fbpx

Пробајте уникатна шпанска чорба со леќа и компир!

tonus

Јадењата со потекло од шпанската кујна се познати ширум светот, а рецептите со текот на годините се менувале и адаптирале на различни култури. Од државите на Медитеранот, секогаш најмногу внимание се обрнувало на храната од Италија и Франција, а неопрадано се запоставува шпанската кујна, која има доста широк избор на вкусни, традиционални специјалитети со домашна и рустикална природа.

Во продолжение, предлог-рецепт за чорба со леќа и компир на шпански начин. Станува збор за зрнеста чорба која се базира на леќа и компир и претставува типичен шпански оброк, кој изобилува со нутритивност и разновидност на вкусови од Медитеранот. Покрај базата во овој рецепт, се појавуваат и најразлични разнобојни зеленчуци и антиоксидативни зачини, кои освен што ќе и го дадат специфичниот шмек, ќе ја направат оваа чорба исклучително хранлива! (погледнете ја нутритивната табела најдолу).

[Поврзано: За храната – белото е црно, а разнобојното е живот!]

"“Online”/

 

Зошто е значајно да јадеме храна како што се леќата и компирот?

Различните видови леќа и компир се одличен извор на сложени јаглехидрати, односно скроб, кој треба да биде во основата на она што значи здрав начин на исхрана. Потоа, компирот и леќата изобилуваат со големи количества растителни влакна, квалитетни растителни протеини и различни минерали и витамини.

[Поврзано: Зготвен, па изладен компир… СЕ ЈАДЕ ЛИ?]

Ваквата храна поттикнува чувство на ситост, значи добра е за слабеење, потоа претставува одличен избор за оптимален баланс во нашиот микробиом и добросостојба на дигестијата во целина, допринесува за поздраво срце, доста е богата со различни витамини од Б групата итн.

Многу повеќе за бројните корисни ефекти од леќата и компирот, прочитајте на следните линкови:

7 причини зошто леќата е супер храна?
Чипсот не е, но КОМПИРОТ е ЗДРАВА храна!

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

  • 1l растителен бујон
  • 1 главица кромид, ситно исечкана
  • 2-3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 2 моркови, исечкани на тркалца
  • 1 мала брокула, од која ќе ги користите само цветовите
  • 1 мал карфиол, од кој ќе ги користите само цветовите
  • 1 мала тиквичка, исечкана на крупни коцки
  • 1 црвена пиперка, исечкана на крупни парчиња
  • 2 компири со средна големина, исечкани на коцки
  • 1 шоља шампињони, исечкани на тенки парчиња
  • околу 200g зелена леќа, претходно добро измиена и накисната (најмалку неколку часа)
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • ½ кафена лажичка ким
  • ½ кафена лажичка куркума
  • 1 кафена лажичка црвен пипер
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен бибер

 


Начин на подготовка:

 

  1. Во едно поголемо тенџере или тавче со капак, загрејте го маслиновото масло и во него додадете ги кромидот и лукот. Гответе додека кромидот не омекне, а потоа додадете ким, куркума и црвен пипер, и промешајте.
  2.  Додадете го остатокот од зеленчукот по тврдост (освен компирот), заедно со печурките, па промешајте. Гответе околу 5 минути пред да ја додадете измиената леќа, која ќе ја пропржите со зеленчукот околу 5-6 минути, а потоа ќе додадете 1l растителен бујон.
  3. Во тенџерето додадете го и исечканиот компир и покријте го со капак. Оставете да крчка околу 30 минути, но повремено мешајте. Пред да ја тргнете од оган, вкусете ја чорбата за да проверите дали ѝ недостасува сол или некој друг зачин.
  4. Зготвената чорба треба да има темно-зеленкаста боја. Оставете ја малку да се излади пред да ја послужите.
  • Овој рецепт прави 3-4 порции, во зависност од големината на порциите.


Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Калории: 300 Јаглехидрати: 50g од кои растителни влакна: 12g и шеќери: 12g;  Протеини: 14g; Масти: 8g од кои заситени масти: 1.5g; ; Железо: 4mg Витамин Б1: 0.45mg; Фолна киселина: 266µg ; Витамин Ц: 220mg; Витамин K: 149µg; Витамин Б2: 0.5 mg; Витамин Б3: 4.5mg; Витамин Б6: 1mg; Бакар: 0.5mg; Манган: 0.5mg; Магнезиум: 91.5mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор