fbpx

Нискокалорична здрава ПИЦА со тесто од КАРФИОЛ!

tonus

Не постои човек што не сака да јаде пица! Но за жал, како по правилно  пицата е нездрава и висококалорична храна. Тоа воопштно не мора да биде така!

Пицата може да биде особено богат хранлив оборок, извор на растителните влакна, витамини, минерали и најразлични антиоксидатвни фитохемикалии. Ова го докажавме во една од нашите претходни статии: 3 предлози за вкусна пица + Како да подготвите совршено ТЕСТО за здрава пица?

Денес, еден малку поинаков, уникатен рецепт за пица со тесто од карфиол!

"“Online”/

Зошто зеленчуците од групата на карфиолот или т.н. круциферозни зеленчуци треба многу често да ни се на трпезата, прочитајте на следниот линк: Групата на НАЈЗДРАВИ зеленчуци – 5 ефекти врз нашето здравје!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

За тестото:

  • 1 главица карфиол со средна големина
  • 1 голема лажица мелено ленено семе, помешано со 2,5 големи лажици млака вода
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка сушен или свеж босилок
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица скроб или густин
  • 1 лажица брашно

Додатоци на тестото:

 

  • 100ml маринара сос (1 голем домат, излупен и ситно исечкан, малку црвен кромид, 1 главичка свеж лук, 1 лажичка ладно цедено маслиново масло, димена црвена пиперка и малку сол – содржината се вари на тивко 40-тина минути) или готов доматен прелив за пица.
  • 1 лажица песто џеновезе
  • Ситно сечкани зеленчуци – црвена/зелена пиперка, црвен кромид и сличен зеленчук
  • 200g печурки, шампињони или по избор
  • 1 лажичка сушено или свежо оригано
  • 1 лажичка сушен или свеж босилок
  • ½ димена црвена пиперка
  • 30g ситно сечкани каламата маслинки, со извадени семки
  • Малку рендан пармезан, пекорино или моцарела

Начин на подготовка:

  1. Поставете ја рерната да се загрева на 190°C. Ситно изрендајте го карфиолот. Можете да користите и процесор за храна, но внимавајте да не добиете кашеста смеса.
  2. Ставете еден поголем длабок сад со вода на средно-висока температура и додајте го ситниот карфиол. Варете околу 5 минути, додека содржината не омекне соодветно. Исцедете го сварениот карфиол (важно е цедењето да биде добро), а потоа оставете го добро да се олади. Додека карфилот се лади, исечкајте ги зеленчуците и печурките и потпржете ги со сосем малку маслиново масло на нелеплива плоча. Подгответе го и маринара сосот, доколку не сакате да користите готово доматно пире.
  3. Префрлете го оладениот ситен карфиол на една сува крпа и обидете се максимално да ја отстраните преостанатата влага. Ова е од особена важност за успешно тесто од карфиол.
  4. Подгответе го лененото семе, убаво мешајќи го во млаката вода околу половина минута (лененото семе претходно треба да е сомелено). Оставете го да отстои 5 минути. Ставете го лененото семе во подлабок сад и врз него додадете го иситнетиот карфиол, заедно со солта, зачините густинот и малку пармезан. Овде, можете да додадете и нутритивен квасец доколку имате. Промешајте добро до целосно соединување на смесата.
  5. Обликувајте го тестото на една хартија за готвење во вид на пица со дебелина околу 30 милиметри (ќошевите нешто подебели).
  6. Печете го тестото на 190°C, 45 минути, користејќи хартија за печење наросена со малку брашно. Кога ќе го извадите тестото, внимателно со готвачка шпатула одлепете го од хартијата за готвење и уште повнимателно превртете го на другата страна (поставете хартија за печење над тестото и превртете.
  7. Најпрво премачкајте го тестото со песто сосот, а потоа додадете ги и претходно подготвените зеленчуци, печурките, малку пармезан/пекорино/моцарела и сечканите каламата маслинки.
  8. Печете на истата температура уште 10-тина минути, додека ќошевите не станат златно-жолти и центарот на пицата не е веќе цврст на допир.
  9. Додадете ги преостанатите свежи зеленчуци и сервирајте ја пицата.

Нутритивна вредност:
(на целата пица)

Калории: 560 Јаглехидрати: 65g од кои растителни влакна: 23g и шеќери: 23g; Протеини: 25g; Масти: 27g од кои заситени масти: 5g и омега 3 масни киселини: 3g; Витамин Б5: 8.8mg; Витамин Б6: 1,7mg; Фолна киселина: 430µg; Витамин K: 137µg;  Железо: 8mg; Калиум: 3030mg; Бакар: 1,5mg; Maгнезиум: 190mg; Манган: 1.7mg; Фосфор: 330mg; Селен: 40µg; Цинк: 5mg;

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор