fbpx

Помалку СЕДЕЊЕ – помал ризик од МАЛИГНИ болести!

tonus

Во една од претходните статии зборувавме подетално на тема .,седечки начин на живот” и неговото влијание врз нашето здравје. Заклучивме дека претераното седење, има слични импликации по нашето здравје како што има пушењето!

[Поврзано: Како претереаното седење го УНИШТУВА здравјето?]

Денес, нешто повеќе околу едно интересно истражување, кое го  поврзува седечкиот начин на живот со зголемениот ризик од смртноста кај различните малигни заболувања.

"“Online”/

 

Редовната физичка активност е докажан начин за намалување на ризикот од развивање, но и смртност на различни заболувања, помеѓу кои се вбројуваат и малигните.

[Поврзано: Физичка активност и превенција од малигни болести!]

 

Експертите препорачуваат најмалку 150 минути умерена физичка активност на неделно ниво. За жал, според американските статистики, многу мал дел од населението ги исполнува овие, можеме да ги наречеме минимални услови за здраво живеење.

Во овој контекст, резултатите од споменатото истражување уште еднаш цврсто ја потврдува потребата од поактивен начин на живот.

 

Нешто повеќе околу истражувањето


Да го разгледаме истражувањето објавено годинава во онлајн списанието JAMA Oncology, инаку спроведено од Универзитетот Тексас, поточно од истражувачите вработени во неговиот центар за истражување на канцер.

Студијата се водела според претходно внимателно собрани податоци за  околу 8 илјади лица, над 45 годишна возраст, кои немале никакви претходни или тековни малигни заболувања (во просек возраста им била 70 години). Волонтерите биле следени во период од 5 години. Преку специјализирана метода им биле вградени направи за мерење на активноста, преку целата недела. Не биле мерени конкретни активности, како чекори или минати метри, туку секоја активност или периодот кога не се во седечка позиција.

Во текот на тие 5 години, околу 3% од испитаниците умреле од некакво малигно заболување.

Кои биле заклучоците?

Истражувачите утврдиле дека испитаниците кои поминувале најдолго време во седење (11 до 16 часа дневно), имале зголемен ризик од смртност при малигните заболувања за дури 82%, во споредба со оние најактивните.

 

Во пресметувањето на овој процент, во предвид биле земени и различни други важни варијабли поврзани со смртноста од канцер, како возраста, вкупното ниво на физичка активност, пушењето, употребата на алкохолот, телесната тежина, како и постоењето на некакви претходни други заболувања.

 

За да ги откријат потенцијалните бенефити од намаленото време поминато во седење, истражувачите создале модел во кој волонтерите требале да заменат 30 минути од седењето, со било каква активност. Утврдено било дека ако таа активност е малку поинтензивна, ризикот од смртноста од малигни заболувања се намалувала за 31%, а при умерени за 8%.

Значи, што повеќе движење, тоа помалку ризик од развивање и смртност од канцер.

 

Немате време за вежбање?

 

Kога ќе се спомене ,,физичка активност”, често пати луѓето помислуваат на некакви поинтензивни активности, теретани итн. Сметаат дека бенефитите за здравјето доаѓаат само од позахтевните активности за кои е потребно да се одвои повеќе време, но и да се има поголем мотив. За среќа, тоа не е точно. За физичка активност се смета секое движење кое ќе ви предизвика забрзување на пулсот.

Не постои ,,најдобра” или оптимална физичка активност што важи за секого. За некого џогирањето е лесна активност, додека за друг и кратките проштеки се напорни. Најдобрата активност е онаа која вам ви е најинтересна и можете да ја практикувате на редовно ниво.

 

Истражувањата, како она што денес го изнесовме, уште еднаш го истакнуваат значењето и на најмалите активности. Уште еднаш укажуваат дека можеби некогаш е подобра стратегија да им се долови на луѓето колку е значајно помалку да седат, отколку да се мотивираат да имаат поинтензивни активности. Од студијата денес видовме дека, условно кажано ,,најмалите активности”, можат да ни го намалат ризикот од развој, па дури и од смртноста при тешките заболувања.

 

Што поконкретно треба да заклучиме?

Ако имате работно место кое подразбира долго седење, што е доста чест случај во денешно време, барем еднаш во 1 час станувајте и направете било каква активност, мала вежба за истегнување, направете 5-10 минутна прошетка, секогаш кога сте во можност користете ги скалите наместо лифтот, симнувајте се неколку станици понапред од автобус, користете автомобил само кога е неопходно, наместо тоа можете да користите велосипед, поминувајте помалку време пред телевизорот итн.

Извор:

,,Association of Sedentary Behavior With Cancer Mortality in MIddle-aged and Older US Adults” , June 18, 2020 by Susan C. Gilchrist, MD, MS1,2; Virginia J. Howard, PhD3; Tomi Akinyemiju, PhD4

Поврзано:

Придобивки од физичката активност

7 лесни начини да потрошите 100 калории

Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето?

5 изненадувачки придобивки од ПЕШАЧЕЊЕТО!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор