fbpx

Која храна е природен диуретик?

tonus

Веројатно претходно сте го слушнале поимот диуретици, кој се однесува на медикаментите што се препишуваат при одредени состојби, како висок крвен притисок, бубрежни заболувања, дијабет, цироза, PMS, хронични отоци, остеопороза итн. Нивната улога е да го олеснат, односно да го забрзаат излачувањето на задржаната вода и натриум во организмот, што знае да биде проблем од повеќе аспекти – на пример ја отежнува работата на срцето и дишењето.

Ваквите лекови не смеат да се користат за слабеење.

[Поврзано: 6 лесни совети за ЕЛЕКТРОЛИТЕН БАЛАНС!]

"“Online”/


Постојат ли природни диуретици?

Како и сите останати медикаменти, така и диуретиците имаат свои несакани ефекти: можат да се одразат негативно на шеќерот, да предизвикаат главоболки, вртоглавица, дехидратација, болки во зглобовите, грчеви во мускулите итн. Овие несакани ефекти се главно поради несоодветното и често користење на лековите од овој тип.

Секако, при одредени здравствени проблеми, како симптом се јавува задржувањето на водата, па тогаш неопходно е да се користат диуретиците. Од клучно значење е да се најде причината заради која се јавуваат симптомите, но доколку се работи за поблага ретенција на вода или задржување на водата во организмот, одредена храна и суплементација, може да биде од голема помош. Се работи за т.н. природни диуретици, продукти за кои постојат повеќе научни трудови што укажуваат на нивна диуретична ефективност.

Во продолжение повеќе на тема која храна може да се смета за природен диуретик и кои се бенефитите од неа.

15 природни диуретици

 

  • Зелен, црн чај и кафекофеинот од овие пијалаци делува како силен природен диуретик. Сепак, важно е да се каже дека оние што редовно пијат доста кафе, развиваат еден вид на толеранција на кафеинот, па за нив овие пијалаци не можат да се сметаат за диуретици.

[Поврзано: 7 причини зошто да пиете чај и кога не е зима!]

 

 

Ако сакате да дознаете многу повеќе околу сите корисните ефекти на секоја од храните, кликнете на поставениот линк.

 

Суплементи на природна база кои се сметаат за диуретици:

 

  • Глог
  • Екстракти од глуварче
  • Увин чај
  • Коњско опавче
  • Црно семе

 

 

Корисни ефекти од природните диуретици:

 

Го намалуваат крвниот притисок


Диуретиците се сметаат за првата линија на одбраната против високиот крвен притисок. Тие помагаат за полесно излачување на вишокот натриум и вода преку урината, намалувајќи го крвниот притисокот. Воглавно, ова е резултат на намалениот волумен на течноста која тече низ крвните садови.

 

Истражувањата покажуваат дека и природните диуретици (како споменатите чаеви) можат значително да помогнат во оваа насока. На пример, една студија вели дека хибискусот и ѓумбирот можат да придонесат за видно намалување и на ,,горниот” и на ,,долниот” крвен притисок.

 

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

 

Ја намалуваат надуеноста

 

Задржувањето на течностите во телото, познато и како едем, е честа состојба која се карактеризира со насобирање на течност во одредени ткива на организмот. Ова предизвикува повеќе типични симптоми, како подуеност, отоци, непријатност, а некогаш и посериозни проблеми.

Јадењето на храна богата со вода, може да придонесе за природно намалување на едемот.

 

[Поврзано: 10 совети како да ја намалите ПОДУЕНОСТА]

 

Ја подобруваат филтрацијата и допринесуваат за превенција од камчиња во бубрезите


Бубрезите играат повеќе значајни улоги во нашето здравје, а најзначајната е филтрацијата на крвта, излачувајќи ги разните токсини и метаболитичкиот отпад преку урината. Природните диуретици можат значително да ја помогнат оптималната работа на овие важни органи.

 

[Поврзано: Бојата на урината кажува многу за вашето здравје!]

 

Ова е особено важно за луѓето што имаат проблеми со бубрежната функција. Кога бубрезите не ја вршат добро својата примарна функција, можно е таложење на вода во организмот, но и на одредени минерали во крвта, како калиумот и магнезиумот, што води кон различни проблеми.
Природните диуретици се важни за задржување на електролитниот баланс, а можат значително да помогнат и во превенцијата од развојот на бубрежни камчиња.

Одредени природни диуретици, како лимонот, дури имаат двојна функција во однос на превенцијата од камчињата. Покрај тоа што се одличен извор на вода и минерали, тие содржат и поголеми количества лимонска киселина, која во истражувањата се покажува како  исклучително ефективна во спречувањето на камчињата, особено кај лицата со зголемен ризик од овие проблеми.

 

[Поврзано: Како да се спречат камчињата во БУБРЕЗИТЕ?]

 

Потенцијално ги олеснуваат симптомите на синдромот  на полицистични јајнци (СПЈ)


Главната причина за појавувањето на овој синдром е хормонскиот дисбаланс кај жените. Диуретичните лекови се користат и во конвенционалниот третман на овој проблем, а корисниот ефект се должи на отстранувањето на водата и андрогените хормони од организмот, со што се намалуваат симптомите.

 

Сличен ефект можат да имаат и природните диуретици, со тоа што некои од нив имаат и природни анти-андоргени својства, како на пример зелениот чај. Тој е богат со епикатехини, антиоксидативни компоненти кои меѓудругото можат да ја блокираат конверзијата на одредени полови хормони, со што би се намалиле симптомите на СПЈ.

 

[Поврзано: ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ – шот може сами да направите кај оваа состојба за да си помогнете?]

 

Други природни начини да се спречи задржувањето на течностите во организмот:

 

 

[Поврзано: Утринските прошетки го намалуваат притисокот слично како и некои лекови!]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор