fbpx

Полнозрнестата храна може да има ТЕРАПЕВТСКО дејство при хипертензија

tonus

Проблемите со повишениот крвен притисок се особено чест здравствен проблем помеѓу населението. Затоа, многу почесто треба да се зборува на оваа тема и да се крева свесноста во јавноста, во продолжение ќе видиме и зошто е тоа толку важно.

 

Што е крвен притисок и кои се најчестите митови?

Крвниот притисок претставува притисокот со кој крвта дејствува на ѕидовите од крвните садови (артериите). Ова е наједноставната дефиниција за крвен притисок.

Кога го мериме притисокот, добиваме две вредности (плус онаа за пулсот). ,,Горниот” или систоличкиот и ,,долниот” или диастоличкиот. На пример, 120/80.

"“Online”/

Горниот број го претставува количеството притисок во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул.

Долниот број го претставува крвниот притисок за време на паузата помеѓу контракциите на срцето.

За жал, повеќе невистини или митови се доста раширени во однос на темата висок крвен притисок. Еден од најчестите е дека ваквата состојба не е толку опасна по здравјето и дека е дел од нормалниот, физиолошки процес на стареење. Фактите зборуваат нешто сосема поинакво.

Имено, високиот крвен притисок, на долг, па и на пократок рок (ако е превисок), може да биде убиец и тоа ,,тивок”. Зошто? Повишениот крвен притисок најчесто не покажува никакви симптоми, па единствениот начин да се утврди е преку повеќератно мерење.

[Поврзано: ВАЖНО: Како ПРАВИЛНО да си измерите крвен притисок во домашни услови?]

Исто така, повишениот крвен притисок не е нормална појава во било кој период од животот, на било која возраст. Тој е сигнал дека нешто не е во ред.

Поврзан е со повеќе патолошки состојби на директен или индиректен начин. Дијабетот, бубрежните и срцеви заболувања, како атеросклероза се само мал дел од причините за појавата на висок крвен притисок. Исто така, повишениот крвен притисок може да биде причинител на низа несакани здравствени состојби.

Што се добрите вести?
Многу значајно е дека хипертензијата е една од болестите која може успешно да се превенира, па исто толку успешно и да се третира со промената на лошите навики, односно преку водењето на она што значи здрав начин на живот.

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок!]

Здрава исхрана – еден од клучните елементи на превенцијата и третманот на хипертензија

 

Во овој текст нема да зборуваме за комплетната исхрана која ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок. Ќе се осврнеме повеќе на полнозрнестите житарки и нивните продукти, како основа на она што значи здрав начин на исхрана и ќе укажеме на кој начин тие допринесуваат за нормализирање на притисокот.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна!]

Сите полнозрнасти житарки (зрна) се составени од 3 дела: лушпа, никулец и ендосперм. Секоја од овие компоненти е извор на уникатни нутриенти.

Лушпата е особено богата со расителни влакна, Б витамини, различни минерали (железо, бакар, цинк, магнезиум), но и различни други фитонуриенти, помеѓу кои и антиоксидативни соединенција.

Само полнозрнастите житарки можат да нѝ го понудат ,,целокупниот пакет” бенефити од одредена житарка, бидејќи за разлика од рафинираните, тие не подлежат на процеси во кои ќе им бидат отстранети одредени значајни делови, односно делови полни со различни хранливи материи.

[Поврзано: ЦЕЛО зрно за ЗДРАВО срце – житарките и бетаините!]

Што вели науката за полнозрнестите житарки и хипертензијата?

Повеќе истражувања покажуваат дека помеѓу останатото, полнозрнестата храна може значително да допринесе во намалувањето на повишениот крвен притисок.

На пример, едно истражување од САД, спроведено на над 29 илјади испитанички, кои биле следени цели 10 години, ни дава интересни податоци. Имено, утврдено било дека оние испитанички што јаделе неколку порции полнозрнеста храна во текот на денот, имале дури за ¼ помал ризик од дијагностицирање на хипертензија во текот на истражувањето, од тие што имале помалку од половина оброк со ваква храна.

Ако страдате од висок крвен притисок, зголемениот внес на полнозрнеста, наместо рафинирана храна, може да биде еднакво ефективен во борбата со хипертензијата, како одреден терапија за дијагнозата!
Ова се вели во истражувањето на неколку шкотски истражувачи, објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition.

[Поврзано: Утринските прошетки го намалуваат притисокот слично како и некои лекови!]

На што се должат ваквите резултати?

Јадењето полнозрнеста храна, ни нуди повеќе здравствени бенефити кои во ,,комбинација”, делуваат на намалување на крвниот притисок преку:

  • Поуспешното контролирање на телесната тежина
  • Зголемувањето на внесот на калиумот, особено важен минерал во контролата на крвниот притисок
  • Намалување на инсулинската резистентност
  • Намалување на оштетувањата во крвните садови (антивоспалителното дејство на полнозрнестите житарки)

[Поврзано: Без КАЛИУМ нема здраво срце. Како да го внесеме доволно секој ден?]

 

Како да знаеме дали внесуваме доволно полнозрнеста храна во секојдневната исхрана?

 

Со целосното заменување (кое секако може да оди и постепено) на рафинираната храна (бел ориз, бел леб и најразлични продукти од бели брашна), ќе обезбедите доволен внес на полнозрнестите житарки и нивните продукти.

[Поврзано: Лебот е ЗДРАВА храна!]

Дополнителни корисни совети во оваа насока:

  • Започнувајте го денот со различен тип на житарка – на пример овес, просо, хељда, различни типови полнозрнести лебови, мешавина од житарки и слично. Овие житарки можете и да ги подготвувате на најразлични начини и во различни комбинации.
  • Изберете го интегралниот, пред белиот ориз – На следниот линк, прочитајте кои се различките помеѓу белиот и интегралниот ориз – Важни разлики помеѓу белиот и интегралниот ориз
  • Секогаш изберете интегрална, пред белата паста (макарони, шпагети итн.)
  • Постојано експериментирајте со различни житарки – обидувајте се во исхраната да вметнувате разновидни житарки. Секоја од нив си има свои благотворни дејства, а и вкус кој може да ви го понуди. Подгответе вкусен фиброгел леб: РЕЦЕПТ за екстра здрав леб – ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!
  • Научете ги своите деца уште од помали да преферираат полнозрнеста храна – здравите навики најдобро се стекнуваат од што е можно помала возраст. Доколку поретко му давате на вашето дете пици, бел леб, паста со различни висококалорични сосови итн., а почесто полнозрнеста храна, тоа многу полесно и побрзо ќе стекне здрава навика. На пример можете да му подготвите здрава пица со интегрално брашно, зеленчуци, печурки и кечап!
  • Почесто јадете пуканки и слични полнозрнести грицки – можеби ви звучи изненадувачки, но пуканките подготвени со малку масло се одлични за здравјето! Секогаш кога имате потреба од грицки, изберете пуканки. Многу повеќе за нив, прочитајте во една од нашите претходни статии: ПУКАНКИ – ЕКСПЛОЗИЈА ОД ЗДРАВЈЕ!

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор