fbpx

НОВА СТУДИЈА – Колку повеќе ОВОШЈЕ, толку ПОБИСТАР УМ?

tonus

Постојат навистина бројни причини зошто треба да поработиме повеќе на нашите навики за исхрана. Но, важно е да се нагласи дека не е само намалувањето и контролирањето на тежината она што е важно. Изборот на храна и општо, навики за исхрана што ги имаме, можат да ни помогнат за одржување на навистина бројни аспекти од нашето здравје, од оние физичките, како превенцијата од хронични заболувања, па сè до справувањето со психолошки проблеми, како хроничниот стрес.

[Поврзано: Нездравата храна може да влијае лошо и на расположението]

Еден од клучните аспекти на здравиот начин на исхрана e јадењето храна која е богата со што е можно повеќе антиоксидативни компоненти. Познато ни е дека тука во прва линија спаѓа свежата храна – различните овошки и зеленчуци. 

"“Online”/

Сосема ни е познато дека јадењето овошје има бројни позитивни импликации по здравјето, па во денешната статија, преку согледувањето на интересните податоци од едно поново истражување, ќе се задржиме само на еден аспект.

Конзистентноста, пред количината!

Станува збор за истражување спроведено во Велика Британија на над 400 волонтери. Објавено е во мај месец годинава, во научното списание British Journal of Nutrition. Она што било истражувано и анализирано е врската помеѓу консумирањето свежа храна и нездрави ,,грицки” и психолошкото здравје.

По собирањето на демографските податоци, возраста и информациите за животните навики на испитаниците, истражувачите откриле дека нутритивно сконцентрираните овошки и лошата храна имаат одредена поврзаност со психолошкото здравје. Ваквата конекција не била утврдена за зеленчуците.

Податоците се јасни – колку почесто волонтерите јаделе овошје (без оглед на количествата), толку помал бил нивниот ,,скор” на скалилото за депресивност, односно поретко правеле т.н. ,,ментални пропусти”. Обратното важело во случај кога волонтерите редовно консумирале нездрави грицки. Послабите резултати на скалилото за депресивност значат поголем ризик за појава на симптоми на анксиозност, депресија и општо земено влошено ментално здравје.

Кога велиме ментални пропусти, се мисли на фрустрирачките моменти на заборавање каде нешто сме оставиле, заборавање зошто сме преминале од една просторија во друга, неуспевање да се сетиме на нешто што ни е на ,,врвот на јазикот” и слично.

Ментално здравје и исхрана

Експертите јасно укажуваат дека сме на самиот почеток во откривањето на релацијата помеѓу начинот на исхрана и менталното здравје. Во таа насока, споменатата студија не наоѓа директна причинско-последична поврзаност, но нејзините заклучоци можат силно да упатат на тоа дека честото грицкање на нездрави солени грицки може да ја зголеми зачестеноста на менталните пропусти во секојдневието, што понатаму неминовно се одразува на нашето психолошко здравје.

Повеќе претходни истражувања наоѓаат поврзаност помеѓу свежата храна и менталното здравје, но за разлика од наведената, таму евалуирањето не е засебно. Истражувањето на Aston University ги издвојува овошките и зеленчукот и ги зема предвид зачестеноста и квантитетот на консумирање.

Термичкиот третман веројатно ја прави разликата

И овошките и зеленчукот се особено богати со антиоксидативни компоненти, растителни влакна и други есенцијални микро и фитонутриенти. Сепак, овие хранливи материи знаат да се загубат во значителен обем при готвењето на свежата храна.

Овошјето многу почесто го јадеме сосем свежо, па најверојатно тоа е клучниот елемент зошто истражувањето наоѓа поголема асоцијација на овошјето со посилно позитивно влијание врз психолошкото здравје.

[Поврзано: Не се доволни витамините и минералите, ни требаат ФИТОХЕМИКАЛИИ!]

Нека овошјето Ви стане навика!

Најлесниот начин да внесуваме повеќе овошки е навиката за ужина да ја сведеме на свежи, сезонски овошки. 

Значи, веројатно наједноставниот начин за преземање на чекори кон подобро ментално здравје е јадењето на повеќе свежа храна. 

Дополнително, дури и да не постои силна поврзаност како што сугерира ова истражување, знаеме дека навиката за свежа храна е посебно важен елемент од тоа што значи здрава исхрана.

Здравата исхрана пак е помеѓу клучните сегменети на живеењето здрав живот.

 

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ – Здрав животен стил и детокс

 

Извор:

Frequency of fruit consumption and savoury snacking predict psychological health; selective mediation via cognitive failures

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор