fbpx

Сезоната на смоквите е при крајот – искористете ги свежите смокви со нашите 2 вкусни рецепти!

tonus

Јужноевропските, медитерански земји покрај останатата свежа храна се познати и по сочните смокви. Во последно време, овие вкусни овошки стануваат сè позастапени и кај нас во Македонија, особено во јужните делови.

Смоквите во било каква форма (сушена или свежа), па дури и нивните листови, се полни со најразлични хранливи материи кои нудат низа здравствени бенефити за нашето тело. Тие се слатка храна добра за дигестијата, за слабеењето, кардиоваскуларното здравје, но и за помлада кожа. Многу подетално околу оваа сочна овошка, прочитајте во една од нашите статии.

Иако сувите смокви се достапни во текот на целата година и имаат одличен вкус, тешко може да се каже дека постојат повкусни и посочни овошки од свежите смокви. Нивната сезона наскоро ќе заврши, па затоа денес ќе ви понудиме два навистина интересни и вкусни рецепти, кои ќе ви помогнат во намерата максимално да ги искористите овие последни денови на свежите смоквите.

"“Online”/

Сигурно сте пробале печени јаболки или круши, но веројатно не ви паднало на памет дека и свежите смокви можат да се подготват на овој начин. Вака подготвени, можат да служат како сладок десерт, но и како доручек или вечера.

Печени смокви со мед, ореви и сирење

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

10 свежи смокви
1 рака ореви
2 супени лажици мед
• 4 супени лажици крем сирење (можете да користите и 2 парчиња тврдо сирење)
• 2 коцки темна чоколада (70-85% какао)

Начин на подготовка:

1. Отсечете им го врвот на сите смокви, а потоа со ножот направете форма на крст во овошјето.

2. Наполнете ги смоквите со ореви и врз секоја добро поделете 2 лажици мед. Ако користите тврдо сирење, додадете го и сирењето, а можете да нарендате и од темното чоколадо. (чоколадото можете да го додадете веднаш по вадењето од рерна врз смоквите, за добро да се растопи).

3. Наредете ги во соодветна тава и печете во рерна загреана на 150°С, 20-тина минути, додека прекрасниот розев сок не ја исполни целата тава.

4. Изадете ги од рерна и по 2-3 минути прелијте ги смоквите со сокот од тавата, а потоа додадете од кремсирот на секоја подеднакво. Може да наросите и со прав од било која јатка.

* Овој рецепт прави 2 оброка

Нутритивна вредност:
(на една порција со крем сирење)

Калории: 370 Јаглехидрати: 60g од кои растителни влакна: 9g и шеќери: 51g;  Протеини: 5g; Масти: 16g од кои заситени масти: 7g и Омега-3: 0.8mg Бакар: 0.5mg; Манган: 0,8mg; Витамин А: 600IU; Витамин K: 250IU; Железо: 2,5mg; Витамин К: 13μg; Витамин Б6: 0,35 mg; Магнезиум: 80mg; Калиум: 750mg

Раженчиња со фалафел и смокви

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

За раженчињата:

  • 8 фалафел ќофтиња, преполовени (погледнете како да ги направите сами тука)
  • 4 поголеми смокви, исечени на четвртинки
  • неколку ливчиња свежо нане

За сосот:

  • 3-4 супени лажици кисело млеко или павлака
  • изрендана кора и сок од ½ портокал
  • 1 кафена лажичка мед или јаворов сируп
  • прстофат сол
  • прстофат мелен цимет

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на температура од 200°С.
  2. Подгответе ги фалафелите според нашиот рецепт и оставете ги да изладат.
  3. Исечкајте ги смоквите на четвртини и распоредете ги на еден плех со средна големина. Потпечете ги во претходно загреаната рерна, околу 10-12 минути.
  4. Во меѓувреме, во мало, длабоко садче измешајте ги потребните состојки за сосот. Додадете сол и цимет и ставете го во фрижидер.
  5. Исечете ги фалафелите на половина и почнете со редење на раженчињата. По секое парче фалафел треба да следи четвртина смоква (украсете и со листови од нане).
  6. Извадете го сосот од фрижидер и служете.

* Овој рецепт прави 4 порции (4 раженчиња).

Нутритивна вредност:
(на 1 раженче)

Калории: 194 Јаглехидрати: 27g од кои растителни влакна: 3.8g и шеќери: 13.5g;  Протеини: 7g; Масти: 6.9g од кои заситени масти: 0.9g; Железо: 1.8mg; Манган: 0.4mg; Калиум: 411mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор