fbpx

Ризик фактори за развој на рак кои ќе ве изненадат!

tonus

Иако огромен број на луѓе се соочуваат со канцерот и постојат огромен број истражувања на оваа тема, сепак сè уште немаме информации околу тоа што сè може да нѝ го зголеми ризикот од малигни заболувања.

Истражувањата покажуваат дека дури 40% од луѓето во одреден период од животот ќе развијат некакво малигно заболувања, а според досегашните податоци, се смета дека половината од случаите на канцер се причинети од генетскиот фактор. Други добро познати ризик фактори за канцер се и:

обезноста
лошата исхрана
хормонскиот дисбаланс
процесите на хронична инфламација (воспаление)

"“Online”/

[Поврзано: 5 едноставни промени за намален ризик од канцер]

Доброто познавање на ризик-факторите кои водат кон малигни заболувања е клучен фактор во проценувањето на сопствениот ризик и избегнувањето на оваа навистина девастирачка болест која во последно време се пробива на врвотот од листата на причинители за смртност. Но, одредени утврдени ризици од канцер не се толку познати и ,,очигледни”. Денес, нешто повеќе околу нив.

Неколку можеби изненадувачки фактори кои ви го зголемуваат ризикот од развивање малигни заболувања:

1. Животна средина

Една студија од 2017 година, објавена во списанието Cancer, дава податоци според кои можеме да заклучиме дека државите од САД кои имаат најлош квалитет на воздух, вода, почва и отсуство на урбано зеленило, имаат и поголема инциденца (зачестеност) на канцер.

Како најсилен фактор од споменатите се смета загадениот воздух. Овие податоци се особено важни и за нашата средина, имајќи предвид дека долг период се соочуваме со загадениот воздух.

Додека системот не го реши проблемот со загадувањето, потребно е да избегнуваме престој на отворено во најзагадените периоди и секогаш да носиме маска со соодветна заштита од ppm честичките.

[Поврзано: Коронавирусот и загадениот воздух]

2. Различни миризливи свеќи и освежувачи на возухот

Иако се потребни повеќе истражувања на темата, во составот на различните миризиливи свеќи и освежувачите на воздухот веќе се пронајдени одредени потенцијално канцерогени синтетски компоненти, како лимоненот на пример, кој може да реагира со озонот од воздухот и да создаде канцергени елементи, наречени формалдехиди. Дополнително, утврдени се и повеќе негативни ефекти на ароматизерите за воздух, како хормонски дисбаланс, астма и други сериозни состојби.

Затоа, избегнувајте користење ароматизери за затворени простории, особено оние кои во својот состав содржат компоненти, како лимонен, фталати итн.

3. Пилевина

Најверојатно ова ќе ве изненади најмногу, но Интернационалната агенција за истражувања поврзани со канцерот ја класифицира дрвената прашина како канцерогена за луѓето.

Една студија што ги следела работниците кои често биле изложени на пилевина, кај нив утврдува значително зголемен ризик од тип на рак, познат како аденокарционом (во пределот на дишните патишта). Советот за фирмите од дрвената индустрија е секогаш да имаат добра вентилација во просториите за работа, за работниците да носат маски, додека за обичните луѓе се советува носење маска при изложеност на прашина од дрва.

4. Некои пакувања за храна

Најчесто се зборува околу влијанието на храната во развојот на малигни заболувања и тоа е навистина значајно, но ретко се зборува за самите пакувања во кои се наоѓа таа храна и за нивниот квалитет.

Одредени пакувања и садови за еднократка употреба (најчесто користени во служењето брза храна или пак на некакви семејни настани), најчесто се со подлоги со пластифицирана основа. Ваквите пакувања (различни пластични лажички, вилушки, ножеви, чаши и чинии) треба целосно да се избегнуваат, не само поради овие причини, туку и поради заштувањето на ,,здравјето” на нашата планета.

Кај дел од нивните составни компоненти (означени како DEHP, DEHA) утврдени се канцерогени дејства и при одредени услови, ваквите компоненти можат да преминат од пакувањето во храната (при зголемена температура или долго стоење на храната во нив, на пример). Покрај канцерогениот ефект, одредени штетни хемикалии имаат потенцијал негативно да делуваат и врз хормоните, имунитетот и низа други здравствени аспекти.

[Поврзано: Кои МАТЕРИЈАЛИ за готвење се најдобри?]

5. Одредени креми за сончање


Сите сме свесни дека претераната изложеност на силните сончеви зраци може да го зголеми ризикот од малигни заболувања на кожата, но и она што треба да нè заштити од сончевите UV зраци, за жал некогаш може да има целосно спротивен ефект.

Претераната употреба на одредени креми за сончање, може да има силен негативен ефект.

Честата компонента во кремите за сончање, наречена оксибензон или бензофенон 3, продуцира слободни радикали во кожата кои можат да поттикнат ДНК оштетувања и развој на малигни клетки.

Затоа, избегнувајте ги кремите со овие компоненти, особено ако се над 6%.

6. Недостаток од сончева светлина

Иако нашата земја има огромен број сончеви денови, тоа не е соодветно искористено од огромниот процент од наслението. Главните причини лежат во модерниот начин на живот кој подразбира канцелариско работење и останување предолго пред електронските уреди, што особено важи за децата и младите.

Едно истражување од центарот за канцер при Универзитетот Калифорнија, САД, вели дека огромниот дел од случаите на рак на дебело црево би можеле да бидат спречени доколку
нивоата на витамин Д се оптимални. Затоа, доста е значајно, особено ако сме во некаква ризична група за малигни или заболувања на коските, почесто да ги тестираме нашите крвни нивоа на витминот Д и почесто да се изложуваме на сончевите зраци. Досега е утвредно дека витаминот  Д е одговорен за над 4000 клеточни функции во нашиот организам! Многу повеќе за значењето на овој витмамин, прочитајте тука.

Поминувајте околу 10-15 минути во денот на сонце, кога тоа е најсилно и почесто правете активности на отворено.

Дополнителни ризик-фактори за развој на малигни заболувања кои исто така не се така познати:

Седечки начин на живот
• Изложеност на пестициди
• Честа изложеност на препроцесирана храна, пржена храна и храна подготвувана на скара
• Изгорена храна
• Одредени вирусни и бактериски инфекции
Прекумерна употреба на алкохол

Поврзано:

Која храна има најмногу ПЕСТИЦИДИ и како да ги намалите?
Како да се измијат пестицидите?
Физичка активност и превенција од малигни болести

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор