fbpx

Полнозрнестата храна придонесува и за посилен имунитет?

tonus

Во повеќе од претходните статии зборувавме околу ектремната важност на едноставното заменување на храната од рафинирани житарки со полнозрнестата храна. Денес, нешто повеќе околу едно истражување кое вели дека полнозрнестите житарки и нивните производи, освен што ја подобруваат дигестијата и го намалуваат воспалението, можат да поттикнат и подобар имун одговор!

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна]

 

Само полнозрнастите житарки можат да нѝ го понудат ,,целокупниот пакет” бенефити од одредена житарка, бидејќи за разлика од рафинираните, тие не подлежат на процеси во кои ќе им бидат отстранети одредени значајни делови, односно делови полни со различни хранливи материи.

"“Online”/

Сите полнозрснасти житарки (зрна) се составени од 3 дела: лушпа, никулец и ендосперм. Секоја од овие компоненти е извор на уникатни нутриенти.

Лушпата е особено богата со расителни влакна, Б витамини, различни минерали (железо, бакар, цинк, магнезиум), но и различни други фитонуриенти, помеѓу кои и антиоксидативни соединенција.

Никулецот е богат со здрави маснотии, витамини од Б групата, витамин Е и низа други фитонутриенти. Од друга страна, внатрешниот дел на зрното или ендоспермот е извор на скроб (сложени јаглехидрати), протеини, но во доста помал обем на микронутриентите со кои се богати другите делови од зрното.

Секоја од споменатите, значајни хранливи материи, има своја лепеза на позитивни дејства по нашето здравје.

 

Повеќе околу истражувањето

Станува збор за студија спроведена од доктори на Универзитетот во Бостон, САД, објавена во престижниот The American Journal of Clinical Nutrition.

Според претходните истражувања, антиинфламаторниот ефект на полнозрнастата храна е главниот ,,виновник” за поголемиот дел од нивните корисни ефекти, како подобрен липиден статус (холестерол и масти), намален ризик од гојазност, од срцеви заболувања, дијабет тип 2 итн.

Истражувачите од Бостон одат чекор понатаму, во насока на истражување на поврзаноста помеѓу инфламацијата, имунитетот и рафинирана vs полнозрнеста храна.

Во истражувањето учествувале 81 волонтер. Сите во рок од 2 недели имале т.н. ,,западен“, нездрав начин на исхрана, кој подразбира доста храна добиена од рафинирани житарки. По поминатите 2 недели, половина од нив продолжиле со истата исхрана уште 6 недели, додека другата половина продолжила со истиот начин на исхрана, но збогатен со полнозрнеста храна, наместо рафинираната (оваа група исто така била следена 6 недели).

Она што е важно да се забележи е дека калорискиот внес и пропорцијата на внесени јаглехидрати:масти:протеини бил ист кај сите волонтери, што значи единствената разлика биле заменетите рафинирани житарки (продукти) со полнозрнестите.

Значи, при спроведувањето на студијата, особено било внимавано на одржувањето на телесната тежина, бидејќи во претходните истражувања испитаниците кои имале исхрана богата со полнозрнести житарки губеле доста телесна тежина, па тешко било да се определи дали намалената инфламација ,,поттекнува” повеќе од самата намалена тежина или од зголемениот внес на цели житарки. Дополнително, ограничен било и земањето на антивоспалителни медикаменти, како аспирин.

Полнозрнестата храна помага и за подобар имунитет?

Во целта да се процени влијанието на двата различни начини на исхрана од студијата врз корисната цревна микрофлора, испитувани биле примероци од столицата на сите волонтери. Исто така, земани биле и крвни примероци, за проценување на имуниот одговор.

По извршените испитувања, утврдено било дека волонтерите кои имале исхрана базирана на полнозрнести житарки, имале значително повисоки нивоа на корисни цревни бактерии од родот Lachnospira и значително пониски нивоа на бактериите од семејството Enterobacteriaceae, во однос на оние кои консумирале продукти од рафинирани житарки (како бел леб и пецива). Првите споменати бактерии од родот Lachnospira се познати по својата способност да продуцираат т.н. кратковерижни масни киселини.

Повеќе претходни студии утврдуваат импресивни ефекти на кратковерижните масни киселини: намалени процеси на хронична инфламација, подобра апсорпција на минералите, подобро дигестивно здравје, па дури и превенција од малигни заболувања во дигестијата (дебелото црево).

Оние бактерии пак од семејството Enterobacteriaceae, се познати по своето проинфламаторно или провоспалително дејство.

Дополнително, по крвните анализи, утврдено било дека испитаниците со полнозрнестата исхрана имаат зголемување на нивото на т.н. мемориски Т-клетки – тип на имуни клетки кои спречуваат инфекции. Кај волонтерите со исхрана на база на рафинирани брашна, утврдено била и намалена продукција на т.н. TNF- алфа протеини – сигнализирачки протеини директно вклучени во првата фаза на имуниот одговор!

Според авторите на студијата, таа успева да фрли светло на влијанието на полнозрнесите житарки на намалената инфламација (и на подобриот имунитет) од еден поинаков агол и се надеваат дека ќе поттикнат повеќе истражувања на тематиката, со што подетално ќе се утврдат механизмите според кои полнозрнетите житарки допринесуваат за намалената инфламација и појачаниот имунитет.

Тие го утврдуваат антивосплителниот ефект на целите житарки уште поцврсто, бидејќи испитаниците ја задружуваат тежината, а повторно имаат значително намалено воспаление. Значи влијанието е ,,чисто” од полнозрнестата храна.

10+ важни причини зошто треба трајно да ја замените рафинираната со полнозрнестата храна, прочитајте тука.

Извор:

,,Substituting whole grains for refined grains in a 6-wk randomized trial has a modest effect on gut microbiota and immune and inflammatory markers of healthy adults”  February, 2017

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор