fbpx

Помалку инфламација – поздраво срце

tonus

Високиот крвен притисок, холестеролот и мастите се добро познати ризик-фактори за развој на кардиоваскуларни заболувања. Но, што со хроничната инфламација или воспаление?

Во последно време сè поголем број истражувања велат дека токму ваквиот тип на инфламација е исто така ризик-фактор со посебно значење за срцевите болести и нејзиното соодветно контролирање (превенција и намалување), може да превенира голем дел од срцевите и мозочни удари.

[Поврзано: 4 симптоми кои НЕ СМЕАТ да бидат игнорирани!]
Експертите постојано ја потенцираат особената потреба да сфатиме дека на ист начин како што се грижиме и ги контролираме крвниот притисок, холестеролот, триглициридите и шеќерот во крвта, треба да обрнеме внимание и на она што значи контрола и превенција на хроничната инфламација. Треба да правиме напори за нејзино редовно следење и одржување на што е можно пониско ниво.

"“Online”/

Во продолжение, што треба да знаете за да можете ефикасно да го заштитите срцето од штетните ефекти на хронично инфламаторните процеси?

Истражувањата сè почесто го ,,вперуваат прстот” кон инфламацијата

 

Уште пред 2 декади, истражувачите открија дека високите нивоа на континуирана инфламација, се поврзани со зголемените шанси за срцев и мозочен удар. Она што не беше тогаш утврдено се антивоспалителните третмани кои би можеле да ги превенираат штетите од хроничното воспаление.

Во 2008 година, една студија покажала дека повозрасните лица кои немаат проблеми со холестеролот, но имаат покачени инфламаторни маркери, имаат намален ризик од кардиоваскуларни компликации кога примаат статини (терапија за намалување на холестеролните нивоа). Сепак, не било сосема јасно зошто статините помогнале. Дали заради тоа што и понатаму го намалувале нивото на холестерол во крвта или заради тоа што ја таргетирале инфламацијата?

Една неодамна објавена кличничка студија, била спроведена на лица со доживеан срцев удар и повишени инфламаторни маркери и покрај употребата на статини. Според добиените резултати инјектирањето на специјализирана формулација на антивоспалителен лек кај овие пациенти, го намалило нивото на инфламација, без притоа да се намалуваат нивоата на холестеол во крвта. Значи, инфламацијата може успешно да се таргетира, без притоа да менуваат холестеролните нивоа. Ризикот од повторен срцев или мозочен удар кај луѓето кои го примиле овој лек, паднал за 15%. Паднала и потребата за интервенции, како ангиопластија и бајпас операции за дури 30%, покажувајќи дека таргетирањето на инфламацијата е од есенцијална важност за да се спречат срцевите заболувања.

Моментално се спроведуваат други слични студии кои се во потрага по поефитини варијанти на антивосплителни лекови од овој тип, кои би можеле да се примаат и како таблети. До тогаш, првиот избор е превенирање на хроничната инфламација преку трајното практикување на здравите животни навики.

Улогата на инфламацијата во срцевите заболувања

Воспалението е нормален дел од имуниот одговор на човековото тело при некаква болест или повреда. Кога имате некаква рана или инфекција, инфламаторните процеси ја помагаат борбата против патогените микроби и значително го забрзуваат заздравувањето на раните.

Таложењето на холестеролот и другите супстанции во артериите (наречено и атеросклероза), може исто така да поттикне инфламаторен одговор од организмот.

Така, воспалението ни е од голема помош, но само доколку е на краток рок. Континуираните воспалителни процеси (дури и на најмало ниво), можат да делуваат на иритација на крвните садови и да го поттикнат растот на наталожувањата во нив, зголемувајќи го енормно ризикот од згрутчувања/блокади, односно срцев и мозочен удар.

Ако згрутчувањето се случи во срцевите артерии, имаме срцев удар, а доколку се случи во артериите кои носат крв до мозокот – мозочен удар.

 

[Поврзано: Мозочен удар – како да го препознаете, што да преземете и зошто е важно брзо да реагирате?]


Менувањето на животните навики – прва линија на терапија и за намалување на хроничното воспаление!

 

Кои се добрите вести?

За среќа, во голема мера контролирањето на инфламацијата зависи од самите нас и нашите животни навики. Контролирањето се изведува преку избегнување на факторите кои можат да ги активираат овие штетни процеси во организмот.

Како да го изведете тоа?

 

Оставете ги цигарите – пушењето е еден од главните ризик-фактори за срцеви заболувања, а механизмот преку кои што го зголемува ризикот е токму зголемената инфламација. Оставајќи ги цигарите, си ги намалувате шансите за срцеви заболувања дури за 50%!

 

Одржувајте здрава телесна тежина – гојазноста делува негативно речиси на сите параметри за срцево здравје, а помеѓу нив е и зголемената инфламација. Зголемените висцерални масни наслаги или оние околу стомакот и струкот, поттикнува секретирање на молекули кои предизвикуваат хронична инфламација. Контролирањето на телесната тежина е неминово поврзано со правилната, здрава исхрана и редовната физичка активност. Повеќе на тема здрава храна и слабеење, прочитајте тука.

 

Бидете редовно физички активни – секојдневната физичка активност, значително ја намалува хроничната инфламација. Ова вжи дури и за умерената активност од 20-тина минути. Значи, една прошетка дневно е сосема доволна.

 

[Поврзано: Зошто физичката активност е најдобриот антиоксиданс?]

 

Максимално избегнувајте препроцесирана храна – ваквата препроцесирана, брза храна поттикнува инфламаторни процеси во организмот – различни чипсови, чоколадни продукти (под 70% какао маса), различни слатки, грицки со заситени масти и сол итн. Од друга страна, свежата, полнозрнаста, пробиотска храна, мешунките, јатките, рибата итн., се храна полна со антиоксидативни компоненти. Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација.

 

Дополнително, применувањето на овие совети или практикувањето на она што се подразбира под комплетно здрав начин на живеење, ќе ги подобри и другите параметри за срцевото здравје! Ќе го подобри нивото на холестерол, масти и шеќер во крвта, ќе го снижи крвниот притисок итн.

Многу повеќе на тема хронично воспаление и превенција, прочитајте во една од нашите претходни статии: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!

[Поврзано: Хронично воспаление – една од главните причини за заморот]

Хроничното воспаление нема симптоми

 

За жал, хроничното воспаление не покажува симптоми – единствениот начин на кои можеме да го утврдиме е преку тестирање на крвта. Исто така за жал, најголемиот дел од луѓето не ја проверуваат инфламацијата преку рутински, превентивни тестирања.

Некои експерти советуваат рутинско hs-CRP (инфламаторен маркер) тестирање, секогаш кога се проверуваат и нивоата на триглицеридите и холестеролот. Многу повеќе важни информации околку CRP инфламаторниот маркер, прочитајте тука.

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор