fbpx

Навики за цврсти и здрави коски!

tonus

Коските се орган со навистина многу свои битни функции: му даваат облик на телото, му обезбедуваат физичка заштита, му овозможуваат движење, поседуваат важни метаболитички улоги, клучни се за создавање на крвни клетки итн. Освен тоа, коските се орган во кој може да бидат ,,складирани” доста токсични елементи. На овој начин, коските придонесуваат за заштита од отровниот ефект на споменатите елементи.

Тие се орган кој расте и се менува во текот на целиот живот. Составени се од мек и цврст дел. Мекиот дел е претставен од вода, протеини, како колагенот и секако коскени клетки. Цврстиот дел пак, во најголема мера се состои од минералот хидроксиапатит, чиј главен елемент е познатиот калциум.

Одржувањето на здравјето на коските е од особена важност за оптималното здравје.

"“Online”/

[Поврзано: Како да знаете дали внесувате доволно КАЛЦИУМ?]

 

Начинот на живеење е клучен фактор и за здрави и цврсти коски!

Здравиот начин на живеење во целина, а особено здравата и балансирана исхрана и редовната физичка актинвост се од клучна важност за изградбата на здрави коски од помлада возраст и соодветно одржување на таа здрава коскена маса со текот на годините, односно со стареењето.

Минералите се инкорпорираат во коските во текот на детството, периодот на адолесценцијата и раната младост. Всушност, на 30 годишна возраст се достигнува пикот на густината на коскената маса. Ова би значело дека по овој период, коскената маса веќе многу тешко може да расте.

Доколку не развиете доволно коскена маса во периодот кога тоа го определила природата или ако се јави поинтензивно губење на коскеното ткиво во поодмината возраст, значително си го зголемувате ризикот од кршливост на коските, што може понатаму да води и до посериозни здравствени проблеми.

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]

Заради својата комплексна градба, коските се подложни на бројни заболувања кои најчесто се поврзани со нарушен метаболизам на витамин Д и калциум и физичка неактивност. Ваквите нарушувања на подолг рок се манифестираат во вид на заболувања, како; остеопороза, остеомалација, остеопенија и слично.

 

9 животни навики кои ќе ви овозможат здрави и цврсти коски!

Редовна физичка активност!

 

Истражувањата покажуваат дека редовната активност (и кардио и вежбите со тежина), помага за поттикнување на раст на коскеното ткиво и одржување на веќе постоечкото здраво ткиво.

[Поврзано: Придобивки од физичката активност]

На пример, едно истражување во врска со густината на коските кај деца со дијабет тип 1 покажало дека тежинските вежби помагаат за дополнително создавање на коскена маса во периодот кога има интензивирање на овие процеси.

Дополнително, физичката активност докажано може да помогне за здравјето на коските кај повозрасните лица.

[Поврзано: Што треба да знаете за вежбите со тежина?]

Бројни студии укажуваат на фактот дека редовните вежби со (сопсвена)тежина не се добри само за раст на мускулното ткиво, туку дека значително придонесуваат и за превенција од остеопороза и остеопенија кај жените, кои инаку се во повисок ризик од вакви болести.

Придобивките од практикувањето вежби со тежина вклучуваат:

  • Подобрена минерална содржина на коските
  • Зголемен обем на коските
  • Намалени воспалителни процеси
  • Заштита од губење на коскеното ткиво
  • Зголемена мускулна маса, што е од голема важност за здравјето на коските.

 

Внесување доволно калциум!

Калциумот е нутриент или хранлива материја што е од примарна важност за здравјето на коските. Ова значи дека е многу важно да го внесеме во доволни количества преку здравата исхрана.

 

Најдобриот начин е да внесуваме калциум во помали количества повеќе пати во денот, отколку да имаме еден обилен оброк богат со калциум. Во однос на суплементацијата, добро е да се консултирате со лекар.

Првата работа која треба да ја направите при хипокалцемија е да го зголемите внесот на калциум преку исхраната. Иако млечните производи се особено богати со калциум, другите нивни компоненти ги прават лош избор за здравјето на коските. Дополнително, ваквите произовди се проблематични и од низа други аспекти.

Наместо нив, изберете:

◦ семиња- чиа, сусам

◦ риба -сардина, лосос

◦ јаткасти плодовибадеми

◦ зелени зеленчуци – брокули, зелка, спанаќ, прокељ, рукола

◦ тофу

суви смокви

◦ мешункиграв, леќа кои се дополнително богати и со останатите есенцијални микро и макроминерали

Значи, ако имаме здрава исхрана и пиеме доволно вода (која содржи калциум) не би требало да имаме дефицит на калциум.

Одделот за исхрана и нутриција на Американската академија за медицина, заклучува дека не постојат доволно податоци за да се утврди точно потребниот внес на овој макроминерал преку исхраната и суплементите.

Наместо тоа, тие дефинираат ,,адекватен” внес на калциум кој се движи од 1000mg за возрасни лица, до 1200mg за лицата постари од 50 години.

Околу 1% од вкупниот калциум на телото е потребен за одвивањето на клучните физиолошки функции. Телото го складира вишокот калциум во коските и ткивата, за кога ќе паднат неговите нивоа во крвта, повторно да го земе од нив.

Внесување на доволни количества витамин Д и витамин К

 

Витаминот К игра есенцијална улога за здравјето на нашите коски. Тоа го прави преку спречувањето на загубите на калциум и поттикнувањето на сврзувањето сите потребни минерали во коските.

Витаминот Д исто така помага во апсорбирањето на калциумот. Луѓето кои имаат недостаток од овој витамин имаат значително зголемен ризик од загуба на коскено ткиво. За жал, дефицит од витамин Д има огромен дел од популацијата. Многу повеќе за овој витамин, кој има досега над 4000 утврдени функции во организмот, односно како да дознаете дека ви недостасува и колку треба да го внесувате во секојдневието, прочитајте со кликнување тука.

Внеувајте што е можно повеќе свежа храна, особено зелени зеленчуци

 

Оваа храна е извор на бројни микронутриенти и антиоксидативни фитохемикалии, меѓу кои и од оние претоходно споменатите значајни за коските.

Едно истражување покажува дека витаминот Ц од свежата храна, делува протективно во однос на оштетувањата на коските.

Друга студија вели дека жените во постменопауза, кои јадат редовно консумираат круциферозни зеленчуци, како брокула и зелка, имаат намален ризик од губење на коскено ткиво и ризиците кои ги носи тоа.

Одржувајте здрава телесна тежина

 

Во оваа цела секако највеќе ќе ви помогнат здравиот начин на исхрана и редовната физичка активност за кои зборувавме претходно.

Кога се вели здрава телесна тежина, се мисли не само на избегнување гојазност, туку избегнување и на премала телесна тежина. Дополнително, за целокупното здравје, но и за коските, особено е важно тежината да не варира често во поголеми размери.

 

Внесувајте доволно цинк и магнезиум

 

Покрај калциумот, за коските се многу важни и други минерали, како цинкот, магнезиумот, манганот итн. Магнезиумот помага во активирањето на витаминот Д, со што се подобрува и апсорпцијата на калциумот.

[Поврзано: Без цинк нема имунитет!; Магнезиум – пресудно влијание за нашето здравје]

Најдобрите извори на овие минерали се јаткастите плодови, семињата, различните мешунки, полнозрнестите житарки итн.

 

Јадете доволно омега 3 масни киселини

 

Бројни научни истражувања велат дека омега 3 масните киселини се доста важни во одржувањето на густината на коските.

Одличен извор на оваа хранлива материја се различните видови риби, во кои дополнително има и од другите значајни нутриенти за коските кои претходно веќе ги споменавме: витамин Д, витамин К2, минерали, протеини кои исто така се многу важни за коските итн.

[Поврзано: Кои се омега 3, а кои омега 6 масни киселини?]

 

Веднаш оставете ги цигарите

Иако штетноста од пушењето генерално се поврзува со нарушеното здравје на белите дробови, оваа лоша навика се одразува особено негативно и на низа други здравствени аспекти. Еден од нив е и здравјето на коскеното ткиво.

Ова е само уште една причина во илјадниците за трајно да ги оставите цигарите.

[Поврзано: Непријатни симптоми по оставањето на цигарите и како да ги надминете?]

 

Внимателно со алкохолот

 

Прекумерното консумирање алкохол може да допринесе за лоша апсорпција на калциумот, а хроничното пиење води кон намалена густина на коските и развивање на остеопороза во подоцнежните години од животот.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор