fbpx

Ротквица – витамин Ц во изобилие

tonus

Ротквиците се коренаст зеленчук од семејството Brassicaceae, блиски до брокулите, прокељот, карфиолот, зелката итн.

Имаат топчест облик и ги има во повеќе бои. Кај нас, најзастапена е црвената. Таа има специфичен пикантно-сладок вкус, а помалите ротквици се сметаат за подобри, бидејќи најчесто имаат подобра текстура и вкусови карактеристики.

Ротквицата се одгледувала уште од далечни времиња, генерално на Медитеранот и на далечниот исток. Кај нас, овој зеленчук доста често се употребува во различни салати и како додаток во различни рецепти.

"“Online”/

Во продолжение, корисните дејства на овој зеленчук за кои имаме научна поткрепа.

1) Густо-нутритивна храна

Ротквиците се храна богата со хранливи состојки, а имаат ниска калориска вредност. Во 120g содржат:

• 19kcal
• 4g јаглехидрати
• 0.8g протеини
2g растителни влакна
18mg витамин Ц (30% од Дневниот Препорачан Внес)
280mg калиум (8% од ДПВ)
• 30mcg витамин Б9 (7% од ДПВ)
• 0.11mg витамин Б6 (4% од ДПВ)
• 0.1mg манган (4% од ДПВ)

Дополнително, тие содржат и помали количества на други витамини од Б групата, потоа магнезиум, натриум, цинк, витамин К итн.

2) Густо-нутритивната храна е добра за дигестијата, но и за слабеење!

Високиот процент на вода, растителни влакна, но и ниската калориска вредност, ги прави ротквиците особено погодни при процесот на слабеење.

Значењето на растителните влакна за дигестивното здравје, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.
Исто така, преку врзувањето на водата, растителните влакна обезбедуваат продолжено чувство на ситост.

Дополнително, се повеќе студии даваат податоци за улогата на растителните влакна врз оптимизирањето на цревната микрофлора, а преку неа и на целокупното здравје на организмот. На тој начин влијаат на намалувањето на ризикот од развивање на кардиоваскуларни, малигни заболувања, дебелина и дијабет тип 2.


3) Ротквиците се добри за кардиоваскуларното здравје

Ротквиците можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларните заболувања. Слично како црвената зелка и боровинките, тие содржат тип на флавоноиди наречени антоцијанини.

Според една студија од неодамна, антоцијанините поседуваат антивоспалителни својства кои можат да го намалат ризикот од периферните артериски заболувања, ослабената работа на срцето, па дури и од заболувања на бубрезите.

Ова корисно дејство на антоцијанините, се должи на нивната способност да го намалат штетното влијание на слободните радикали, кои природно се присутни како ,,отпад” од метаболитичките процеси, што постојано течат во организмот.

4) Намалување на болките при остеоартритис

Витаминот Ц е есенцијален за создавање на колагенот, еден од најважните протеини во телото, кога станува збор за коските. Исто така, овој витамин е важен за имуниот систем и низа на други важни процеси во телото.

Кога ќе се спомене овој витамин, веднаш помислуваме на цитрусни овошки, но дали сте знаеле дека ротквиците се помеѓу најбогатиот зеленчук со овој витамин?

Со само 100g ротквици, природно обезбедуваме близу 1/3 од дневните потреби за овој витамин.

Витаминот Ц има и моќно антиоксидативно дејство.

Конечно, сите споменати факти водат кон заклучок дека ротквиците можат да придонесат за намалување на симптомите на остеоартритис, но и во неговата превенција.

5) Ротквиците се добри за здравјето на кожата

Тие содржат низа на хранливи материи, како витамин Б, цинк, фосфор, витамин Ц, кои се многу важни за здрава кожа.

Исто така, имаат и висок процент на вода, што обезбедува подобро хидрирање на организмот, што е многу важно за кожата.

Дополнително, тие имаат докажано антибактериско и антифунгално дејство, што може да биде од особена корист во третманот на сува, напукната кожа и во превенцијата од различни кожни инфекции.

6) Антиканцерогено дејство?

Јадењето на зеленчук од семејството на ротквицата (брокула, зелка, прокељ, карфиол), може да помогне во превенцијата од некои малигни заболувања.

Истражувачите откриле дека ваквиот тип на зеленчук, содржи одредени компоненти кои можат во организмот, во комбинација со вода, да преминат во изотиоцијанати.

Ваквите добиени компоненти, според една студија, се најдени и кај ротквиците. Тие имаат способност да му помогнат на телото да се ослободи од некои проканцерогени компоненти и со тоа да превенираат развој на тумори.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор