fbpx

Сладок компир на медитерански начин – рецепт

tonus

Денес ви предложуваме рецепт кој уште еднаш потврдува дека здравата храна може да биде разновидна, одлично да нè засити, но да биде и со богат изглед, арома и вкус!

Ако сакате нешто различно, печениот и варен компир веќе ви е здосаден, ова е вистинскиот рецепт за вас – сладок компир на медитерански начин.

Слаткиот компир е скробест, сладок, коренест зеленчук од  фамилијата Convolvulaceae. Иако имаат речиси ист назив и слична форма, слаткиот компир и обичниот компир имаат големи нутритивни разлики. Внатрешноста на слаткиот компир може да биде нијанса од драп до бела, црвена, розова, жолта, портокалова или виолетова, но најчесто кај нас можеме да ја пронајдеме портокаловата сорта. Сортите со бела и светложолта внатрешност се понеутрални по вкус, додека црвените, виолетовите и портокаловите се послатки.

"“Online”/

Овој рецепт за слатки компири е вкусен, свеж, здрав и одличен за оние кои практикуваа медитерански начин на исхрана.

За овој рецепт потребни ќе ви бидат:

 

  • 4 средно големи слатки компири
  • 1 конзерва наут (400g)
  • маслиново масло
  • ½ лажичка кумин
  • ½ лажичка коријандер
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка црвен пипер
  • прстофат сол

За сосот:

 

Начин на подготовка:

 

1) Загрејте ја рерната на 200°С и ставете хартија за печење во еден голем плех.

2) Измијте и преполовете ги слатките компири, премачкајте ги со маслиново масло и ставете ги на една половина од плехот со внатрешноста надолу.

3) Подгответе го наутот така што ќе го исушите, а потоа ќе го измешате со маслиновото масло и зачините. Наутот еднакво распоредете го на другата половина од плехот и ставете да се пече.

4) Додека се печат слатките компири заедно со наутот, подгответе го сосот. Истурете ги хумусот, исцедениот лимон, копарот, лукот и солта во еден сад, промешајте и додадете онолку вода колку што е потребно за сосот да биде течен.

5) По околу 25 минути, слатките компири би требало да се веќе испечени. Кога ќе ги извадите од рерна, нежно нагмечете ја нивната внатрешност, за да можат полесно да го апсорбираат сосот.

6) Наредете ги слатките компири во една чинија, врз нив ставете го печениот наут и сето тоа прелијте го со сосот од лук и хумус.

Идеи за додаток: салата од домати и магдонос/хумус/пита лепче.

 

Нутритивна вредност:

(1 порција)
Калории: 308 Јаглехидрати: 54,7 g Протеини: 10,9 g Масти: 6,1 g Заситени масти: 0,7 g Натриум: 400 мг Калиум: 609 мг Растителни влакна: 11,9 g Шеќер: 10,4 g Витамин А: 18597 IU Витамин Ц: 7 мг Калциум: 115 мг Железо: 2,5 мг

Зошто да јадеме сладок компир?

Слатките компири се на прво место по содржина на растителни влакна, железо, калциум, Б- витамини и витамин А, во споредба со другите зеленчуци. Еден од клучните здравствени бенефити за овој плод е неговото високо количество на антиоксидантот провитамин – бета-каротен, кој кога ќе се внесе во организмот се конвертира во витамин А. Овој витамин, освен веќе познатиот факт дека го чува здравјето на очите, е  особено важен за нормална и здрава фунцкија на срцето, белите дробови и бубрезите.

За здрава дигестија – внесувајте повеќе сладок компир!

 

Голем број научни трудови одамна имаат утврдено дека храната богата со растителни влакна е ваш најдобар пријател кога станува збор за проблеми со дигестивниот тракт, а слаткиот компир е одличен извор токму на фиберот. Тој содржи големо количество фитостерол, состојка која има хемиски состав сличен на холестеролот и која, кога е присутна во доволна количина, го редуцира нивото на холестерол. Дополнително, оваа состојка има заштитен ефект на дигестивниот тракт и го спречува создавањето на чир на желудникот, а го превенира и гастритисот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор