fbpx

Многу е поважно КОГА јадеме одошто мислиме

tonus

Речиси секоја клетка од нашиот организам поседува свој внатрешен ,,часовник”, а едно ново истражување од Perelman School of Medicine при University of Pennsylvania, нѝ покажува дека можеби начинот на кој овие различни часовници меѓусебно си влијаат, игра клучна улога во правилната функција на метаболизмот.

Добро е познато дека работниците кои постојано одат во трета смена, страдаат од проблеми со гојазноста, прекумерната телесна тежина, а често им се дијагностицира и  дијабет. Се смета дека ова е случај заради тоа што нивните ,,внатрешни часовници” не се добро кооридинирани и заради нерегуларните шаблони на оброци. Сепак, науката доста малку знае за интеракцијата помеѓу споменатите внатрешни часовници и за тоа каков треба да биде ,,распоредот” на оброците, а особено малку за импактот на овие фактори врз целокупното здравје.

Новата студија фрла ново светло врз прашањата на темата


Тимот истражувачи од претходно споменатата студија, инаку вчера објавена во престижниот Science фрла нова светлина на прашањата кои ја измачуваат оваа тематика.

"“Online”/

Внатрешниот главен часовник во мозокот, наречен уште и циркадијален ритам, ги синхронизира часовниците на периферните ткива и било какво нарушување во овој систем се поврзува со некаков тип метаболичка дисфункција.  Периферни ткива се оние ткива кои немаат примарна вредност кога станува збор за структурата у функцијата на некој орган.

Како срединските и генетските фактори влијаат врз контролата на споменатите часовници на периферните ткива и дали постои комуникација помеѓу часовниците на клетките од различни видови, за жал засега е сосема непознато.

Што нѝ открива студијата?


Истражувачите поставиле нов анимален модел, според кој може вештачки да се нарушат внатрешните часовници на хепатоцитите, тип на клетки од црниот дроб кои претставуваат всушност движечката сила на метаболизмот. Студијата била спроведена на лабораториски глувчиња. Кога велиме движечка сила, се мисли на тоа дека во овие клетки се одвиваат огромен број на важни метаболитички процеси.

Како резултат на овие индуцирани или поттикнати нарушувања, истражувачкиот тим забележал акумулација или насобирање на триглицериди (маснотии) во крвта, со што се зголемил и ризикот од кардиоваскуларни заболувања – срцев, мозочен удар итн., но и од дијабетес.

Ваквите резултати ја покажуваат важноста на внатрешните часовници и во периферните ткива на црниот дроб, во одржувањето на метаболитичката хомеостаза или рамнотежа/благосостојба.

Изненадувачки, метаболизмот на другите клетки во црниот дроб исто така се репрограмирал, кога внатрешниот часовник на хепатоцитите бил нарушен.

И исхраната е фактор за синхронизирање на ,,часовниците на периферните ткива

Познато е од претхоните студии дека циклусите ден/ноќ влијаат на бихевиоралните ритами, како што е спиењето, но расте бројот на докази според кои и јадењето или исхраната е фактор за синхронизација на внатрешните часовници на периферните ткива.

Претходно споменатата студија покажува и дека временските рестрикции во јадењето можат да имаат корисен ефект врз метаболизмот. Повеќе околу intermittent fasting (или наизменичното гладување), прочитајте тука.

Тимот истражувачи открил дека времето кога се јаде, но и координираноста на внатрешните часовници во хепатоцитите, влијаат на метаболитичкиот ритам. Поточно, тие покажале дека речиси половина од т.н. ритмички гени, се регулирани од внатрешните часовници на клетките, но и од тајмингот на оброците на лабораториските глувчиња.

На што ќе се фокусира науката од оваа област во иднина?

Научниците од студијата на крајот заклучуваат дека мора да постои комуникација помеѓу ,,внатрешните часовници” на различните видови клетки.

Дополнително, тие велат дека  подоброто разбирање на механизмот според кој храната влијае на внатрешниот ритам или внатрешните часовници на сите клетки, ќе нѝ овозможи развивање на оптимален временски распоред за оброците.

Ова може да биде од огромна помош, особено за работниците од 3-та смена и оние со постојано нарушен биоритам, од најразлични причини. Како плус на ова, оптималниот временски распоред на оброци ќе може потенцијално да се користи и како терапевтска стратегија за пациентите со метаболитички нарушувања, како гојазност и дијабетес.

Извор:

 Neuroscience news.com

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор