fbpx

Рецепт за ТАХИНИ – највкусниот сос од Медитеранот!

tonus

Во една од претходните статии, зборувавме токму за здравствените бенефити од сусамот и таанот, па таму можете да прочитате подетално околку тоа, тука само накратко ќе ги наведеме можните корисни влијанија на сусамот на здравјето:

• дигестивно здравје
• намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта
• намалување на крвниот притисок
• здравје на коските
• здравје на тироидната жлезда
• подобрен имуниот систем
• антивоспалително дејство
• го намалува шеќерот во крвта
• здравје на мозокот и нервниот систем

Домашен таан

Таанот лесно се подготвува и во домашни услови, а потоа може да се користи при подготовката на различни други рецепти. Подготвувањето дома е поздраво, поефтино, а може да биде и повкусно!

"“Online”/

Рецептот за таа е сосем едноставен и се состои од 2 чекори:

1. Внимателно потпекување на белото сусамово семе:

2. Ставање на семето во блендер и додавање на неколку лажици маслиново масло.

Најчестите рецепти во кои се употребува се: хумус, тахини сос, тахини прелив со лимон, чоколадни колачи со таан и алва.

Во продолжение, три од овие рецепти.

1) Тахини сос

Тахини сосот се прави со таан, вода, лимонов сок, лук, сол и куркума. Сите состојки убаво се комбинираат, односно мешаат, по што се добива сос кој е погоден за повеќе типови на јадења.

За подготовката, потребни ви се:

• ½ чаша таан
• 1/4 чаша вода, или нешто повеќе, доколку преферирате поретка содржина
• 1/4 чаша лимонов сок, изцеден од свеж лимон
• 2 супени лажички лук
• 1/4 лажичка куркума

1. Сите намирници ставете ги во сад за мешање. (може да е и блендер)

2. Мешајте енергично додека масата целосно не се соедини. Можеби на почетокот содржината ќе ви изгледа малку одвоена, но продолжете со мешањето, до целосно хомогенизирање на смесата.

3. Пробајте, и според вкус, додадете сол или други зачини по желба.

4. Употребете го сосот веднаш, или убаво затворете ја смесата во сад и ставете ја во фрижидер. Рокот на употреба е околу две недели.

Нутритивна вредност:

Калории92kcal, Јаглехидрати4g, Протеини3g, Масти8g, Заситени масти1g, Натриум151mg, Калиум77mg, Растителни влакна1g, Шеќери1g, Витамин А10iu, Витамин Ц3.8mg, Калциум23mg, Железо0.7mg

Предлози за зачинување на сосот:

Зелен тахини сос: се прави со додавање на зелени билки или зачини по ваш избор, магдонос, коријандер, босилок, оригано итн. По додавањето, убаво се промешува.

Лут тахини сос: со додавање на чили зачин, мелена лута пиперка или друг лут зачин по ваш избор.

,,Екстра лук тахини сос: доколку сте љубители на вкусот на лук, секако можете да додадете некоја главичка плус од лукот.

Тахини прелив: ова е всушност тахини сос, со дополнително количество на вода. Најчесто се употребува во салатите.

2) Тахини прелив со лимон

Тахини сосот со лимон е лесен за подготовка и е особено вкусен за користење во комбинација со свежи салати.

За подготовка, потребни ќе ви бидат:

• 1/4 чаша таан
• 1/3 чаша вода
• 1 исцеден лимон
• 1 лажичка лук во прав
• сол и бибер по вкус

1. Сите намирници ставете ги во сад за мешање. (може и блендер)

2. Добиената густа течност, веднаш употребете ја, или чувајте ја до 7 дена, добро затворена и во фрижидер.

Нутритивна вредност:

Калории78kcal, Јаглехидрати5g, Протеини2g, Масти6g, Заситени масти1g, Натриум6mg, Калиум85mg, Растителни влакна1g, Шеќери1g, Витамин Ц12.1mg, Калциум23mg, Железо0.7mg

Конзистенцијата на овој прелив е особено добра и за замена на млечните преливи, онаму каде што тие се користат. Ова е значајно за оние кои не јадат животински продукти, но и во периодот на постите.

3) Чоколадни колачиња со таан

Овие колачиња се подготвуаат без брашно. Тие се безглутенски и без дополнителни маснотии. Имаа, мека водушеста текстура и одличен вкус и на првиот залак ќе ве освојат.

За подготовка потребни ќе ви бидат:

• 1 чаша таан
• 3/4 чаша кафен шеќер
• 2 јајца
• 1/2 лажичка ванилин екстракт
• 1 лажичка сода бикарбона
• 1/2 чаша темно чоколадо

1. Загрејте ја рерната на 180°С.

2. Ставете ги сите намирници, освен темното чоколадо во сад за мешање и мешајте со миксер.

3. Убаво иситнете ја темната чоколада и додадете ги парченца во смесата.

4. Обликувајте ја смесата во колачиња.

5. Печете 13-15 минути, се додека не се добие златеникава боја на рабовите.

Нутритивна вредност:

1колаче; Калории200kcal, Јаглехидрати18g, Протеини4g, Масти13g, Заситени масти2g, Холестерол28mg, Натриум147mg, Калиум101mg, Растителни влакна1g, Шеќер11g, Витамин А70iu, Витамин Ц0.8mg, Калциум41mg, Железо1.1mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор