fbpx

„Со здрав режим на исхрана до состојба без дијабет”

tonus

Се викам Ганимет Саити и имам 64 години.

Пред пет години почнав да ги приметувам типичните симптоми на дијабетот, и после деталните медицински проверки, дијагнозата ми беше потврдена.

Бев многу исплашена, посебно поради фактот што немам семејна историја, туку состојбата се појави „од никаде“. Со многу дилеми и прашалници ја започнав препишаната медицинска (конвенционална) терапија, која за жал само ми ја влоши состојбата. 

"“Online”/

Нивото на шеќер во крвта ми беше континуирано високо дури и после засилувањето на дозата на лекот. 

Почнав да се чувствувам лошо, без енергија дури и за секојдневни рутински обврски.

Го споделив проблемот со моите пријатели и роднини, и на моја среќа, се спомена името на др. Александар Митов.

Преку разни медиуми секојдневно читаме и се информираме за влијанието на здравата исхрана врз здравјето, но сепак, сите овие информации за жал не ги применуваме или пак не сме доволно убедени во моќта на храната како природен лек и прочистувач.

Повторно со многу дилеми, ја закажав првата консултација со др. Александар. После нашиот разговор и анализата на целокупната историја, го добив првиот нутриционистички план, односно третман преку исхрана за мојата состојба. 

По дисциплинираното следење на планот за исхрана, резултатите беа изненадувачки веќе првиот месец! 

Јас и моето семејство за прв пат бевме сведоци на позитивното влијание на планот за исхрана врз градуалното стабилизирање односно намалување на нивото на шеќерот во крвта.

После еден месец и прекрасните резултати, др. Александар ми подготви нов план за исхрана според новите резултати. Морам да признаам дека сите комбинации (кои вклучуваат и детално опишани рецепти за секој ден) се мошне вкусни. 

За прв пат од дијагностицирањето со дијабет се чувствував полна со енергија, почнав пак да патувам, но сепак дисциплинирано го следев планот (без авантури и опуштања!). 

Сега, после неполни четири месеци од првата консултација со др. Александар Митов јас веќе немам симптоми на дијабет, нивото на шеќер во крвта ми е стабилизирано и во граници на нормалните вредности и придобивките се бесценети! 

На сите кои се соочуваат со слични состојби, најтопло препорачувам што поскоро да ја преземат контролата врз нивното здравје со помош на посебниот начин на исхрана којшто со многу посветеност и професионалност го подготвува др. Александар Митов.

Јас сум бескрајно благодарна што со помош на советите од др. Александар сега ги уживам благодетите на доброто здравје. Понекогаш лекот е толку едноставен, само треба да бидеме дисциплинирани и истрајни за да ја постигнеме нашата цел.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор