fbpx

Пребиотици за подобар сон?

tonus

Модерниот начин на живот, помеѓуостанатото подразбира и сè помалку време за одмор и спиење. Статистиките покажуваат дека огромен процент од населението има нарушени навики за спиење!

На секој човек му е неопходен квалитетен сон, не само за успешно и фокусирано да може да ги извршува секојдневните обврски, туку и да има оптимално физичко здравје.

[Поврзано: Дали сте нервозни заради недостаток на спиење?]

"“Online”/

Квалитетниот сон е многу повеќе од едноставно ,,рестартирање” на организмот, односно обновување на енергетските нивоа и степенот на концентрација, на секои 14 часa. Всушност, нашиот мозок менува повеќе состојби додека спиеме, во целта да ги ,,исчисти” токсините и метаболитичките нуспродукти кои ги оставила зад себе нервната активност во текот на денот.

Добриот и доволен сон е значаен од многу различни здравствени аспекти: како што рековме, го ,,обновува” телото, неговите енергетски нивоа, но го зајакнува и имунитетот, ја ,,контролира” телесната тежина итн. Генерално, добрата навика за спиење го подобрува квалитет на живот во целина. Повеќе на овие теми, прочитајте во некои од нашите претходни статии.

Денес, дали и како можат пребиотиците во исхраната да ни помогнат за подобар сон?

[Поврзано: 6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците!]

Стресот го нарушува квалитетниот сон

 

Постојат доста фактори кои влијаат за нарушување на сонот, но како главен се јавува неконтролираниот хроничен стрес. Се смета дека токму добрите навики за спиење први ,,страдаат” при зголемен стрес. Лицата кои се соочуваат со хроничниот стрес, имаат зголемен ризик и од покачен крвен притисок, дијабет, депресија, гојазност, па дури и малигни заболувања итн.

[Поврзано: Врската помеѓу СПИЕЊЕТО и телесната тежина]

Одредени понови истражувања укажуваат дека зголемената употреба на пребиотиците во исхраната, може значително да придонесе во заштитувањето од негативното влијание на стресот врз навиките за спиење.

 

Што се пребиотици?

Пребиотиците се недигестибилните јаглехидрати кои служат како храна за здравата и корисна цревна микрофлора.

Сите прeбиотици се растителни влакна, значи се наоѓаат во растителната храна, но не секој тип на растителни влакна е пребиотски. Примери за пребиотици се недигестибилен скроб, пектини, гуми, недигестибилни шеќери и мали полимери на олигосахаридите, како на пример познатиот инулин, а тука спаѓаат и важните соединенија бета-глукани. Ваките елементи се присутни во храната богата со растителни влакна, пред сé, свежата и полнозрнаста храна. На пример: кромид, лук, праз, и други свежи зеленчуци, овес, мешунки, но и одредени суплементи.

[Поврзано: Растителни влакна – како да препознаеме дека ни фалат?]

Пребиотиците помагаат во дигестијата на храната, обезбедувајќи нѝ подобра апсорпција на нутриентите од неа. Тие се храна ,,наменета” само за добрата цревна микрофлора, бидејќи ние не можеме да ја обработиме и апсорбираме.

 

Пребиотици за спиење?



Една нова студија, од Универзитетот Колорадо, САД, ни дава интересни податоци токму на оваа тема – подобрување на сонот преку зголемена употреба на храна богата со пребиотици.

Што ни е веќе добро познато?
Претходните истражувања, конзистентно покажуваа дека стресот има негативно влијание, односно дека ја нарушува корисната цревна микрофлора во дигестијата на човекот. Но, како ова има поврзаност со сонот?

Променетите бактерии од корисната цревна микрофлора флора негативно се одразуваат на т.н. мозочно-дигестивна оска или акциса, која всушност претставува мрежа од меѓусебно поврзани неврони или мрежа која ги поврзува ендокриниот и нервниот систем. Стресот поттикнува хормонски дисбаланс кој води кон несоници, но и промени во дигестивните секрети, мукозалната функција и подвижноста на храната во дигестијата, содавајќи лоши услови или средина за добрите бактерии.

[Поврзано: НЕСОНИЦА – едноставни совети за подобар сон!]

Преку овој механизам, можат да се објаснат одредени гастроинтестинални нарушувања, како синдромот на нервозни црева, гастроезофагијалниот рефлукс и слични дигестивни болести.

[Поврзано: ,,Киселини” – што може сами да направите за олеснување и кога да се побара стручна помош?]

 

Што ни кажува споменатата студија?

 

Анималната студија од Колорадо Универзитетот била спроведена на лабораториски глувци кои биле поделени во две групи: првата била хранета со стандардна исхрана за глувци, а на втората покрај оваа храна, давани и биле и пребиотски суплементи.

Анализата на фецесните примероци покажала дека втората група на глувци, кои примале преботици, имала значително зголемување на корисните бактерии во цревна микрофлора. На пример, на бактеријата  Lactobacillus rhamnosus, која меѓудругото е поврзана и со оптималното функционирање на имунитетот.

 

Во втората фаза од испитувањето, истражувачите ги анализирале податоците за т.н. циклус на спиење, користејќи електроенцефалографија (ЕЕГ). Утврдено било дека контролната група минува помалку време во NREM фазата на спиење.

Што значат овие резултати? Лабораториските глувци што консумирале повеќе пребиотици, минувале повеќе време во т.н. NREM ревитализациска фаза на сонот, во која се смета дека телото ги процесира информациите и ги ,,складира” сеќавањата. NREM фазата вообичаено зазема од 20-50% од времето на спиење.

 

Во следната фаза од истражувањето, двете групи глувчињата биле поставени на стрес-тест. Резултатите покажале дека глувчињата од втората група, или тие што биле хранети и со пребиотици, доста полесно се справувале со стресот, бидејќи поминувале повеќе време во т.н. REM фаза од сонот.

 

Крајниот заклучок на истражувачите бил дека дефинитивно пребиотиците придонесуваат за зголемување на корисната цревна микрофлора и за засилување на мозочно-дигестивната акциса, што му овозможува на телото полесно да се справи со негативните ефекти на стресот. Оттука, тие сметаат дека сето она што досега го знаеме, оди во прилог на тоа дека здравата исхрана богата со растителни влакна, може да биде особено корисна за квалитетниот сон.

 

Поврзано: Како да го подобрите сонот?

 

Извор:

,,Dietary Prebiotics and Bioactive Milk Fractions Improve NREM Sleep, Enhance REM Sleep Rebound and Attenuate the Stress-Induced Decrease in Diurnal Temperature and Gut Microbial Alpha Diversity” , Front. Behav. Neurosci., 10 January 2017

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор