fbpx

РЕЦЕПТ: Тава со цвекло и сладок компир

tonus

Коренестата храна речиси без исклучок е силно нутритивно сконцентрирана храна, богата со уникатни компоненти кои имаат низа корисни својства за нашето здравје, особено ако се внесуваат почесто. Таа е и богат извор на растителни влакна, а има малку калории. Тоа ја прави одличен избор при процесот на слабеење!

[Поврзано: Рецепт за ферментирано цвекло!]

Денес ви предлагаме да подготвите интересен рецепт за ,,гратин”: сладок компир и цвекло зготвени во павлака пришто добива оброк со уникатен, богат вкус. Вистинската убавина на ова јадење лежи во неговиот специфичен вкус, бојата и интересната текстура.

"“Online”/

Зошто е значајно почесто да се консумира коренеста храна?

 

Огромен дел од нутритивноста на растенијата се концентрира во нивните корења. Намирниците за овој рецепт се одличен пример за коренести продукти со висока хранлива вредност.

Цвеклото е извонреден минерален извор (железо, магнезиум, фосфор, калиум итн.), потоа на витамини од Б групата, растителни влакна и низа други антиоксидативни фитохемикалии.  Овој зеленчук содржи нитрати, соединенија кои во организмот имаат потенцијал да се ,,претворат” во азотен оксид, кој делува на релаксација на крвните садови, подобрувајќи го протокот на крвта низ нив – намален крвен притсок. Многу повеќе за цвеклото прочитајте во една од нашите претходни статии: Цвекло – богат извор на молекулата која го регулира протокот низ артериите!

Слаткиот компир е скробест, сладок, коренест зеленчук од  фамилијата Convolvulaceae. Иако имаат речиси ист назив и слична форма, слаткиот компир и обичниот компир имаат големи нутритивни разлики. Затоа е важно почесто да се консумираат различните видови компир.

[Поврзано: Компирот е здрава храна!]

Слатките компири се на прво место по содржина на растителни влакна, железо, калциум, Б- витамини и витамин А, во споредба со другите зеленчуци. Еден од клучните здравствени бенефити за овој плод е неговото високо количество на антиоксидантот провитамин – бета-каротен, кој кога ќе се внесе во организмот се конвертира во витамин А. Овој витамин, освен веќе познатиот факт дека го чува здравјето на очите, е  особено важен за нормална и здрава фунцкија на срцето, белите дробови, бубрезите итн.

 

Тава со цвекло и сладок компир

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 4 средни парчиња цвекло, излупени и исечени на кришки
  • 1–2 големи слатки компири, излупени и исечени на кришки
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 300ml павлака за готвење или кисело млеко(користете кокосово млеко доколку постите или избегнувате животински производи)
  • 2 гранчиња свежа мајчина душица
  • ½ кафена лажичка морско оревче
  • маслиново масло за да ја премачкате тавата


Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на температура од  200°C. Извадете една поголема тава и премачкајте ја со маслиново масло. Користете ренде или остар нож за да ги исечете  цвеклото и слаткиот компир на тенки кругови.
  2. Наредете го коренестиот зеленчук наизменично во садот. Започнете со слој од цвекло, потоа сладок компир и продолжете сè додека не ги потрошите сите.
  3. Измешајте го лукот со павлаката. Додадете мајчина душица и морско оревче, убаво промешајте и истурете врз зеленчукот.
  4. Ставете го садот во рерна и печете околу 1 час, додека горниот дел не зарумени и кремот се згусне. Проверете со нож дали зеленчукот е испечен. Ако ножот помине лесно и цвеклото и слаткиот компир се меки, тогаш тој е подготвен. Извадете го и оставете го малку да се излади пред да го послужите.

    – Овој рецепт прави 4 порции.


Нутритивна вредност:
(на 1 порција, зготвена со павлака за готвење)

Калории: 350 Јаглехидрати: 26g од кои растителни влакна: 5g и шеќери: 5.6g;  Протеини: 12.5g; Масти: 24g од кои заситени масти: 14g; Витамин А: 15515 IU; Maнган: 0.7mg; Калиум: 701mg


Нутритивна вредност:
(на 1 порција, зготвена со кокосово млеко)

Калории: 229 Јаглехидрати: 27g од кои растителни влакна: 5.6g и шеќери: 13g;  Протеини: 4.2g; Масти: 13g од кои заситени масти: 11g; Витамин А: 14450 IU; Maнган: 1.2mg; Калиум: 789mg; Бакар: 0.6mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор