!

 

Овие податоци се логични, бидејќи главните причинители за смртност во светски рамки, па и кај нас во Македонија, се силно поврзани со начинот на живот. На пример, кардиоваскуларните заболувања, дијабетот, малигните болести итн. Еден од најчестите проблеми кај луѓето кои не живеат здраво е физичката неактивност. Редовната физичка активност претставува нераскинлив дел од она што значи здрав начин на живеење.

[Поврзано: 5 едноставни прмени за намален ризик од канцер!
Физичка активност и превнција од малигни болести
Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта
 Физичка активност и срцеви заболувања

Зависно од вашата возраст, што треба да правите за здраво СРЦЕ?]


Често пати луѓето физичката активност ја поврзуваат со теретани, трчање и други напорни активности. Треба да се има предвид дека за физичка активност се смета сè она што ни го забрзува ритамот на срцето, можеме да го применуваме повеќе од 20-тина минути без пауза и на секојдневно ниво!

Наједноставното умерено пешачење има извонредни ефекти кои можеби не сте ги очекувале! Повеќе на оваа тема, прочитајте на следниот линк: 5 изненадувачки придобивки од ПЕШАЧЕЊЕТО!

Колку е важен интензитетот?

Според искуствата, луѓето кои изодуваат повеќе чекори во текот на денот, имаат тендеција и да одат со посилен интензитет, односно побрзо. Сепак, не мора да одите брзо или да трчате за да ги имате претходно наведените бенефити од физичката активност. Потребно е да се држите до бројот на чекори (над 5 илјади).

Ако имате намера да слабеете, тогаш зголемениот интензитет е доста позначаен.

[Поврзано: Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?
Што се всушност калориите и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?

10 совети како да слабеете преку пешачењето]

Како полесно да го зголемите бројот на поминати чекори во денот?

 

  • Постепено зголемувајте – зголемувањето по 500-1000 чекори дневно изгледа многу пореално и остварливо, отколку наглото зголемување од 4-5 илјади чекори. Можеби најголемата грешка на оние кои се одвикнуваат од седечкиот начин на живот се наглите почетоци. Започнете со секојдневна прошетка од 15-20 минути. Ваквите прошетки, заедно со целокупното движење во текот на денот, секако ќе ви ги дадат посакуваните неколку километри дневно. Зголемувајте за 5 минути секојдневно или пак за 10 на два дена, доколку одите повеќе во некои денови, а следниот паузирате.

 

  • Експериментирајте – одете побрзо, побавно, некогаш можете и да трчате помали растојанија. Ова освен што ќе ви помогне за слабеењето, ќе ви ги нарави прошетките поинтересни.

 

  • Бидете активни и кога не сте на редовните прошетки – искористете било која прилика да бидете активни. Одете на работа пешки, ако одите со автобус или автомобил, симнете се некаде подалеку, па пешачете. Средете ја градината, работете во кујната, одете до маркет, секогаш преферирајте ги скалите пред лифот и завршете било која друга обврска која можете да обавите со физичка активност.

 

 

Поврзани статии и видеа:

 

Што треба да знаете за вежбите со тежина?

Придобивки од физичката активност

Зошто физичката активност е најмоќниот антиоксидант?

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор