fbpx

Покачените триглицериди немаат симптоми, а имаат катастрофални последици – 5 докажани начини да ги намалите веднаш!

tonus

Триглицеридите се важна ,,мерка” за здравјето на срцето. Накратко ќе објасниме зошто нивното ниво во крвта и организмот е важно и што треба да правите доколку овие нивоа ви се покачени.

Покрај зголемените холестерол и крвен притисок, како трет главен фактор за зголемување на ризикот од срцевите заболувања се смета повишено ниво на триглицериди во крвта. Важен поим да се напомене тука е здравиот начин на живот. Под овој поим, пред сè, подразбираме правилна исхрана, зголемена физичка активност и квалитетен сон.

Овој поим го споменуваме токму заради тоа што практикувањето на здрав начин на исхрана помага за подобрување на општото здравје, односно имуниот систем и превенција од многу заболувања. Меѓу овие заболувања се и кардиоваскуларните заболувања кои се поврзуваат и со покачените триглицериди или маснотиите во крвта.

"“Online”/

Што се триглицеридите?

Tриглицеридите се вид на маснотии. Тие се една од повеќето компоненти кои можат да се најдат во крвта.

Кога јадеме, нашето тело ги претвора сите калории или сета енергија од храната, која не му е потребна во моментот, во масти или триглицериди. Овие триглицериди се сместени во масните клетки. Тие формираат масни ткива. Подоцна, помеѓу оброците, кога телото ќе има потреба од енергија, ослободува хормони кои ги мобилизираат складираните триглицериди и тие се ослободуваат во крвта.

Ако постојано јадеме повеќе од тоа што ни е потребно, особено масна храна или храна богата со прости шеќери, за очекување е да имаме повишени нивоа на триглицериди во крвта.

Кои нивоа се сметаат за нормални?

– нормално ниво на триглицериди во крвта – помалку од 150mg/dL
– т.н. гранично ниво – од 150 до 199mg/dL
– високо ниво на триглицериди во крвта- 200 до 500mg/dL
Се над 500mg/dL се смета се сериозно високо ниво и треба веднаш да се реагира.

Со едноставен тест на крвта може да утврдите во која група спаѓате. Овој тест најчесто се прави како дел од тестот за мерење на нивото на холестерол во крвта. Тестот е наречен липиден профил. Пред тестот треба одреден период да не јадете ништо, за да се добијат соодветни резултати.

Што е разликата меѓу триглицериди и холестерол?

Триглицеридите и холестеролот се два различни типови на масни компоненти кои циркулираат во крвта.

– Триглицеридите претставуваат еден вид на резервна енергија за организмот.

– Холестеролот има структурна (градбена) функција за клетките и некои хормони.

Зошто треба да нè загрижи повишеното ниво на триглицериди во крвта?

Високото ниво на триглицериди може да предизвика стврднување на артериите или задебелување на ѕидовите на артериите (атеросклероза). Ваквата состојба може да води до особено зголемен ризик од срцев и мозочен удар, како и други кардиоваскуларни заболувања. Драстично зголемените нивоа на триглицериди во крвта пак, можат да водат до акутен воспалителен процес на панкреасот или состојба наречен панкреатитис.

Високото ниво на триглицериди често е знак за други состојби како што се гојазност и метаболичен синдром . Ова се состојби кои вклучуваат преголемо количество на масни наслаги околу половината, повишен крвен притисок, високо ниво на глукоза во крвта и абнормални нивоа на холестерол во крвта.

Високото ниво на триглицериди во крвта може да биде и знак за состојби како:
– дијабет тип 2,
– ниски нивоа на тироидни хормони
– некои ретки генетски заболувања кои влијаат на конвертирањето на мастите во енергија

Вреди да се спомене дека високите нивоа на триглицериди во крвта можат да се резултат и на некои видови на терапии кои се примаат на долг или пократок рок (диуретици, хормонски терапии, ретиноиди, стероиди, хив терапија итн.), а постои и неодреден генетски фактор.

Кој е најдобриот начин за да се намали нивото на триглицеридите во крвта?

Промената во начинот на животен стил е клучна!

– Редовна физичка активност
Најмалку 30 минутна активност, која не мора да биде интензивна, но да е секој ден од неделата. Редовната физичка активност освен што може да го намали нивото на триглицериди во крвта, го намалува и нивото на ,,лошиот” холестерол, а го зголемува нивото на добриот.

– Целосното исфрлање или минималната употреба на рафинираните прости шеќери во исхраната
Како што веќе споменавме, внесувањето на енергија, односно калории, повеќе од тоа што трошиме, води кон складирање на енергијата. Ова е особено случај при консумирањето на производи кои нагло го зголемуваат нивото на глукоза во крвта – тоа се простите шеќери.

– Изберете здрави маснотии
Заменети ги заситените маснотии од животинско потекло со здрави незаситени маснотии од растително потекло. Маслиново масло, различни семиња и јаткасти плодови. Обидете се да ги избегнувате сите животински продукти, како и продуктите кои содржат трансмасти (маргарините и производите направени со нив како: торти, колачи, лиснати теста и многу други).

– Намалување на телесната тежина
Внесувањето на вишок калории, ги зголемува масните наслаги, односно резервите на енергија. Со тоа, намалувањето на калориите, ќе значи намалени триглицериди. Ова секако ќе го постигнете со редовна физичка активност и правилната исхрана, фактори кои ги споменавме.

-Ограничете го внесот на алкохол на минимум, а доколку не пиете, задржете ја таа добра !навика

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор