fbpx

Полнети печени компири со уникатна лепеза антиоксидативни зачини!

tonus

Времето почнува да заладува, па се повеќе имаме потреба од топли оброци. Затоа, денес ви препорачуваме полнети компири со лепеза антивоспалителни зачини!

Компирите можат да бидат особено здрава храна, ако се подготвени и искомбинирани на вистинскиот начин! Вкусниот рецепт кој ќе ви го понудиме денес, иако не подразбира никакво пржење, ќе ги задоволи вкусовите и на најголемите гурмани. Покрај тоа, тој ќе ви обезбеди навистина висока хранлива вредност, а ќе ве засити и пред да изедете многу калории!

 

Што имаат да ни понудат овие полнети компири?

 

Рецептот во продолжение е извор на квалитетни, односно сложени јаглехидрати, здрави масти, а има и сосема солидни количества протеини. Сепак, главниот адут му се микронутриентите (погледни нутритивна вредност дадена најдолу) и различните антиоксидативни компоненти од бројните, внимателно избрани и искомбинирани зачини.
Пред сè, се работи за значајните микронутриенти, односно минералите, како калиум, железо и магнезиум, витамините од Б групата, витаминот А, Е итн. Неретко луѓето имаат недостаток токму од споменатите хранливи материи. Дополнително, важно е да се каже дека со само една порција од овој рецепт, се обезбедуваат речиси половина од дневните потреби за растителни влакна!

"“Online”/

Всушност, денешниот рецепт е доказ за моќта на зачините – толку едноставно јадење со само 1 главна намирница, а толку префинет вкус.

Само дел од моќните антиоксиданти пристуни во зачините наведени подолу:

• кампферол
• кверцетин
• куркумин
• метил галат
• гална киселина
• пиперин
(кој за 2000 пати ја подобрува апсорпцијата на куркуминот)
• различни други потентни флавоноиди, полифеноли итн.

Со кликнување на поставените линкови подолу, дознајте многу повеќе за секоја намирница и нејзините корисни ефекти по нашето здравје.

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 4 поголеми компири (околу 1kg)
  • Околу 200g претходно сварен наут
  • 4 супени лажици таан
  • 2 лажица бел сенф
  • 1 лажица Dijon сенф
  • 2 домати со средна големина (може да користите и ,,чери” домати)
  • Сок од 1 лимон
  • 1 главица црвен кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • Малку изрендан свеж ѓумбир
  • ½ лажичка сумак
  • 1 лажица суво оригано
  • 1 лажица ноктец или чубрика
  • ½ лажичка куркума
  • ¼ лажичка бибер
  • 1 лажичка коријандер
  • ½ кумин
  • ½ лажичка црвен пипер
  • Свеж магдонос за гарнирање
  • Малку ладно цедено маслиново масло
  • Сол според вкус

 

Начин на подготовка:

 

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Добро измијте ги компирите, бидејќи треба да се испечат заедно со лушпата. Кога рерната соодветно ќе се загрее, со вилушка направете неколку дупки низ компирот и ставете го да се пече во соодветна тава. Печењето треба да трае околу 1 час.

 

  1. Во меѓувреме, на загреана плоча ставете нелепливо тавче за готвење. Додадете малку маслиново масло и кога тоа добро ќе се загрее, додадете го ситно исецканиот кромид, лукот и свежиот ѓумбир.

 

  1. Кога содржината ќе зарумени и вкусовите ќе почнат да излегуваат,, додадете ги и зачините – црвениот пипер, куминот, коријандерот и куркумата. Добро промешајте.

 

  1. Додадете ги ситно исечканите домати, крчкајте ја смесата на потивко, а по неколку минути додадете го и сварениот наут. Посолете според вкус. Дополнително намалете ја температурата и оставете ја содржината да крчка додека не се испечат компирите.

 

  1. Подгответе го сосот – во подлабоко садче, ставете го таанот заедно со сенфовите. Додадете го сумакот, ориганото, сокот од лимонот, сол, бибер и малку млака вода (подесете ја густината според ваша желба). Енергично мешајте додека не се добие хомогена смеса.

 

  1. Кога компирите ќе се испечат, отворете ги од горниот дел за да можете да ги наполните со смесата од тавчето. Додадете од смесата на сите 4 компири, а потоа прелијте со вкусниот сос. На крајот, зачинете со ноктец или чубрика, гарнирајте со свеж магдонос и малку ладно цедено маслиново масло.

 

  • Овој рецепт прави до 4 порции.

 

Нутритивна вредност:

(во една порција)

 

Калории: 370  Јаглехидрати: 67g од кои растителни влакна: 12g и шеќери: 8g; Протеини: 11g; Масти: 8g од кои заситени: 1g;; Витамин Б6: 1mg; Витамин Б9 (фолна киселина):: 120μg; Витамин A: 580IU; Витамин К: 11μg; Манган: 1.5mg; Фосфор: 350mg; Калиум: 1800mg; Железо: 6,5mg; Цинк: 3,5mg; Магнезиум: 120mg; Калциум: 122mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор