fbpx

Медитерански прелив за салати – најдобар рецепт за разубавување на салатите!

tonus

Честото јадење салати има низа предности. Концентрираноста од бои, мириси и вкусови од зеленчуците и зачините, им дава посебен шмек на главните јадења, а уживањето во салатите во топлите месеци, често го практикуваме и без ,,главните оброци”.

Покрај  освежителниот ефект и пријатните вкусови, салатите ни обезбедуваат низа позитивни ефекти за здравјето, поради различните микронуриенти со кои се богати: минерали, витамини, антиоксидантни, но и различните останати фитонутриенти.

За дополнително засилување на вкусот на овие здрави оброци, често се користат т.н. салатни дресинзи или преливи. Денес ви предложуваме еден вкусен и здрав прелив за салата .

"“Online”/

Грчки или медитерански салатен прелив

Овој вкусен и често користен салатен прелив во медитеранската кујна, има состојки кои во комбинација даваат уникатен вкус и мирис. Дополнително, содржи здрави незаситени маснотии, мед, витамин Ц и здрави зачини.

Рецепт

• 1 чашка маслиново масло
• сок од два лимона
• две лажички црвен, вински оцет
• 1 лажичка сенф
• 1 лажичка мед
• 2 главички лук, фино сомелен
• 2 лажички сушено оригано
• половина лажичка сол
• половина лажичка црн бибер

Начин на подготовка

Ставете ги сите состојки во сад што може убаво да се затвори и мешајте околу една минута.

Комбинации

Преливот можете да го чувате до 7 дена во фрижидер, а најдобро се служи со грчка салата, но и други салати со зелен зеленчук.  Добар е и во комбинација со риба.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор