fbpx

ПРОСТАТА – што треба да знаете за ПСА тестот?

tonus

Простатата е мала жлезда со облик на орев. Taa е дел од репродуктивниот систем на мажите. Се наоѓа под мочниот меур и во непосредна близина на аналниот отвор. Нејзините малигни заболувања се помеѓу најчестите кај мажите. Според статистиките од Австралија, еден од седум мажи ќе развие рак на простата до 75 годишна возраст, а еден од пет мажи ќе развие до 85 годишна возраст. Доста поретко, но ракот на простата се јавува и кај мажите под 50 години.

Нормално е простата да се зголемува со процесот на стареење, а еден од главните симптоми е зачестеното уринирање и различни други проблеми поврзани со уринирањето. Сепак, ваквото зголемување е бенигно и не значи рак.

За жал, ракот на простата во својата рана фаза (кога постои можност да се излечи), ретко покажува симптоми, а особено ретко некакви изразити симптоми. Тоа е така заради тоа што малигното ткиво сè уште не е доволно големо да создаде проблеми, на пример да врши притисок врз мочниот меур, што би создало некакви симптоми. Симптомите се јавуваат кога ракот е веќе проширен и надвор од простата. Затоа се важни превентабилните прегледи, тестови и свесноста за ризиците.

"“Online”/

Во продолжение, нешто повеќе околу достапните тестови/,,скрининзи” за простатата, на што треба да внимаваме во однос на нивното читање, што можат да нѝ покажат нивните резултати и други важни информации поврзани со тестовите за простата.

ПСА тест

Добро е познато дека ПСА тестот (простата специфичен антиген тест), кој се употребува за проценка на ризикот од канцер е доста непрецизен. Неговите повишени нивоа можат да бидат индикатор за канцер на простата, но можат да бидат предизвикани и од други немалигни причини.

Дополнително, на резултатите од овој тест можат да влијаат и бројни други фактори. На тој начин можно е преценување или потценување на ризикот од канцер на простата.

ПСА претставува течен протеин кој се продуцира од простатата и има за цел оптимизирање на течноста во која се наоѓаат сперматозоидите, па е клучен за функционалноста на спермата. При нормални услови, простата излачува помали количества од ПСА во крвта.

ПСА тестот претставува едноставно утврдување на нивото на ПСА течниот протеин во крвта. Количеството се мери во нанограми (милионити дел од килограм) на милилитар (илјадити дел од литар).

Добиените резултати од овој тест се користат во проценувањето дали е потребна биопсија на простата, што е неопходно за да може со сигурност да се утврди дали се работи за канцер.
Подоцна ќе видиме зошто е многу важно со поголема сигурност да се утврди потребата од биопсија.


Зошто не можеме толку цврсто да се потпреме на ПСА тестот? Кои с
è фактори влијаат и можат да ги променат неговите резултати?

• Возраста – нивоата на ПСА растат како поминуваат годините.

• Бенигно зголемување на простата – повторно, како што минува времето, така се зголемува веројатноста од ова зголемување и следствено, зголемување на ПСА.

Простатитис и уринарни инфекции – заболувања на простата кои исто така водат до  зголемување на ПСА нивото.

Некакви превземени процедури врз простата – некакви операции или претходни биопсии. Затоа треба да се чека одреден период пред да се прави ПСА тест (постоперативно).

Простатна стимулација – масажите на простата можа да доведат до одредени зголемувања на ПСА.

• Гојазност – пониски вредности на ПСА во крвта.

Низа различни медикаменти – можат да стимулираат пониски нивоа на ПСА во крвта. (лекови за хипертензија, антивоспалителни лекови како аспирин, ибупрофен итн.)

Значи, од исклучителна важност е да ги знаете овие фактори пред да го правите ПСА тестот и да го информирате докторот за секој од нив.

Дали постојат нормални ПСА вредности?

Заради претходно наведените причини, односно низата факори од различна природа кои можат да влијаат на резултатот, не постои универзално прифатена нормална вредност за ПСА.

Порано се сметаше дека нивоата до 4 нанограми на милилитар се оптимални, но повеќе истражувања покажуваат дека поединци со ПСА нивоа под 4ng/ml имаат канцер на простата, а некои со нивоа далеку над 4, немаат.


Зошто е важно да бидеме сигурни дека нѝ треба биопсија?

Поголемиот дел од експертите се согласни дека повишените нивоа на ПСА ја зголемуваат веројатноста за рак на простата. Сепак, искуствата велат дека само 25% од мажите кои правеле биопсија само заради повишени ПСА нивоа, навистина имале канцер.
Дополнително, дури и при утврдување на овој тип канцер, многумина никогаш нема да пројават никакви сериозни проблеми заради него. Кај овие лица, терапијата која ќе ја користат, потенцијално може да им предизвика поголема штета, отколку утврдената дијагноза.

Правењето биопсија (единствениот начин за сигурно утврдување канцер на простата) носи свои ризици. Таа може да поттикне крварења, болки, уринарна ретенција, различни уринарни инфекции, еректилна дисфункција, а да не зборуваме за психолошките последици од сознанието за дијагностициран рак.

Имајќи ги предвид сите претходно наведените факти, станува јасно колку е важно да се има што повеќе информации и индикации дека биопсијата е неопходна.

Заклучкот е јасен: немојте да се потпирате само на ПСА тестот

Според Американската асоцијација на уролози, ПСА тестот не се препорачува за:

• Лица под 40 години.
• Лица помеѓу 40-54 години, освен ако немаат некаков зголемен ризик од канцер на простатата (генетски или некаков друг).
• Лица над 70 години.

Се препорачува за:

• Лица помеѓу 55-69 години, секако после анализирањето на факторите кои можат да влијаат на резултатот.

Комбинирањето на ПСА тестот со неговите пософистицирани варијанти, со дигиталниот ректален преглед (ДРЕ) и со постојаното следењето на ПСА вредностите (заедно со дигиталните ректални прегледи) со текот на времето, е досега најдобриот достапен начин/пристап за утврдување на потребата од биопсија. Секако, искористувајќи ги и информациите за индивидуалниот ризик на пациентот.

Што е дигитален ректален преглед?

Најважниот метод за дијагностицирање карцином на простата, по ПСА тестот. Се изведува со палпирање на простата преку ректумот. При прегледот, урологот може да открие некои неправилности во нејзината големина, обликот и конзистенцијата. Ако резултатите од ПСА се во нормални граници, карциномот на простата може да се открие со ДРЕ. Затоа, ПСА и ДРЕ се користат како комплементарни.

Погледнете ја ,,националната патека за дијагностицирање на рак на простатата” со кликнување тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор