fbpx

Путер од кикирики – ЕНЕРГЕТСКА, но и ХРАНЛИВА бомба!

tonus

Добро е познато дека јаткастите плодови се особено здрава храна, но исто така храна која е богата со калории, па треба да се консумира во умерени количини. Јатките се одличен извор на здрави масти – незаситени (моно и полинезаситени) масни киселини, квалитетни протеини, но и низа микронутриенти – витамини и минерали.

Поради овие причини, вкусните производи од јатки добиваат сè поголема популарност како замена за главно животинските производи (намазите), кои се полни со заситени масти. Тука се наметнува прашањето, дали ваквите енергетски, но и хранливо сконцентрирани продукти се добри за нашето здравје?

[Поврзано: Кои МАСТИ се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

"“Online”/

Путер од кикирики – количините се важни

Путерот од кикирики е дефинитивно најпознатиот намаз од јаткасти плодови, а според многумина и највкусниот. Сосема очекувано, како и главната суровина од која се добива – кикириките, така и овој намаз има извонредни позитивни ефекти врз нашето здравје. Сепак, за да ги искористиме ваквите ефекети, клучен е начинот на кој ќе го употребуваме овој путер, односно поконкретно кажано – количествата.

[Поврзано: 6 извонредни својства на КИКИРИКИТЕ!]

Во продолжение, кои сè корисни ефекти има да ни ги понуди путерот од кикирики? Кои се предностите на едноставното заменување на нездравите животински намази со овој извонредно вкусен путер?

Хранливост

Покрај здравите маснотии и квалитетните протеини (7g протеини во само 2 лажички), путерот од кикирики е особено богат со есенцијални микронутриенти, како:

Магнезиум – 30mg
▫ Фосфор – 55
mg
Цинк – 0,4mg
▫ Витамин Б3 – 2,1
mg
▫ Витамин Б6 – 0,1
mg

Иако можеби изгледаат мали, овие количества се извонредни, бидејќи важат за само 1 кафена лажичка путер.
Во нешто помали количества се застапени и фолната киселина, бакар, манган,
калциум, витамин Е, калиум, железо итн. Кикириките од кои се добива путер се одличен извор и на фибер, но и на моќни антиоксидативни компоненти, како кумарична, фитична киселина, ресвератрол, изофлавони, фитостероли итн.

Сепак, како што претходно споменавме, треба да се внимава на количините не само заради калориите, туку и поради значителните количества сол (натриум), која најчесто се додава во поголеми количества во овој тип путер.

Иако путерот од кикирики има повеќе од двојно помалку заситени масти од обичниот путер, сепак ако се изеде во поголеми количества лесно може да се надмине максималната граница од 13g за заситени масти, дневно која е воспоставена од релевантни институции.


Одличен растителен протеински извор и храна за физички активните луѓе


Кикириките се одличен извор на протеини, што е од особена важност за оние кои максимално избегнуваат месо или општо животински производи.

Дури 25% од содржината во 100g кикирики, отпаѓа на протеините. Но, меѓу нив се и протеините аракин и конаракин, кои и се причинител на алергијата од кикирики. Лицата кои се алергични на кикирики, мораат да ги избегнуваат и нивните производи. Замена можат да бидат другите јаткасти плодови/намази, богати со здрави маснотии и протеини.

Поради високата енергетска и хранлива вредност, путерот од кикирики е идеална храна за луѓето кои практикуваат поинтензивни физички активности, без разлика дали станува збор за ,,кардио” или вежби со тежина.


Поуспешен процес на слабеење


Познато е дека повеќе истражувања го поврзуваат редовното умерено консумирање на јаткастите плодови, со регулирањето на телесната тежина. Ова се однесува и на нивните производи, како путерот од кикирики.

Ваквите позитивни ефекти се препишуваат на способноста на кикириките да поттикнат чувство на ситост и полн стомак, благодарение на здравите масти, протеините, но и растителните влакна.

Една студија од 2018 година вели дека јадењето јатки, вклучително и кикирики, значително го намалува ризикот од обезност и повишена телесна тежина. Истражувањето следело над 370 илјади волонтери, од 10 европски земји, за период од 5 години.

Ова го потврдуваат и низа други истражувања, како на пример едно постаро истражување од 2009 година, според кое јадењето јатки два или повеќе пати неделно, води кон намален ризик од зголемување на тежината.

Зголеменото количество на протеини и мононезаситени масни киселини (присутни кај кикириките и нивните производи) во исхраната, може да го зголеми согорувањето на калориите и да го супресира т.н. хормон на глад грелин. Исто така, растителните влакна се докажан ,,борец” против зголемената телесна тежина, преку различни механизми, пред сè преку контролата на апсорпцијата на глукоза во крвта и врзувањето на водата во дигестивниот тракт со што се поттикнува чувствто на полн стомак.

Подобро здравје на срцето

Путерот од кикирики содржи низа хранливи материи кои се значајни за срцевото здравје, вклучително:

▫ мононезаситени масни киселини
▫ полинезаситени масни киселини
▫ витамин Б3
мангезиум
витамин Е

Многу значаен дел од она што значи здрава исхрана е одржувањето на оптималната пропорција помеѓу внесените незаситени (моно и полинезаситени) и заситени маснотии. Путерот од кикирики има сличен сооднос на овие масти, како на пример ладно цеденото маслиново масло, што е добро познато како здрава опција.

[Поврзано: Маслиново масло против страеење]

Истражувањата го поврзуваат редовното и умерено консумирање на јатките со значајно намалениот ризик од срцеви заболувања, па дури и од нивната смртност. Во една таква студија јадењето околу 40g путер од кикирики дневно, во период од 6 месеци, се покажало како особено корисно за здравјето на срцето, односно го подобрило липидниот статус и ја помогнало контролата на тежината кај луѓето со дијабет.

Одлична храна за луѓето кои страдаат од дијабет


Путерот од кикирики содржи доста ниски нивоа на јаглехидрати (оние типови путер без додадени шеќери), а е богат со здрави маснотии, протеини и фибер.

Ваквите карактеристики го прават одличен за лицата со дијабет, бидејќи има минимално влијание на глукозните нивоа во крвта. Експертите им препорачуваат на лицата со оваа дијагноза да ги заменат животинските продукти со заситени маснотии со здрави растителни масти, богати со моно и полинезаситени масни киселини – како што е путерот од кикирики.

Дополнително, путерот од кикирики е богат и со магнезиум, есенцијален нутриент, особено при дијабет. Константно високите глукозни нивоа можат значително да ги намалат нивоата на овој минерал. Нискиот магнезиум е поврзан со состојби како предијабет и дијабет тип 2.

Една студија објавена во British Journal of Nutrition дава податоци кои велат дека јадењето путер од кикирики наутро може значително да помогне во контролата на нивото на глукоза во крвта во текот на денот. Путерот од кикирики, исто така може да го намали гликемискиот индекс на храната, кога таа се консумира заедно со него. За главен ,,виновник” за ова дејство се смета токму магнезиумот, кој според некои истражувања игра значителна улога во контролирањето на глукозата во крвта.

Постојат докази дека омега 6 масните киселини ја намалуваат инфламацијата во телото што понатаму ги намалува симптомите и ризикот од развој на дијабет тип 2 и дебелина.

Намален ризик од рак на дојка

Едно истражување вели дека јадењето путер од кикирики и други јаткасти продукти уште од помлада возраст, се поврзува со намален ризик од бенигни заболувања на дојката, што значително го зголемува ризикот од канцер на дојка подоцна во животот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор