fbpx

РЕЦЕПТ: Хељда со грав и сируп од урми!

tonus

Снемавте идеи за здрав доручек или вечера? Денес ви нудиме еден интересен, уникатен хранлив и вкусен оброк, кој доста лесно и брзо се подготвува.

Станува збор за богат протеински оброк, кој исто така изобилува со сложени јаглехидрати, фибер и здрави маснотии. Сè што можете да посакате од еден квалитет утрински оброк или вечера после напорниот ден или тренинг.

Хељдата е доста запоставена житарка која дефинитивно треба почесто да ја користиме. Иако, слично како и киноа семето, се работи за псевдожитарка, а не полнозрнеста житарка, сепак таа ги поседува сите позитивни карактеристики на ваквата храна:

"“Online”/
  • Богата микронутритивна вредност, односно концентриран извор на различни витамини и минерали (Б витамини, манган, железо, бакар, магнезиум, цинк, фосфор итн).
  • Храна со низок гликемиски индекс, која е особено погодна за лицата со дијабет и за оние кои имаат намера да го намалат вишокот килограми. Храна полна со фибер, односно нејзините оброци полесно ќе нè заситат на подолг рок.
  • Храна која е одлична за дигестивното и кардиоваскуларното здравје.
  • Полнозрнеста храна со антивоспалителен ефект.

[Поврзано: ХЕЉДА – 5 конкретни здравствени придобивки од поредовната употреба!]

Можеби изгледа чудно, но гравот може да се комбинира и во рецепти кои се слатки. Кремастата структура која можат да ни ја понудат различните гравови, може навистина одлично да се вклопи во најразлични видови рецепти. Гравот дополнително ја засилува хранливоста на овој оброк, односно му дава дополнителни квалитетни јаглехидати и можеби поважно – протеини.

[Поврзано: Постојат десетици типови грав – Кои од нив ги има низ нашите пазари?]

Сирупот од урмите е особено благ производ кој можете лесно да го подготвите во домашни услови и е здрава замена за шеќерот. Во некоја од наредните статии ќе обрнеме повеќе внимание на низата корисни ефекти од слатките урми.

 

[Поврзано: Дали КАФЕАВИОТ шеќер е само обичен бел, но ОБОЕН шеќер?]

 


За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

  • 2 лажици фино сомелен путер од кикирики
  • Околу 100g полнозрнеста житарка, ние ќе користиме хељда (може и овес, киноа, просо, чиа семе и слично)
  • 150g канелини грав – може да користите и друг тип на мек конзервиран или претходно сварен грав. Тој треба да биде претходно соодветно хомогенизиран во блендер, до кремаста текстура.
  • 3 лажици фино сомелено ленено семе
  • 1,5 кафена лажичка куркума
  • 1 кафена лажичка свеж изрендан ѓумбир
  • Малку смрзнато овошје како гарнир, на пример некаков тип на бобесто овошје или сецкани јаболки/јапонски јаболки
  • 1 банана со средна големина, испасирана
  • Околу 4 лажици домашно подготвен сируп од суви урми (можете наместо ова да користите малку мед или јаворов сируп). Употребете до 10 урми со претходно извадени семки.
  • Неколку чаши вода

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво изблендиратје го путерот од кикирики со малку вода за да добиете хомогена, густа течна смеса.
  2. Ставете ја хељдата (или друга полнозрнеста житарка) да се вари. Откако добро ќе се свари (од 10 до 15 степени на средно висока температура), во истиот сад додадете го гравот, лененото семе, куркумата, изренданиот ѓумбир и на крајот путерот од кикирики растворен со вода. Крчкајте ја смесата на тивко неколку минути.
  3. Додека смесата крчка, во блендер ставете неколку урмин со извадена семка, па додадете вода за да добиете вискозен сируп. Испасирајте ја бананата и добро измешајте ја со кашата откако таа ќе биде подготвена. Со подготвениот сируп прелијте ја целокупната смеса.
  4. На крајот, гарнирајте со парченца свежо овошје и/или смрзнати бобести овошки.- Овој рецепт прави околу 4 порции.

Нутритивна вредност:

(на една порција, без свежите овошки)

Калории: 270 Јаглехидрати: 47g од кои растителни влакна: 9g и шеќери: 13g;  Протеини: 10g; Масти: 7g од кои заситени масти: 1,2g и омега 3 масни киселини: 1,2g; Витамин Б5: 1mg; Вимтамин Б5: 0,3mg; Фолна киселина: 70µg; Витамин Е: 1,2mg; Бакар: 0,4mg; Железо: 3mg; Манган: 0,8mg; Maгнезиум: 110mg; Фосфор: 175mg; Цинк: 1,5mg; Калиум: 800mg; Селен: 5µg; Калциум: 70 mg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор