fbpx

Салата на МЕКСИКАНСКИ начин

tonus

Мексиканската кујна е особено богата со многу бои и вкусови. Поради не толку различните климатски услови, постојат одредни сличности во пристапот со медитеранската кујна, иако кај мексиканците се јаде доста повеќе месо.

 

[Поврзано: Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – Медитеранска исхрана 2020!]

 

Како и да е, во продолжение ќе ви предложиме рецепт инспириран од здравата понуда на мексиканското мени. Станува збор за мексиканска мешавина од домашна салса, домашно приготвен хумус,  во комбинација со зелени зеленчуци, полнозрнести житарки и мешункасти плодови. Речиси идеална пропорција помеѓу сите потребни нутриенти во денот! (погледни нутритивна табела најдолу!)

"“Online”/

 

[Поврзано: Нашиот уникатен рецепт за највкусниот домашен ХУМУС!; Рецепт за мексикански фахитас + како да направите домашни тортиљи!]

 

Овој рецепт може да служи и како целосен ручек, но и како лесна, но целосно нутритивна вечера. Најдобро се комбинира со неколку парчиња испечен интегрален леб, фиброгел леб или пак со домашно подготвени полнозрнести, интегрални тортиљи. Како да ги подготвите тортиљите, прочитајте во една од нашите претходни статии.

 

[Поврзано: Лебот е ЗДРАВА храна! Зошто?]

 

За овој рецепт, потребно ќе ви биде:

 

За салсата:

  • 1 чашка сецкани жолти пиперки
  • 2 домати со средна големина, погрубо исечкани
  • 1 халапељо пиперче, исечкано и со извадени семки
  • Половина чашка ситно сечкан магдонос
  • 1 лажица балсамико оцет
  • Сол и бибер по вкус
  • Малку иситнет свеж лук или лук во прав по желба

За хумусот:

За салатата:

 

 

Начин на подготовка:

  1. Во процесор за храна, додајте ги намирниците потребни за салсата. Блендирајте со пулсирање, до постигнување на конзистенција или текстура која вам најмногу ви одговара. Истурете ја салсата во подлабока чинија, на начин што нема да ја зафатите целата, туку ќе оставите простор за хумусот и другите намирници. Ставете ја салсата во фрижидер додека го приготвувате другиот дел од рецептот.
  2. Комбинирајте ги сите намирници за хумусот во блендер. Блендирајте додека не добиете хомогена, кремаста смеса. Околу текстурата, помогнете си со додавање вода. Додавајте по малку, за да не ја направите смесата преретка. Додајте го и хумусот во чинијата со салсата, па вратете ја во фрижидер.
  3. Исечкајте го зеленчукот, додајте му малку ладно цедено маслиново масло и добро промешајте. Пригответе ги брокулите на пареа и заедно со исечканата салата и сварениот наут и грав, додајте ги во длабоката чинија со салсата и хумусот. Зачинете по вкус.

 

  • Овој рецепт прави 2 порции.

 

Нутритивна вредност:


(на една, особено голема порција, со полнозрнеста житарка – хељда)

Калории: 730 Јаглехидрати: 122g од кои растителни влакна: 31g и шеќери: 26g;  Протеини: 36g; Масти: 16g од кои заситени масти: 2g и омега-3: 0,3g; Витамин Б1: 1,3; Витамин Б2: 0,7mg; Витамин Б3: 7mg; Витамин Б5: 2mg; Витамин Б6: 1mg; Витамин Б9: 600µg; Витамин Ц: 400mg; Витамин А: 6000IU; Витамин Е: 4mg; Витамин К: 300mcg; Селен: 16µg; Железо: 11mg; Магнезиум: 300mg; Манган: 3mg; Цинк: 6,8mg; Калиум: 2200mg; Калциум: 300mg; Бакар: 1,4mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор