fbpx

Кремаста палента во сос од печурки подготвени на вино!

tonus

Во една од претходните статии зборувавме за корисните дејства на палентата, која не е соодветен оброк само во детската возраст!

 

[Поврзано: 5 причини за вкусна и здрава палента!]

 

Сакате хранлив оброк со палента, а тоа да не биде познатиот ,,качамак”?

"“Online”/

Во продолжение, ви предлагаме една исклучително вкусна комбинација, која секако нема да ве остави рамнодушни.

Се работи за кремаста палента со путер од кикирики, во сос од печурки подготвени со вино! Звучи вкусно, зар не?

Палента – богат извор на сложени јаглехидрати, но и фибер

Комплексните јаглехидрати претставуваат база на она што значи здрава исхрана. Тие се најдобриот енергетски извор, кој не ни предизвикува шеќерни пикови и нè одржува сити подолг период. Палентата е особено богат извор на вакви нутриенти.

Во позитивното успорување на дигестијата, помагаат и растителните влакна кои палентата има да ни ги понуди во изобилие.

Комбинацијата од палента и печурки, надополнета со црвено вино, ни дава навистина извонреден антиоксидативен оброк!

Печурки – можеби нутритивно најсконцентираната храна во природата!

Знаеме дека печурките генерално се составени од вода, па затоа имаат навистина ниска калориска вредност. Од друга страна, нивниот хранлив профил е импресивен!

Редовната употреба на печурките ќе ни обезбеди избегнување на дефицитот од одредени важни микронутриенти, како: важни витамини од Б групата, значајни минерали како калиум, железо, бакар, магнезиум, цинк, селен итн. Дополнително, печурките претставуваат и одличен протеински и фиберен извор.

 

Путер од кикирики – здрава енергетска бомба

Умереното јадење на храна како што се путерите од било кои јаткасти плодови, не само што нема да ни ги покачи килограмите, туку значително ќе ни помогне да ослабеме,но и да имаме поздраво срце, да превенираме дијабет и да го намалиме ризикот од недостаток на повеќе значајни нутриенти. Пред сè, се мисли на цинк, магнезиум, Б витамини, но и железо, манган, калциум, бакар, витамин Е итн.

Кикириките претставуваат и одличен антиоксидативен извор – кумарична, фитична киселина, ресвератрол (кој го има и во црвеното вино!), изофлавони, фитостероли итн.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

За кремастата палента:

За сосот од печурки:

  • 1 лажица ладно цедено маслиново масло
  • 3-4 чешниња свеж лук, ситно исечкани
  • 500g свежи шампињони, ситно исечкани (можете да користите и други свежи печурки по избор)
  • 1 лажичка рузмарин
  • Половина чаша црвено вино
  • ¾ чаша растителен бујон
  • 1 кафена лажичка скроб во прав (нишесте)
  • Сол и бибер, според вкус

 

Начин на подготовка:

 

  • Започнете со подготвувањето на палентата. Зовријте ја водата во длабок сад за готвење со средна големина. Потоа, внимателно додавајте ја палентата, постојано нежно промешувајќи за смесата да не се слепи. Намалете ја температурата и гответе околу 10-15 минути со повремено промешување. Смесата треба да биде густа, но сепак не и премногу (затоа, внимавајте на густината со додавање на вода, ако има потреба). Пред да ја тргнете од оган, бидете сигурни дека низ смесата нема поголеми или помали грутчиња.

 

  • Додека се готви палентата, почнете со подготовка на печурките со црвено вино. Додадете го маслиновото масло во една рамна, нелеплива тава и кога ќе се загрее на средна топлина, додадете го лукот. Гответе неколку минути. Потоа, додадете ги исечканите печурки, бибер и посолете.

 

  • Гответе околу 5 минути, односно додека печурки не почнат да заруменуваат и да пуштат од богатата содржина на вода.

 

  • Додадете го рузмаринот и виното. Гответе на средна температура околу 5 до 7 минути, намалувајќи ја дополнително ако има потреба. Во овие минути, потребно е печурките убаво да го апсорбираат виното.

 

  • Во помал сад, со мешање растворете го нишестето во растителниот бујон, а потоа внимателно додадете го на печурките. Гответе неколку минути, додека смесата малку не се згусти. Пред да тргнете од оган, додадете бибер, посолете и ако имате желба, дополнително зачинете со некаков зачин кој оди добро со печурките.

 

  • Кога палентата ќе биде готова, додека е сè уште топла, додадете го путерот од кикирики и промешајте до целосно соединување на смесата. Вкусете и ако имате потреба додадете уште малку бибер и сол.

 

  • Сервирајте ја кремастата палента преливајќи неколку лажици од сосот од вино и печурки.

 

  • Според овие количества во рецептот, се добиваат околу 4 порции.
  • За целосно подготвување, ќе ви требаат околу 40-тина минути.

Нутритивна вредност:
(на една порција)

Калории: 275  Јаглехидрати: 35g од кои растителни влакна: 5g и шеќери: 3g; Протеини: 7g; Масти: 9g од кои заситени: 1,5g; Витамин Ц: 3,3mg; Витамин A: 500IU; Железо: 2mg; Калциум: 20mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор