fbpx

Почнува сезоната на тиквата – 2 вкусни предлог РЕЦЕПТИ!

tonus

Есента се наближува, а со неа доаѓаат и сите нејзини вкусни и здрави сезонски овошја и зеленчуци. Бидејќи есента е, меѓу другото,  и сезона на тиквата, тоа значи дека треба да ја користиме во нашата кујна што е можно почесто. Поради нејзината ниска калоричност, а висока хранлива вредност, тиквата се смета за особено нутритивно сконцентрирана храна.

Таа е богат извор на витамини, посебно на витамин А, но и на Ц, Е и витаимините од Б групата, потоа на минерали, како бакар, железо, фосфор, цинк и особено значајниот калиум.

[Поврзано: Семки од тиква – грицкање без грижа на совест!]

"“Online”/

Покрај ова, тиките се одличен антиоксидативен извор, пред сè на флавоноидните антиоксиданти. Заради исклучителната хранлива вредност, овој зеленчук се вбројува во редот на најздравите зеленчуци присутни на пазарите, особено на есен. Искористете ја максимално сезоната на вкусната тиква на почетокот на есента приготвувајќи ги најпознатите рецепти со неа.

Во продолжение, два предлог-рецепти кои најверојатно не сте ги пробале. Уникатна комбинација од тиква, ореви, на основа од вкусна паста и супа/чорба од тиква со зачини.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

  • 200g интегрални шпагети
  • 3 супени лажици / ~45ml маслиново масло
  • 2-3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 2 чаши тиква, исечкана на ситни коцки
  • околу 100g спанаќ (околу 1 чаша), измиен и ситно исечкан
  • 1 кафена лажичка чили во прав(користете повеќе или помалку во зависност од тоа колку луто поднесувате)
  • сок од ½ лимон и малку изрендана кора
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка бибер
  • 30g ореви, ситно исецкани

Начин на подготовка:

 

  • Загрејте ја рерната на температура од 220°С и обложете еден мал плех со хартија за печење.
  • Ставете ги шпагетите да се сварат во зовриена вода, но тргнете ги од оган една до две минути порано отколку вообичаено, за да бидат „ал денте“ (помалку варени).
  • Исечкајте ја тиквата, ставете ја во длабок сад и додадете 1 супена лажица маслиново масло и малку морска сол. Промешајте, распоредете на плехот и ставете ја да се пече во претходно загреаната рерна. Печете ја тиквата 40-50 минути, додека не омекне и не се карамелизира.
  • Загрејте 2 лажици маслиново масло во тенџере или тавче. Додадете го лукот и гответе на тивок и среден оган, често мешајќи за да не изгори, околу 1 минута. Додадете чили во прав и мешајте уште една минута или две.
  • Извадете ја тиквата од рерна и половина од коцките испасирајте ги со вилушка или гмечалка (може да користите и процесор за храна или блендер за помазна текстура). И испасираната и целата тиква ставете ги во тавчето со лукот и чилито и промешајте.
  • Во тавата додадете ги исцедените шпагети и измиениот спанаќ. Вметнете ги добро во тиквата. Вкусете и зачинете со бибер, исцедете сок од лимон и додадете дополнително сол и чили доколку е потребно.
  • Послужете веднаш со сецкани ореви и кора од лимон одозгора.
  • Овој рецепт прави 2 порции. Дуплирајте ја дозата доколку готвите за повеќе лица.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Калории:
575 Јаглехидрати: 90g од кои растителни влакна: 14,1g и шеќери: 8,5g;  Протеини: 20g; Масти: 19g од кои заситени масти: 2,1g и Омега-3: 1.55mg Бакар: 0.9mg; Манган: 4mg; Витамин А: 20000IU; Витамин K: 250IU; Железо: 6.6mg; Фолна киселина: 195µg; Селен: 80µg; Калиум: 1400mg; Магнезиум: 210mg; Бакар:1g

Супа од тиква

Ова е класична, лесна супа направена со свежа мускатна тиква која изобилува со здрави состојки и се готви за кратко време.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • една мускатна тиква од околу 1 килограм, излупена, исчистена и исечена на коцки од околу 4cm
  • 1 среден кромид, крупно исецкан
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • многу мало парче ѓумбир (околу 3см), ситно исецкан или изрендан
  • 750ml растителен бујон
  • 250ml вода
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер
  • ½ кафена лажичка куркума
  • свеж магдонос, ситно исецкан (за служење)

 

Начин на подготовка:
 

  • Исечете ја тиквата на големи резанки дебели околу 3 см. Секоја резанка излупете ја, извадете ги семките со лажица и исете парчиња од околу 4см.
  • Ставете ги тиквата, кромидот, лукот, ѓумбирот, бујонот, водата и зачините во тенџере – течноста треба да биде малку над нивото на тиквата. Оставете да зоврие, откриено, а потоа намалете ја топлината и оставете ја чорбата брзо да крчка додека не омекне тиквата (проверете со нож или вилушка) – околу 10 минути.
  • Тргнете го тенџерето од оган и користете рачен блендер за да изблендирате додека не добиете кремаста структура. Може да користите и блендер или процесор за храна, но мора да почекате супата добро да се излади за да не го оштетите блендерот.
  • Зачинете по вкус со морска сол и бибер.
  • Супата служете ја додека е топла во мали, длабоки садчиња, а одозгора наросете свеж магдонос.
  • Овој рецепт прави 4 порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Калории:
125 Јаглехидрати: 31g од кои растителни влакна: 8.5g и шеќери: 7g;  Протеини: 3.5g; Масти: 0.4g од кои заситени масти: 0.1g; Витамин Б6: 0.4mg; Витамин A: 28 282 IU; Манган: 0.5mg; Калиум: 795mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор