fbpx

ПАНДЕМИЈАТА како мотив за промена на навиките кон подобро!

tonus

Пандемијата со коронавирусот трае веќе со месеци, а се чини дека нема да заврши наскоро.

Во овој период секојдневно сме преплавени со информации околу опасностите по здравјето од новиот вирус, последиците по менталното здравје предизвикани од долгите карантински часови, лошите економски последици кои ќе следуваат и останатите негативности предизвикани од вирусот и пандемијата. Но!

Пандемијата не предизвика исклучиво негативни последици

Секако дека е добро да се зборува за проблемите и да се бараат соодветни решенија, бидејќи избегнувањето на било кој проблем, а особено негирањето (како негирањето на постоењето на вирусот, на пример) на лошата ситуација, никому не може да му биде од корист. Само може да направи полошо.

"“Online”/

Но, дали постои и нешто позитивно што ќе произлезе од целата оваа ситуација? Дали стануваме посвесни за важноста на здравиот животен стил и општо, за влијанието на она што се подразбира под човеково здравје, врз квалитетот на животот?

Според многу екперти од областа на медицината и медицинската психологија, опасноста по јавното здравје која ја предизвика новиот коронавирус, неминовно ја подигна свесноста на јавноста за здравиот начин на живот.

На повеќе места во светот се забележуваат промени. Луѓето повеќе спортуваат, поздраво се хранат, ги оставаат цигарите, ја сфаќаат важноста на менталното здравје итн.

Доволно е само да погледнете што се случува на кејот на Вардар.

Можеби ова е одлично време за усвојување на здрави навики?

Иако анксиозноста, депресијата и безволието стануваат сé поприсутни, сепак постои и друга позитивна перспектива.

Покрај ефектот на стравот по сопственото и јавното здравје, за подобрата едукација и примена на добрите животни навики значајно придонесува и факторот слободно време.

За многумина ова беше токму тоа. Период кој овозможува застанување, преиспиување во секој аспект од животот, фокусирање, па остана и повеќе време за основна здравствена едукација и сознавање колку е важно воведувањето на некои корисни навики, кои ги споменавме погоре.
Ретко кој претходно имал толку време за посветување на себе и сопственото здравје.

Секоја промена на навиките е процес и е навистина голем предизвик

Генерално гледано, огромниот дел од населението е целосно свесен за основните принципи на здравото живеење. Луѓето знаат што е добро за нив. И пушачите се свесни дека пушењето е штетно по нивното здравје и околина, гојазните луѓе многу добро знаат кои се опасностите од прекумерната тежина итн.

Сепак, едно е да се познаваат споменатите принципи, а сосема нешто друго трајно да се успее во нивната примена во секојдневнието, односно да се биде конзистентен, што е и клучно.

Периодов можеби е одлична шанса за некого, како што претходно кажавме, но за некого е дополнително отежнувачка околност поради психичкиот стрес и стресот околу финансиската несигурност.

Сепак, експертите психолози и клиничари, искуствено забележуваат, особено кај оние што претходно воопшто не се грижеле за животните навики, промени кон подобро, односно усвојување на некои здрави навики. Тие се надеваат дека добрите резултати ќе ги натераат луѓетп да ги задржат овие навики и кога ќе имаат помалку време за себе. Со добро организирање, секогаш има време за сé, особено за нешто така важно како сопственото здравје.

Во секој случај, интересни и поучни ќе бидат резултатите од студиите кои веќе се прават наредниот период токму на оваа тематика.

Како да ги задржиме добрите навики кои сме ги усвоиле периодов?

Факт е дека многумина периодов почнаа повеќе да внимаваат на себе и да ги менуваат лошите навики. Како овие навики да се задржат?

Споменавме дека промената на било која навика е процес, а не нешто што се случува преку ноќ. Така, конзистентноста или постојаноста е клучна. Како да ја постигнеме?

Во продолжение неколку кратки совети околку ова:

Пред сé, најдете си добар мотив и не се идентификувајте со изговорите! Цврстината на мотивот е можеби клучна во однос на тоа колку успешно ќе се справиме со некоја лоша навика.

• Комуницирајте ги вашите намери за позитивни промени со блиските луѓе –
нивната поддршка ќе ви биде од особено значење.

Почнете со менување на оние лоши навики кои наједноставно можете да ги промените – резултатите од нив ќе ве мотивираат и за посложените.
На пример, ако сте целосно физички неактивни, почнете со 15 минутна прошетка, тоа го може секој, тешко ќе се најде оправдување. Бидете свесни дека и најмалите промени, освен што водат кон поголемите, и самите по себе можат да бидат многу значајни за здравјето.

Немојте да имате очекувања за пребрзи резлутати – ова е можеби најчестата грешка. Промената во навиките е маратон, а не трка на 100 метри. Целите секогаш треба да бидат високи, но и реални.

Кога се работи за усвојувањето здрави навики во однос на исхраната –  не си поставувајте драстични ограничувања, бидете рационални и не посегнувајте по компликувани здрави рецепти. На пример, обидете се да го зголемите количеството на свежа и полнозрнаста храна, нека ви биде близу половина од дневните оброци. Одберете начин на исхрана кој е здрав, а е погоден за вас. Не останувајте гладни. Ако сте гладни, промените нема да бидат трајни и успешни. Заборавете на диетите.

Кога пазарувате, купувајте само здрави намирници – секако не онакви кои потоа никогаш нема да ги изедете.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор