fbpx

СЕМКИ од тиква – грицкање без грижа на совест!

tonus

Кој вели дека не постојат здрави грицки?

Ако сте љубител на нездравите грицките, време е да направите промена. Верувајте, нема да ви недостастуваат. Семките од тиква освен што се здрава, тие се и особено вкусна алтернативна на препроцесираните пакувани чипсови и смоки. Заедно со сончогледот тие се идеална алтернатива.

Прилично се ефтини и достапни, а и не бараат посебни услови на чување, што значи може да ни бидат ужина во секоја прилика.

"“Online”/

Освен како грицки, можат да се консумираат како додаток во различни салати, миксови од семиња, смутиња, но може да се прават и путери и различни намази од семки.

Семките обезбедуваат низа на нутриенти со најразлични корисни дејства за здравјето, а во продолжение ќе ги наведеме најважните.

Особено богат нутритивен и антиоксидативен состав за борба со хроничната инфламација

Во 100g печени и посолени семки од тиква се содржат:

• 536kcal
• 4g јаглехидрати
• 32,2g протеини
• 42,9g маснотии, од кои 9g заситени
• 71mg калциум
• 16,1mg железо
• 571mg натриум
• 91mg магнезиум

Семките се исто така добар извор на цинк, бакар и селен. Тие се еден од најдборите извори на магнезиум во храната

◦ Магнезиумот игра важна улога во над 300 ензимски рекации, учествува во метаболизмот на разградување на храната и во метаболизмот на синтеза на масните киселини и протеини. Дополнително, многу е важен за нервниот систем и мускулите. Недостатокот од магнезиум е почест кај повозрасните и може да води кон посериозни заболувања како метаболен синдром, кардиоваскуларни заблувања и остеопороза.

Ладно цеденото масло од семки и семките се богат извор на антиоксиданти.

Антиоксидантите се компоненти кои ги превенираат оксидативните оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти.

Дисбалансот помеѓу нив може да води кон зголемени нивоа на оксидативен стрес, што води кон развој на хронично воспалителни. Тие на долг рок, можат да предизвикаат повеќе хронични заболувања, како кардиоваскуларни, ревматоидни, малигни заболувања, дијабетес итн.

Телото произведува дел од антиоксидативните материи, но многу е важно и ние да ги внесуваме преку исхраната. Семките од тиква и ладно цеденото масло се особено богати со липофилни антиоксиданти и полинезаситени масни киселини. Сепак, маслото е концентрирана енергија, односно калории, па подобро е овие антиоксиданти да бидат внесени од несолени печени семки од тиква.

Дијабетес

Некои нутриенти од семките можат да помогнат во бробата со дијабет тип 2. Високо реактивниот кислород игра улога во развојот на дијабетот, а анималните студии покажуваат дека антиоксидантите можат да помогнат во намалување на ризикот.

Магнезиумот со кој се богати семките, исто така може да помогне. Студиите покажуваат дека секои дополнителни 100mg магнезиум дневно, го намалуваат ризикот од развивање на дијабет тип 2 за околу 15%.

Намалените нивоа на магнезиум можат да ја нарушат секрецијата на хормонот инсулин и да ја намалат инсулинската сензитивност.


Семките од тиква се особено добри за кардиоваскуларното и здравјето на црниот дроб

Семките од тиква содржат омега 3 и омега 6 масни киселини, антиоксиданти, но и добра количина на растителни влакна. Ваквата комбинација е одлична за здравјето и на срцето и на црниот дроб.

Растителните влакна од семките помагаат во намалувањето на нивото на вкупен холестерол во крвта и на тој начин го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Според досегашните студии, омега 3 масните киселини можат:

• да го намалат ризикот од тромбоза и артимија, што може да води кон мозочен и срцев удар и откажување на срцето

• да го намалат вкупниот холестерол, но и триглицеридите (маснотиите) во крвта

• да превенираат од артеросклероза (масни наслаги го се насобираат на ѕидовите од артериите и можат да водат до запушување)

• да ја подобрат ендотелијалната функција, што е мерка за циркулаторното здравје

• благо да го намалат крвниот притисок

Дополнително, семките од тиква содржат фитостероли, соединенија кои исто така можат да делуваат на намалување на ,,лошиот“ LDL холестерол во крвта.

Совршена храна за здрава простатата

Според едно истражување од 2014, семето од тиква, но и нејзиното ладно цедено масло можат да ја подобрат ситуацијата со бенигниот тумор на простата. Студијата заклучува дека ваквата храна е сосема безбеден и ефективен алтернативен третман за овој бениген тумор на простата.

Претходно, друга студија покажала резултати според кои ладно цеденото масло на семките од тиква може да спречи одредени типови на раст на простата. Растот се смета дека е причинет од хормонот тестостерон, односно неговиот метаболит – дихидротестостерон. Фитохемикалиите од семките можат да ги намалат негативните ефекти на овој метаболит врз здравјето на простата.

Дополнително на ова, цинкот кој е круцијален за здрава простата, го има во изобилие во овие семки. Кај лицата со нормална простата утврдени се повиски нивоа на цинк во организмот. Спротивно, кај оние со некаква болест на простата, се најдени ниски нивоа на овој минерал.

Подобрено здравје на кожата и очите

Семките се добар извор на сквален, антиоксидативна компонента која е слична на бета-каротенот. Скваленот е застапена компонента низ повеќето ткива и се смета дека игра улога во заштитата на кожата од UV зраците и некои други типови на радијација.

Анималните студии покажуваат дека оваа антиоксидативна компонента може да придонесе и за здравјето на очите, односно поточно мрежницата.

Дури некои истражувања зборуваат и за антиканцерогено дејство на скваленот.

Уште неколку научно-потврдени корисни дејства од јадењето семки од тиква:

здрава бременост – семките се добар извор на цинк, минерал кој според СЗО не се внесува во доволни количини кај дури 80% од жените. Овој елемент има значајна хормонска улога, но исто така е клучен за правилната функција на имунитетот.

превенирање од несоница – семките се добар извор на триптофан, амино киселина која се употребува во лекувањето на несоница, бидејќи телото го конвертира во серотонин или мелатонин. Тоа се всушност хормоните на расположението и релаксирањето(серотонин) и на спиењето (мелатонин).

подобрување на имунитетот – добри количини на антиоксиданти, цинк, витамин Е итн.
Витаминот Е го зајакнува имунитетот и го одржува здравјто на крвните садови.

погодна храна за слабеење – го промовира чувството на ситост (семките се храна богата со здрави маснотии, но и со растителни влакна)

◦ семките се добра храна за коските
– висока содржина на магнезиум, кој е важен за метаболизмот на синтеза на коскеното ткиво – намален ризик од остеопороза

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор