fbpx

НАЈЧЕСТАТА причина за непријатен ЗДИВ, а веројатно не знаете дека постои!

tonus

Голем дел од луѓето имаат проблем со непријатен здив. Претходно зборувавме за можните причини и некои природните решенија за овој проблем, а денес нешто повеќе околу една честа причина за непријатен здив, која можеби ја игнорирате.

[Поврзано: Природни решенија за непријатниот здив]

Дали некогаш сте имале чувство дека нешто ви е заглавно во пределот на грлото, а не сте сигурни за што се работи? Се обидувате да го искашлате, но проблемот никако да се реши. Во ваква ситуација, можно е да се работи за тонзилни камчиња или камчиња во крајниците. Ако не сте слушнале за нив, имате среќа, бидејќи оние кои се соочуваат со проблемот знаат дека овие камчиња создаваат силна нелагодност, нервоза, но и непријатен мирис од усната празнина.

"“Online”/

Што претставуваат овие камчиња, зошто се развиваат, колку траат и како да се ослободиме од нив?

Што сe тонзилните камчиња?

Тонзилните камчиња или камчињата на крајниците се релативно мали грути, налик камчиња кои се појавуваат во пределот на крајниците. Имаат жолто или бело обојување , а се составени од талози или остатоци од храна. Се формираат и ,,заробуваат” во малите празнини во крајниците.

Покрај остатоците од храна, во нив се наоѓаат и бактерии, плунка или мукозна течност, мртви клетки и повеќе други супстанци. Непријатниот мирис кои го предизвикуваат се должи на присуството на сулфур и дејствувањето на бактериите кои создаваат метаболити со непријатен мирис.

Иако сите луѓе имаат празнини (тонзилни крипти) во пределот на крајниците, сепак само кај одредени поединци доаѓа до развивање на вакви камчиња. Зошто?

Не постои конкретен одговор, но појавата на овие камчиња се поврзува со хронична инфламација и проблеми со синусите. Дополнително, познато е дека луѓето со чести проблеми со воспаление на крајниците и анатомски поголеми крајници, почесто развиваат тонзилни камчиња.

Симптоми

Луѓето кои веќе еднаш имале тонзилни камчиња се свесни кога тие повторно се појавуваат, но доколку никогаш сте ги забележале или почувствувале, можно е тие да се ,,сокриени”. Всушност, можно е камчињата сами да се ,,откачат”, па да ги проголтате заедно со храната без да го забележите тоа.
Следните симптоми можат да послужат како доказ дека сте имале тонзилни камчиња:

Болки во грлото
Кашлица
Тешкотии при голтањето
Непријатен здив
Чувство дека имате нешто заглавено во пределот на грлото
Чувство на притисок во ушите
Метален вкус во устата

Како да ги отстраните овие камчиња?

Во зависност од длабочината на тонзилните крипти и големината на камчињата, нивното отстранување може да биде нешто полесно или потешко.
Кога камчињата се поголеми и се лесно видливи на огледало:

▫ Со памукче нежно притиснете околу камчето, за да можете полесно да го повлечете кон предниот дел на устата. Доколку камчето не е видливо, ќе треба нешто посилно да притиснете од страните на образот, за да можете да го извадите.

▫ Направете гаргара со 50% воден раствор на сол.

Ако камчињата се цврсто ,,приклештени” и не можете самите да ги извадите, не ги оставајте, туку јавете се на лекар кој ќе ви ги отстрани со специјални инструменти за таа намена. Никако немојте да употребувате некакви остри предмети при вадењето, бидејќи местото е доста нежно е лесно можете да го повредите, при што би дошло до крварења, иритации и инфекции. Затоа, доколку е неопходно, посетете лекар.

Кога ќе извадите едно камче, проверете дали има уште некое, бидејќи најчесто првото не е и единствено, туку е дел од поголеми наслаги.

Пример како самите да ги извадите камчињата, можете да погледете и на следниот линк.

Достапни третмани

Кај некои луѓе тонзилните камчиња се јавуваат од време на време, но кај поединци тие се хроничен проблем. Ако постојано ви се појавуаат камчињата или имате постојано воспалено грло, заедно со камчиња, консултирајте се со лекар. Најчесто стручните лица препорачуваат антибиотски третман, гаргара со солена вода и физичко отстранување на камчињата.

Во одредени исклучителни ситуации, се предлага и посебна ласерска метода со која се менува обликот на крајниците, односно тонзилните крипти и на тој начин се оневозможува понатамошен развој на тонзилни камчиња. Процедурата се изведува со локална анестезија. Сепак, не секогаш перманентно се решава проблемот со примената на ваква процедура.

Како да превенирате тонзилни камчиња?

Можеби најдобриот начин за справување со тонзилните камчиња е самата превенција. Таа се постигнува со добра хигиена на усната празнина: редовно четкање на забите (најмалку 2-3 пати во денот), користење на конец за чистење на забите, редовни прегледи кај стоматолог, користењето на некои средства за орална хигиена итн.

Со ова се постигнува превенција од кариес, забен плак, забен камен, различни инфекции во усната празнина итн. Сите овие фактори можат да бидат значаен предуслов за формирање на тонзилни камчиња.

Поврзани теми: ГИНГИВИТИС или воспаление на непцата – причини и последици!
Побелен ЈАЗИК – мал или голем проблем?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор