fbpx

Преголем внес на ПРОСТИ ШЕЌЕРИ – штетно за цревната МИКРОФЛОРА и ИМУНИОТ СИСТЕМ!

tonus

Често зборуваме за скриените опасности кои ги носи современата, „брза“ исхрана. Процесираните намирници се секаде околу нас, а тие неретко содржат огромни количества на нездрави масти, сол, конзерванси и шеќери. Голем дел од луѓето консумираат прости шеќери далеку повеќе од потребното, а долгорочно тоа доведува до низа на проблеми: покачување на телесната тежина, инсулинска резистенција и дијабет, зголемени масни наслаги, зголемена инфламација и сл. Покрај овие можни проблеми, шеќерите може да предизвикаат и нарушување во балансот и разновидноста на цревната микрофлора, нешто за што ќе зборуваме малку повеќе во оваа денешна статија. 

Што се случува во телото по внесување на храна богата со шеќер?

Уште на самиот почеток треба да напоменеме дека под изразот шеќер подразбираме бел, рафиниран шеќер – сахароза. Иако изразот шеќери погрешно се асоцира и со некои останати соединенија, пр. скробот, тоа се всушност сложени јаглехидрати и врз телото имаат сосем различен ефект од оној на белиот шеќер. Просто кажано, сите шеќери се јаглехидрати, но не сите јаглехидрати се шеќери.

Сахарозата претставува шеќер, дисахарид, изграден од моносахаридите глукоза и фруктоза. На нашето тело му е потребна глукозата како извор на енергија, па така таа е корисна и неопходна за нас. Јаглехидратите и шеќерите внесени во телото се доведуваат до молекули на глукоза и таа потоа со помош на хормонот инсулин, навлегува во нашите клетки. Доколку е внесено умерено количество на шеќери, здрав организам може да произведе доволно инсулин и на тој начин да се транспортира шеќерот до клетките. Но, консумирањето на голема количина шеќери (особено доколку се прости шеќери како сахарозата) доведува до нагло и големо количество на создаден инсулин. Со текот на времето ова може да доведе до проблеми во количината која се создава и ефикасноста на овој хормон. Колку повеќе инсулин се испушта во крвта, толку побрзо нивото на шеќер во крвта се стабилизира и ние всушност сме повторно гладни. Со внесот на нов оброк богат со шеќер, ваквиот циклус се повторува. Затоа намирниците со големи количества на шеќери се сметаат како една од главните причини за покачување на телесната тежина. Тие се извор на брзо достапни, големи количества на калории, кои најчесто се вишок и телото потоа ги складира како масни наслаги.

"“Online”/

Студија – простите шеќери може да ја нарушат разновидноста и здравјето на цревната микрофлора

Науката веќе ја има потврдено силната поврзаност меѓу здравјето на цревната микрофлора и целокупното здравје, а особено преку функцијата на имуниот систем. Истражувањата покажуваат дека околу 70% од имуните клетки се директно поврзани со цревната микрофлора. Во цревата постои интеракција меѓу микроорганизмите и нашите имуни клетки, со што директно се поврзува здравјето на ваквата микрофлора и функцијата на имуниот систем.

Токму ова било целта на едно ново истражување, кое го проучувало ефектот кои го имаат простите шеќери врз здравјето на разновидните микроорганизми во цревата. Научниците откриле дека простите шеќери поттикнуваат раст на бактерии кои ги елиминираат корисните видови. Всушност, доаѓа до еден вид на „натпревар“, а бактериите кои можат полесно и поефикасно да ги искористуваат простите шеќери ги „надраснуваат“ и елиминираат корисните бактерии. Студијата била спроведена врз лабораториски глувчиња, а корисните бактерии чиј број најмногу опаднал биле сегментираните филаментозни бактерии. Нивниот помал број бил воочлив преку намален број на имуни клетки наречени TH17. Овие имуни клетки се поврзуваат со апсорбцијата на масти во цревата, со што допринесуваат за намален ризик за метаболични заболувања. Исто така, познато е дека големи количини на шеќер влијаат негативно и на обвивката на цревата, зголемувајќи ја инфламацијата и уништувајќи ја природната микрофлора. Ова не е нешто што се случува исклучиво со консумирање на шеќер. Ваков ефект имаат многу различни нутриенти од нашата секојдневна исхрана, но некои од нив како: растителните влакна, витамините, протеините, пребиотиците и пробиотицитепромовираат раст на корисни бактерии.  

Ваквата студија секако има свои ограничувања, но допринесува и се надоврзува на веќе постоечките знаења и истражувања за комплексната поврзаност меѓу микрофлората во цревата и функцијата на имуниот систем.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор