fbpx

Најпопуларниот зачин! И со право

tonus

Употребата на зачините во источните кујни има своја длабока традиција. Уште од првите средби помеѓу источната и западната култура, луѓето од западот го увиделе значење на различните зачини во подготвувањето на храната и богатите и специфични вкусови со кои тие го збогатуваат вкусот на секое јадење.

Заради овие причини, трговијата со зачините се развила во една од главните економски гранки на тогашните економии, па водени се дури и повеќе војни за зачините.

За среќа, во денешно време зачините се широко достапни и повторно се враќаат на голема врата. Постои тренд на користење на нови, нетипични зачини за нашите краишта, како куркума, кари, сумак, коријандер, цимет и многу други. Ваквите навики се искучително корисни, прво заради тоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето кои произлегуваат од него. Второ, заради тоа што различните зачини ја прават здравата храна попривлечна и трето, не помалку важно, ја намалуваат и потребата за посолување на оброците!

"“Online”/

[Поврзано: Намалувањето на солта во исхраната – наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

Денес ќе зборуваме за извонредните карактеристики на веројатно најпопуларниот зачин на денешницата: кари зачинот.

Мешавина од различни корисни зачини

 

Кога зборуваме за кари зачините достапни низ маркетите, не се работи за една билка, туку за зачин кој се добива како мешавина од повеќе други корисни зачини. За да се добие добар кари зачин, потребна е умешност, вештина, трпение и чувство за рамнотежа.

 

Карито потекнува од индискиот полуостров. Постојат најразлични комбинации од кои се добива, но главните составни елементи на секој кари зачин се: куркума, коријандер, кумин, пискавица (тилчец) и чили. Во некои комбинации влегуваат и: семе од синап, цимет, кардамон, лук, ловоров лист, морско оревче, каранфилче, различни биберови зрна итн.

 

[Поврзано: 6 причини зошто ЦИМЕТОТ не е само обичен зачин!; БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!]

Извонредна хранливост!

Вкусовите на овој зачин можат да варираат од умерено до силно лути, а кога станува збор за хранливата вредност, кари зачинот е веројатно најдобриот зачин што можете да го најдете на полиците низ маркетите.

Се работи за исклучително моќен антиоксидативен и микронутритивен (витамини и минерали) извор. Тоа и не е за изненадување, бидејќи карито е комбинација од особено корисни антиоксидативни зачини, кои веќе претходно ги наведовме.

Во една лажичка кари или во околу 15g, се содржат:

 

Дополнително, кари зачините вообичаено содржат и калиум, калциум, фосфор, витамини од Б групата и низа потентни антиоксидативни компоненти.

Моќно антиоксидативно и антивоспалително средство!

 

Акутните, односно моменталните процеси на воспаленија му се од особена важност на телото во борбата против инфективните болести. Но, хроничните воспалителни процеси се многу штетни по здравјето.

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите компоненти. Телото може самото да продуцира компоненти со антиоксидативни својства, но во голема мера зависи и од оние внесените преку исхраната.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите огроминот дел од најчестите хронични заболувања како: кардиоваскуларни, малигни заболувања, дијабет Алцхајмер итн.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]

Така, секоја компонента која може да помогне во намалувањето на хроничната инфламација е од особена важност. Секој зачин од којшто е составено карито, претставува посебно моќен антиоксидативен извор. Ќе ги издвоиме само куркумата, коријандерот и чилито.

Чилито е богат извор на компонентата наречена капсицин, за која истражувањата потврдуваат извонредени антивоспалителни својства.

Куркумата е богата со куркумин, компонента што е доста истражувана и помеѓу останатото, кај неа се утврдени и следните потенцијални корисни ефекти:

  • Позитивно дејство врз здравјето и развојот на мозокот
  • Куркуминот ја блокира молекулата наречена NF-kB која патува до јадрото и ја поттикнува експресијата на гените поврзани со воспаление. Оваа молекула се смета дека игра клучна улога во развојот на повеќето хронични заболувања.
  • Значајно го намалува ризикот од кардиоваскуларни и малигни заболувања.
  • Помага при артритис, остеопороза и синдром на нервозни црева.

Коријандерот е одличен извор, главно на следните потентни антиоксидативни компоненти, кои имаат низа на корисни ефекти за нашето здравје:

  • Апигенин
  • Кверцетин
  • Кампферол
  • Каротеноиди (лутеин, зеаксантин, бета-криптоксантин, бета каротен) итн.

[Поврзано: Антиканцерогената куркума – како да го подобрите апсорбирањето за 2000 пати?]

 

Едно истражување утврдило значително намалување на алантоинот, кој се смета за маркер на оксидативниот стрес, после консумирањето кари.

Кои се потенцијалните позитивните ефекти по здравјето од наведениот состав на карито?

Имајќи ја предвид извонредната хранлива вредност на кари зачинот, не треба воопшто да нè изненадат бројните потенцијални корисни ефекти по здравјето од неговата редовна употреба. Ќе наведеме само неколку од најзначајните:

 

 

  1. Подобро кардиоваскуларно здравје!

 

Редовната употреба на овој зачин може значително да придонесе за здравјето на срцето од неколку аспекти.

Повеќе различни студии укажуваат дека кари зачинот може да го подобри протокот на крвта, односно циркулацијата, да ја подобри функцијата на крвните садови и да го намали холестеролот, што значително го намалува ризикот од срцеви болести.

 

Едно сериозно истражување, со над 100 илјади испитаници, укажува дека честата употреба на кари зачинот, може значително да ги намали нивоата на триглицеридите во крвта.

Дополнително, постојат повеќе истражувања што сугерираат дека редовната употреба на карито, може да делува позитивно и за притисокот, односно за неговото намалување. Во однос на крвниот притсок, кари зачинот е корисен и поради тоа што ја намалува потребата од солење на храната, а свесни сме дека солта е помеѓу главните ризик-фактори за развивање на хипертензија.

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

Ваквите ефекти главно се должат на извонредната антиоксидативна содржина на карито. Но, овој зачин може да се смета за добар за срцето и поради минералната содржина и растителните влакна.

Имено, растителните влакна (фиберот) се компоненти што поседуваат карактеристики кои можат да придонесат за превенцијата од гојазност,   за слабеење, но и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце. Под регулирање на липидниот статус се поздразбира намалување на ,,лошиот” LDL холестерол и намалување на триглицеридите (мастите) во крвта.

2. Може да помогне во намалувањето на шеќерот

Во една студија, со над 100 илјади испитаници, се покажало дека оние што умерено консумирале кари, имале помали нивоа на шеќер во крвта, од тие што внесувале кари помалку од еднаш месечно.

За овој ефект, можат да придонесат и растителните влакна на карито. Познато е дека фиберот делува на дигстивните ензими и допринесува за значително поспора апсорпција на глукозата во крвотокот, што превенира од силни пикови, а потоа и нагли падови на глукозата во крвта.

 

Дополнително, јадењето зачинета храна, овозможува внесување помалку калории, што превенира од повишена телесна тежина – ризик-фактор број еден за гојазност и проблеми со шеќерот.

3. Подобро здравје на мозокот

Порано важеше тврдењето дека невроните или нервните клетки не се способни да се делат или размножуваат, после раното детство. Сепак, утврдено е дека ова се случува.

Невроните се способни да формираат нови конекции, но во одредени делови од мозокот ите можат и да се размножуваат, со што би се зголемил нивниот број.

Еден од главните фактори за овој процес е т.н. хормон BDNF, кој е тип на хормон за растење кој функционира во мозокот. Повеќето чести ментални заболувања, вклучително и Алцхајмеровата болест, депресијата итн, се поврзуваат со намалените нивоа на овој хормон.

Интересно, токму куркуминот може да ги покачи нивоата на овој хормон и на тој начин да придонесе за превенцијата од когнитинвните заболувања поврзани со процесот на стареење, но и други ментални нарушувања.

[Поврзано: Најдобрата храна за мозокот!]

 

4. Подобра дигестија и помош при слабеење

 

Зачинетата храна, но и храната богата со растителни влакна, силно допринесува за подобра дигестија, но и побрзо заситување, што е од особена важност при процесот на слабеење.

Ваков ефект може да се очекува кај кари зачините, а веќе постојат и истражувања што велат дека јадењето 6-12 грами кари, силно допринесува за намалување на чувството на глад.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

Дополнителни, потенцијални корисни ефекти по здравјето од редовната употреба на кари:

 

  • Антиканцероген ефект
  • Поздрави очи и кожа
  • Поцврсти коски
  • Антимикробен ефект – помош при уринарни инфекции
  • Помош при артритис
  • Помош во превенцијата од анемија
  • Добар извор на антиоксидативниот витамин Е

 

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор