fbpx

Модар патлиџан на два начини – РЕЦЕПТ

tonus

Можеби една од најкарактеристичните и најпрепознатливи намирници за летниот период во нашата кујна е модриот патлиџан. Тој има примена во безброј рецепти, бидејќи има мек, пријатен и прилично неутрален вкус со кремава и мазна текстура.

 

Тој претставува едногодишна цветна билка од семејството зрнци (Solanaceae), во кое спаѓаат и доматот, пиперката, компирот итн. Иако можеби изгледа чудно, од ботанички аспект, овие плодови претставуваат овошја, бидејќи содржат ситно семе кое се развива од цветот.

Постојат различни типови, облици и големини, но и кај нас најпознат е оној долгнавестиот и темновиолетов модар патлиџан.

"“Online”/

Во медитеранската кујна, еден од најзастапените вкусови е токму оној на модриот патлиџан. Тој може да се сретне во речиси секоја форма – полнет со различни состојки, во мусака, манџи, салати и ред други јадења.

 

Нутритивен профил

Во 100g подготвен или сварен модар патлиџан се содржат:

  • 33 калории
  • 9g јаглехидрати
  • 0,8g протеини
  • 0,2g масти
  • 2,5g растителни влакна
  • 122mg калиум
  • 11mg магнезиум
  • 3mcg витамин К
  • 14mcg фолна киселина (витамин Б9)

 

Дополнително, содржи и помали количества на витамин Ц, бакар, ниацин, тиамин, манган и низа други фитохемикалии. Ваквиот состав го прави модриот патлиџан исклучително нутритивно сконцентрирана храна. Па токму затоа, во продолжение издвојуваме два интересни, летни рецепти со модар патлиџан.

 

Модар патлиџан подготвен на Медитерански начин

 

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 70 минути (50-55 минути за печење) и истиот е доволен за околу 6 порции.

 

Потребни состојки:

  • 2 големи модри патлиџани, исецкани на коцкички
  • Маслиново масло
  • 1-2 главици кромид, исецкани
  • 1-2 зелени пиперки, исецкани
  • 1-2 моркови, исецкани
  • 5-6 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку сол, бибер, оригано, буковец и куркума како зачини
  • 1-2 свежи домати, исецкани
  • 300-400g наут (веќе подготвен – во конзерва)
  • Малку свежо нане или магдонос

 

Начин на подготовка:

1 . Вклучете ја рерната на 200℃ и оставете ја да се загрее.

2 . Модриот патлиџан пропрскајте го со сол и оставете го околу 20 минути. Водата што ќе ја испушти, исцедете ја или впијте ја со хартија. Испалкнете го патлиџанот со вода.

3 . Во тавче (погодно и за печење во рерна), на малку маслиново масло пропржете ги кромидот, пиперките и морковот. По 2-3 минути додадете го лукот и зачините. Гответе дополнителни 2-3 минути. Потоа додадете ги модрите патлиџани, исецканите домати и наутот. Промешајте ги состојките. Доколку смесата е премногу густа, додадете од водата што е во конзервата со наут, или пак додадете обична вода од чешма.

4 . Оставете ја смесата да зоврие и гответе околу 10 минути.

5 . Потоа истиот сад ставете го во рерната и печете околу 45 минути.

6 . Послужете со малку грчки јогурт или таратор.

 

Лесна, ниско-калорична салата со модар патлиџан

 

За подготовка на оваа вкусна, летна салата потребни ќе ви бидат околу 20 минути и истата дава околу 4 порции.

 

Потребни состојки:

  • 3-4 модри средно големи модри патлиџани
  • 2-3 китки младо кромидче (може и обичен кромид)
  • 1-2 домати, испасирани
  • 4-5 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку маслиново масло и балсамико оцет
  • Сол, црн бибер и малку свеж магдонос

 

Начин на подготовка:

1 . Излупете ги модрите патлиџани и исецкајте ги на малку подебели парчиња.

2 . На тавче за печење ставете хартија за печење, пропрскајте ја со масло и потоа ставете ги парчињата модар патлиџан во неа.

3 . Печете на околу 210℃, 20 минути, додека патлиџанот фино не зарумени и омекне

4 . Во поголем сад, ставете ги исецканите млади кромидчиња, лук и домат. Пропрскајте со малку балсамико оцет, маслиново масло и зачинете со сол, бибер и малку магдонос.

5 . Испечените модри патлиџани ставете ги во сад и постепено редете и преливајте ги со сосот од домати, лук и кромид. Редете ги кришките модар патлиџан додека не ги потрошите или додека сосот од домати не се потроши.

6 . Сервирајте со кришка интегрален леб и изрендајте малку бело сирење врз салатата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор