fbpx

Не постои витамин Б17. Што треба за знаете за вистинските Б витамини?

tonus

Зошто ни се важни витамините од Б групата?

Дали сте се запрашале зошто сите доктори советуваат да се има ,,балансирана” исхрана? Можеби вашата омилено јадење е ориз и зеленчук. И оризот и зеленчукот се особено корисна храна за организмот. Но, зошто не можеме да живееме само ,,на” нив?

Причината е тоа што есенцијалните хранливи материи за одржување на доброто здравје не доаѓаат само од еден или неколку типови на храна, туку од најразлични видови на храна. Витамините од Б групата кои се клучни за одржувањето на здравјето и енергетското ниво на клетките се добар пример за ова. Некои од нив се најзастапени во житарките, некои во животинската храна, други во свежиот зеленчук или овошје итн.

Дополнително, секој Б витамин извршува и различни функции во организмот

Одредени групи на луѓе како што се бремените жени или повозрасните, на пример, имаат поголеми потреби од одредени типови на витамин Б. Некои заболувања, како што се Кроновото заболување, ХИВ, целијакија, алкохолизам и други, можат да резултираат со лоша апсорпција на витамините од Б групата.

"“Online”/

Симпотмите на недостаток се различни во зависност од кој витамин Б ви недостасува. Тие се движат од замор и збунетост до анемија, компромитиран имунитет, па и тешки невролошки нарушувања. Исто така, можат да се појават и осипи на кожата.

Во продолжение, краток осврт на видовите витамин Б, накратко што е нивната функција, во кои продукти се најзастапени и зошто се есенцијални:

Витамин Б1 (тиамин) и витамин Б2 (рибофлавин)

Функција: Овие два витамина го помагаат делот од метаболизмот, наречен катаболизам, односно претворањето на храна во енергија за телото. Витаминот Б1 е корисен и за нервниот систем, а витаминот Б2 е важен за здравјето на очите.

Од каде ги добиваме: Поголемиот дел од луѓето се обезбедуваат со витаминот Б1 со доручекот, односно преку житарките. Рибофлавинот пак, може најчесто да се најде во:

• полнозрнeста храна
• млеко
• јајца
• зелен зеленчук

Недостатоците од овие витамини се многу ретки
: Недостатокот од тиамин и рибофлавин, генерално не претставува проблем во развиениот свет и кај нас. Тоа е и за очекување, имајќи предвид во која храна се наоѓаат. Но, проблеми со овие витамини можат да се јават кај луѓето кои имаат проблем со алкохолот, поради лошата апсорпција кај нив. Најчестите симптоми на недостатокот од витамин Б се конфузија и напукнатини на краевите од устата итн.


Витамин Б3 (Ниацин)


Функција
: Овој витамин исто така ја помага конверзијата на храната во енергија. Дополнително, придонесува и за правилна дигестија и апетит.

Извори на овој витамин:

• полнозрнаeта храна
• риба
• кикирики
• печурки
• интегрален ориз
• грашок
• компири

Недостаток: Недостатокот од овој витамин може да предизвика дигестивни проблеми, болки во стомакот, грчеви и повраќање. Поголеми недостатоци можат да предизвикаат и ментални нарушувања.

Витамин Б6 (Пиридоксин)

 

Функција: И овој витамин ја помага конверзијата на храната во енергија. Исто така, може да помогне при борбата со инфекции. Бремените жени и доилките имаат дополнителни потреби од него, заради нормален развој на мозокот на бебето.

Извори на овој витамин во храната:

• наут
• туна
• полнозрнаста храна
• лубеница
• компири
• спанаќ

Недостатокот од овој витамин може да предизвика анемија, кожни заболувања, депресија, збунетост, анемија и поголема подложност на инфекции.

Витамин Б9 (Фолна киселина)

Функција: Фолната киселина има доста важни функции во организмот. Ја поддржува делбата на клетките, продукцијата на DNA, а неговиот недостаток може да биде особено опасен кај трудниците. Исто така, како и поголемиот дел од витамините од оваа група, ја поддржува градбата на црвените крвни клетки.

Извори во храната:

• полнозрнаста храна
• цитрусно овошје
• риба
• легуминозна храна
• зелен, лиснаст зеленчук

Недостатокот од фолна киселина може да доведе до анемија и дијареа. Како што рековме, тој може да биде особено опасен кај трудниците, односно за нивните новороденчиња. Имено, повеќе студии укажуваат дека дефицитот од Б9 може да предизвика сериозни невролошки нарушувања кај новороденчињата.

Витамин Б12 (Кобаламин)

Функција: Многу важна улога во регулирањето на нервниот систем. Исто така, значајна улога во процесот на раст и формација на црвени крвни клетки.

Извори во храната:

Главно овој витамин се наоѓа во животинската храна, односно во месото и млекото. Така, сите со стриктна веганска исхрана, можат да бидат во ризик од недостатоци. Единствен друг извор на овој витамин е збогатената храна или суплементирањето.

Опасност од дефицит на витамин Б12: Недостатокот може да води кон деменција, параноја, депресија и промени во расположението. Невролошките оштетувања кои можат потенцијално да се случат, не би можеле потоа да се надминат.

Најчестите симптоми дека имате недостаток од овој витамин се:

• екстремен замор
• слабост
• депресија
• пецкање во рацете или нозете

Како да го превенирате недостатокот?

За одржување на здравјето, поголемиот дел од луѓето немаат потреба од суплементирање, во целта да добијат соодветни количества од витамините од Б групата.

Ова е случај, сè додека се држите до балансирана исхрана, односно исхрана во која е застапено сè она што се смета за здрава храна.

Но, некогаш и суплементирањето е потребно. Тоа треба да се употребува само по советувањето со лекар. Ризичните групи, кои би можеле да имаат недостаток од витамините од Б групата, најчесто се трудниците и луѓето над 50 години.

Ризикот од суплементирањето со овие витамини е низок, бидејќи тие се водорастворливи(организмот има ниска способност за нивно складирање). Сепак, суплементите, на долг рок, особено во комбинација со некои други медикаменти, можат да создадат сериозни несакани ефекти, како:

• повраќање
• оштетување на нервите
• повишен шеќер
• оштетување на црниот дроб
• оштетување на кожата

Ако се сомневате во недостатокот на витамините од Б групата, консулитрајте се со вашиот лекар. Постојат тестови со кои може да се утврди ваквата состојба.


Препорачан дневен внес за витамините од Б групата

За машките и женските возрасни лица, препорачаниот внес за витамините од Б групата е следен:

Витамин Б1 (тиамин): 1,15mg
Витамин Б2 (рибофлавин)
: 1,2mg
Витамин Б3 (ниацин): 14mg
Витамин Б5 (пантотенска киселина)
: 5mg (не е утврдена точна или адекватна количина)
Витамин Б6 (пиридокисн)
: 1,3mg
Витамин Б7 (биотин): 30mcg
Витамин Б9 (фолна киселина)
: 400mcg
Витамин Б12 (кобаламин): 2,4mcg

П.С. Патем, да објасниме дека витамин Б17 не постои. Супстанциите лаетрил или амигдалин се продаваат под името Б17. Но, тие супстанции НЕ СЕ витамини и телото нема потреба од нив. Даден им е називот „витамин” за да звучат поприродно и да се продаваат полесно.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор