fbpx

Копар – одличен за подобрување на дигестијата!

tonus

Копарот е едногодишна билка (науч. Anethum graveolens) која потекнува од медитеранскиот регион и западна Азија. Така, овој зачин многу често се користи во медитеранската кујна и кујната на земјите од Блискиот исток, но и кујните блиски до нив, меѓу кои и македонската.

Целото растение е ароматично и има специфичен ,,топол” и помалку остар вкус. Може да се употребува како сушен или свеж зачин, а оди добро во комбинација со медитеранските рецепти, како различни салати, риби, супи, сосови итн. Особено е погоден за зачинување на туршијата, киселите краставички, компирите кои се подготвени на најразлични начини и освежителните салати со јогурт.

Традиционалната медицина го смета копарот за лековита билка од многу аспекти (корисна за дигестивни проблеми, проблеми со лош здив, инфекции кај деца итн.), но во продолжение да видиме што вели науката за овој зачин.

"“Online”/


Богата нутритивна вредност

Во 10g сушен копар се содржи:

◦ 25kcal
◦ 2g протеини
◦ 5,5g јаглехидрати
◦ 0,4g масти
◦ 21mg натриум
◦ 330mg калиум
178mg калциум
◦ 5mg железо
◦ 55mg фосфор

Дополнително, копарот содржи и одредени количества од витаминот А, Ц, витамини од Б групата, потоа манган, магнезиум, но и други фитохемикалии и антиоксиданти.

Антиоксидативен извор


Антиоксидантите се компоненти кои превенираат оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали кои настануваат како метаболитички ,,отпад”.

Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и антиоксидантите. Дисбалансот може да води кон оксидативен стрес, а тој кон хронични воспалителни процеси, главен ризик-фактор за повеќето хронични заболувања.

Имајќи предвид дека телото постојано продуцира слободни радикали, постојан треба да биде и внесот на антиоксидативни компоненти преку исхраната, иако организмот има способност и самиот да синтетизира одредено количество антиоксиданти.

Копарот е богат со неколку типа на компоненти со антиоксидативни својства, вклучително:

флавоноиди – антиоксиданти кои се поврзуваат со намален ризик од срцеви и мозочни  заболувања, но и некои форми на канцер;
терпеноиди – антиоксиданти кои имаат својства според кои можат да се борат против заболувања на црниот дроб, срцето, бубрезите и на мозокот, но имаат и одредени антиканцерогени својства;
танини – компоненти кои се одговорни за нагорникавниот вкус на некои раститителни производи и компоненти кои поседуваат антимикробни својства.

Дополнително,( особено свежиот) копарот содржи и значително количество од витаминот Ц, исто така моќно антиоксидативно средство.

Копарот може да биде добар за срцето


Како што веќе наведовме, флавоноидните антиоксиданти имаат антивоспалителни својства и можат да делуваат заштитувачки на срцето.

Анималните студии покажуваат дека овие компоненти можат да делуваат на намалување на нивоата на вкупниот холестерол и триглицериди во крвта, со што би се намалил ризикот од кардиоваскуларните нарушувања.

Сепак, треба да се нагласи дека при споменатите студии користен бил екстракт од копар, а не зачин, па затоа се потребни повеќе истражувања на оваа тема, со цел утврдување на точниот ефект кој го има копарот во оваа смисла.

Може да делува на намалување на глукозата во крвта

Високите нивоа на шеќер во крвта во подолг временски интервал, можат значително да го зголемат ризикот од состојби како инсулинска резистентност, метаболен синдром и дијабет тип 2.

Во некои студии, копарот покажал својство според кое го намалува нивото на глукоза во крвта.

Повеќе студии спроведени на животни со дијабет покажуваат значително подобрување во нивото на шеќер (на гладно). Сепак, потребни се повеќе клинички истражувања на оваа тема.

Потенцијално антиканцерогено дејство


Монотерпените се класа терпени
кои природно се наоѓаат во одредени растенија и се поврзуваат со антивирални, антифунгални и антивоспалителни својства.

Тие обично се утврдуваат во есенцијалните масла на билките, како што е копарот, а студиите ги поврзуваат и со антиканцерогени својства. Поконкретно, d-лимоненот, вид на монотерпен, низа студии го поврзуваат со превенцијата од рак на бели дробови, дојка и дебело црево.

Бидејќи копарот е билка богата со споменатите монотерпени, особено со d-лимоненот, се смета дека е можно да има антиканцерогени својства.

Други потенцијални корисни дејства на копарот:

Антибактериски својства – низа студии потврдуваат дека есенцијалното масло на копарот има антибактериски својства, односно многу е корисно во борбата против одредени патогени бактерии, како што се Klebsiella и Staphylococcus на пример.

Подобро здравје на коските – поради добриот процент на калциум, магнезиум и фосфор што го содржи копарот.

Во однос на менстуралните болки – иако се потребни повеќе истражувања, некои студии утврдуваат позитивен ефект на есенцијалното масло од копар и во однос на овие чести проблеми кај жените.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор