fbpx

Крварење по менопауза? Кога треба да се закаже преглед

tonus

Иако менопаузата одамна ви е реалност и веќе не се ни сеќавате кога сте го имале последниот период, повторно ви се случува да крварите? Дали ваквата состојба треба да ве загрижи?

Според експертите од оваа област на медицината, голема е веројатноста дека не треба да бидете посебно загрижени, бидејќи поверојатно е да не станува збор за ендометријален карцином, туку за немалигни состојби, како вагинална атрофија, миоми или полипи на матката.

[Поврзано: Ендометриоза – совети за начин на живот
Нехормонско третирање на ,,жешките бранови” во менопаузата]

"“Online”/

Но, крварењето по менопаузата во секој случај задолжително треба да го комуницирате со вашиот гинеколог, бидејќи во дури 90% од случаите на ендометријален карцином, крварењето се појавува како сипмтом. Што порано се открие ваквото малигно заболување, тоа е полесно за успешно третирање и излекување. 

Рак на грлото на матката и ендометријалниот канцер се различни состојби


Малигните заболувања на матката можат да се поделат на две основни форми:

▫ рак на грлото на матката, кој го зафаќа отворот или ,,грлото” на матката и
▫ рак на ендометриумот, кој ја зафаќата внатрешното ткиво на матката.

Кај нас во Македонија многу почест е ракот на грлото на матката (3:1), но за него ќе зборуваме во некоја од наредните статии, денес нешто повеќе околу ендометријалниот карцином.

Со модерниот начин на живот, односно пандемијата на лошите животни навики, т.н. седечки начин на живот, нездравата и неправилна исхрана и состојбите како дијабет тип 2 и гојазност кои ги ,,придружуваат” овие навики, инциденцата или зачестеноста на ендометријалниот канцер сè повеќе се зголемува.

Други ризик-фактори за ова заболување се: сексуална активност од многу рана возраст, менување на многу партнери (зголемен ризик од вирусни инфекции), ендометријална хиперплазија, долга сексуална неактивност, немање деца, нерегуларни циклуси, естрогенски терапии и некои други медикаменти и доцна менопауза (од 56 години).

За разлика од ракот на грлото на матката, кој може да се утврди доста полесно и во порана фаза со редовниот ПАП тест, за ендометријалниот канцер не постои скрининг. ПАП тестирањето не може да го утврди овој тип на ендометријалниот канцер.

[Поврзано: 5 едноставни промени за намален ризик од канцер!]

Гојазноста, силен ризик фактор за ендометријален канцер

Повишената и прекумерна телесна тежина е еден од најсилните ризик-фактори за ова заболување. Во посебен ризик се жените кои имаат 20kg повеќе од нормалните вредности за нив.

Ова е случај заради тоа што ваквиот тип канцер е директно поврзан со естрогенските нивоа, кои се значително повисоки кај жените со поголеми количини масно ткиво.

Што велат заклучоците од една значајна мета-студија на тема ендометријален канцер и постменопаузни крварења?

Заради тоа што ендометријалниот канцер станува сè почеста појава, научната фела е во потрага по информации кои ќе овозможат негово полесно и порано утврдување. Така, истражувачите од една понова анализа на студии си ги поставиле следните прашања:

1. Колку крварењето е чест симптом при ендометријалениот канцер?

2. Колку често жените со постменопаузно крварење, се дијагностицирани со овој тип канцер?

Земени во предвид биле 129 различни студии, со над 34 илјади испитанички што се соочувале со крварење по менопаузата и над 6300 испитанички со веќе дијагностициран ендометријален карцином.

Истражувачите заклучуваат дека дури 91% од жените со ендометријален канцер, искусиле постменопаузни крварења. Сепак, само кај 9% од жените со некакви крварење по менопаузата, било утврдено заболувањето.

Најважниот заклучок всушност е дека дури 9 од 10 случаи на ендометријален канцер можат да се откријат доколку сите жени со сомнителни крварења по менопаузата отидат на преглед кај својот гинеколог.

Што да направите ако се соочувате со крварења по менопаузата?

Како што веќе можевте да заклучите, најверојатно не се работи за опасно заболување, но е многу значајно да закажете преглед кај вашиот гинеколог. Тој најверојатно ќе предложи  ултразвучен преглед со кој ќе се процени дали има некакви задебелувања на ендометријаното ткиво. Сепак, треба да знаете дека не сите задебелувања значат малигни промени.

Ултразвучниот преглед секогаш треба да се применува заедно со биопсија, за да се утврди природата на задебелувањето (но дури и ако нема задебелување, зошто одредени типови на ендометријален канцер не предизвикуваат задебелувања). Биопсијата претставува земање на дел од ткивото од интерес и потоа утврдување дали има малигни промени.

Ако резултатот од биопсијата е негативен, а крварењата и понатаму продолжуваат, задолжително направете уште едно тестирање, бидејќи е можно малигното ткиво да било пропуштено.

Направете го прегледот што порано, бидејќи евентуалното рано откривање на ендометријален канцер има висок процент на излечивост. Огромниот дел од пациентките со вакво заболување можат да бидат излечени само со хируршка интервенција и тоа минимално инвазивна – болничкото лекување е минимално.

Извор:

Association of Endometrial Cancer Risk With Postmenopausal Bleeding in Women
A Systematic Review and Meta-analysis

Megan A. Clarke, PhD, MHS1Beverly J. Long, MD2Arena Del Mar Morillo, BA1

September 2018

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор