fbpx

Нарушен сон при Ковид-19

tonus

Пред нешто повеќе од година, речиси никој не очекуваше воопшто новиот коронавирус да стигне и во Македонија. Но, тој не само што стигна, туку досега кај нас со вирусот се инфицирале над 100 илјади луѓе, а илјадници сè уште се активно инфицирани! Овие броеви се само потврдените случаи, веројатно броевите во реалноста се и неколкукратно поголеми.

[Поврзано: Што значи ПАНДЕМИЈА?]

Фактот што огромен број луѓе го поминуваат вирусот или можеби моментално се справуваат со него, несомнено ја наметнува потребата од повеќе информации за самиот тек на вирусот, но и секојдневието непосредно по прележувањето на болеста. Дополнително, се јавува и силна потреба од корисни совети за полесно справување со можните пост-Ковид последици по здравјето.

"“Online”/

[Поврзано: 17 распространети заблуди за Ковид-19]

Во наредните статии очекувајте повеќе информации токму на оваа проблематика. Денес, ќе посветиме повеќе внимание влијанието на заболувањето Ковид-19 врз нашите навиките за спиење или ,,хигиената на сон”.

Многумина, опоравувајќи се од Ковид-19 забележуваат дека навиките за спиење им се значително променети во однос на претходно. Некои имаат проблем да заспијат, други стануваат доста порано од вообичаено и не можат да ,,презаспијат”, се будат изморени или се чуваствуаат како и воопшто да не спиеле итн.

[Поврзано: Еве лесен начин за зајакнување на имунитетот – СПИЕЊЕТО!]

 

Зошто Ковид инфекцијата влијае на сонот?

 

Постојат бројни причини зошто сонот е нарушен како резултат на инфекцијата со корона.

Самата хосиптализација во болничка установа може да го наруши нормалниот циклус на сонот, поради:

 

  • недостатокот од дневна светлина, кој води кон нарушена продукција на хемикалија во мозокот, наречена мелатонин – особено важна за спиењето.
  • самите болнички услови, кои неретко претставуваат бучна средина во која постојано има раздвиженост. Постојано сте опкружени со луѓе, опрема која создава звуци итн. Дополнително, креветот секако не е удобен како домашниот.
  • препишаната терапија може исто така може негативно да се одрази на спиењето.
  • доживеаниот стрес и страв за сопственото здравје.

 

Дури и ако не сте или не сте биле во болница, голема е веројатноста Ковид инфекцијата да ви предизвика недостаток од сон и хронична замореност.

[Поврзано: 10-те НАЈЧЕСТИ прашања од пациентите со Ковид-19 и нивните блиски]

Типичните симптоми на Ковид, како на пример покачена телесна температура, сува кашлица и недостаток од здив, во голема мера можат да го отежнат сонот и самото заспивање. Дополнително, хроничниот замор води кон потреба од дневни дремки, кои подоцна имаат негативно влијаение врз т.н. деноноќен циклус.

Загриженоста и стравот за сопственото здравје, кои се нормални при самата инфекција и доколку немате некои потешки симптоми, исто така негативно се одразуваат на сонот. Самиот стрес подразбира постојана подготвеност на телото и умот за ,,акција”, што многу логично, се одразува

сосема негативно во однос на одморот и спиењето.

[Поврзано: Како стресот го намалува ИМУНИТЕТОТ?]

Како да си помогнете за подобар сон?

 

Навиката за спиење е многу важна без разлика дали сте здрави или болни. Таа е составена од повеќе важни елементи или практики кои се ,,обединети” под името хигиена на сон. Значи, за одржување на добра хигиена на сон, потребно е:

  • Во текот на ноќта: да избегнуваме кофеински пијалаци; никотин; алкохол и обемни оброци; физичка активност најмалку 3 часа пред спиењето..
  • Соодветно да се подготвиме пред спиење, односно: собата да биде тивка, темна и не премногу топла; да не бидеме изложени на сина светлина од различните екрани по легнувањето; ако веќе правиме некакви активности, тоа нека биде на пример читање добра книга, слушање релаксирачка музика и слично
  • Да создадеме навика за легнување и будење во слично време, дури и за време на празниците и викендите.
  • Да не си правиме притисок за заспивање – доколку не можете да заспиете повеќе од 20-тина минути, станете и правете нешто, па потоа кога ќе почувствувате потреба за сон, повторно легнете.
  • Да избегнуваме чести дневни дремки.
  • Да не легнуваме гладни или жедни,

 

Што ако често се појавуваат лоши соништа?

 

Лошите соништа се вообичаена појава при покачена температура и хроничен замор. За жал, тие исто така можат да го нарушат спиењето – да ни предизвикаат будење или одложување на спиењето и тешко заспивање.

Во продолжение, една позната техника за справување со лошите соништа:

  1. Помислете на последниот кошмар или лош сон; не морате да го анализирате, само помислете или ,,доживејте го” одново целиот сон. Обрнете внимание на моментот од сонот што ве буди.
  2. Што би сакале да следи во сонот што би направило да се чувствувате подобро?
  • Размилете подобро на оваа тема, она што треба да го ..најдеме” е нова насока во сонот или нешто кратко и едноставно што ќе овозможи поинаков тек на сонот.
  1. Напишете си ,,решение” на сонот, прочитајте го и замислете си го различниот, позитивен исход на сонот.
  2. Самите лоши соништа можеби нема да исчезнат со овој пристап, но на овој начин значително го намалувате нивното негативно влијание врз вас.

 

Што да се направи ако овој пристап не помага?

Ако ниеден од советите погоре не ви помага, немојте да се колебате во однос на тоа дали треба да се обратите на психијатар. Разговорите со стручните лица можат да бидат од огромна помош за сите, а достапни се и соодветни медикаментозни терапии доколку се утврди потреба од нив.

[Поврзано: Телефонски линии на Министерството за здравство за психолошка поддрка при Ковид инфекција]

 

Видеа на тема Ковид-19:

 

Ковид-19 и кардио-васкуларни заболувања

Ковид-19 и пушењето

Ковид 19 и зголемената телесна тежина

Ковид-19 и загадениот воздух!

Ковид 19 и менталното здравје

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор