fbpx

Стевиа – 300 пати послатка од шеќерот!

tonus

Често пати сме зборувале на тема дијабет, од различни аспекти. Денес, нешто повеќе околу една многу значајна тема за дијабетичарите – користењето на засладувачи. Поконкретно ќе се осврнеме на стевиата.

Што е стевиа?

Стевиата е замена за шеќерот која во последно време добива сè поголемо внимание од широката јавност, а посебно од дијабетичарите. Зошто е тоа така?

Стевиа е природен засладувач кој се добива со екстрахирање на листовите на грмушесто растение Stevia rebaudiana, домицилно во Јужна Америка. Поради уникатните карактеристики и својства, индијанските племиња со векови ги употребувале листовите на ова растение за најразлични цели.

"“Online”/

Листовите на ова растение се берат и се сушат тогаш кога ќе постигнат највисок степен на слаткост. Исушените листови се потопуваат во вода за да се ослободат супстанциите со најдобар вкус. Потоа екстрактот се филтрира, се прочистува, се суши и се кристализира. Крајниот производ е засладувач со голема чистота кој може да се користи во комбинација со други засладувачи, како шеќер и овошен сок, со цел производство на одлични нискокалорични или бескалорични производи или производи со намален број калории.

Широка индустриска, но и примена во домаќинствата

Стевиата може да се употребува во најразлични јадење и пијалаци (ладни или топли), да се користи за засладување на здравите доручеци, во смутиња, за печени слатки производи (сепак, нема својство за карамелизација).

Сепак, овој засладувач најчесто се користи за најразлични комерцијални цели во прехранбената индустрија, во форма на бел прав.

На пример, екстракти на гликозидите од стевиа се користат во некои сладоледи, десерти, сосови, јогурти, лебови, газирани пијалаци, подготвени зеленчуци итн.

Во умерени количества, стевиата се смета за целосно безбедна. Според релевантните институции, како СЗО, FDA и други, за безбедна границата се смета 4mg на килограм телесна тежина, во текот на еден ден.


 И до 300 пати поголема слаткост од гранулраниот шеќер

Стевиата содржи повеќе гликозидни компоненти од кои најпозната и со најголем удел во својствата на крајниот продукт (и самото име) е компонента наречена стевиозид. Иако гликозид, а не шеќер, оваа компонента има дури 150-300 пати поголема слаткост од сахарозата (обичен кристален шеќер). Покрај ова, ваквата слаткост е ,,придружена” со многу малку калории, практично има занемарлива калориска вредност (близу 0).
Поради екстремно високата слаткост, најмалата трошка е слатка за луѓето, па често се препорачува разредување со различни материи, како декстромалтоза, изомалтоза итн (не и за дијабетичарите).

И покрај огромната слаткост, споменатите гликозидни компоненти можат да остават горчлив ,,завршен вкус”, па затоа на повеќето продукти кои содржат стевиа, им се додаваат дополнителни компоненти кои ќе го сузбијат ваквиот вкус. Затоа треба да се внимава дали продуктите содржат чиста стевиа.

Стевиа и дијабет


Имајќи предивид дека стевиата нема калориска вредност, таа нема никаков ефект на зголемување на глукозата во крвта и следствено, не води кон соодветен инсулински одговор. Така, таа е особено погодна за дијабетичарите.

Постојат бројни студии кои ја поврзуваат стевиата со корисни ефекти при дијабет. Според  Американските здруженија за здравје на срцето и за дијабет, стевиата (и сличните природни засладувачи), може да биде корисна за луѓето со дијабет ако се користи соодветно и во склоп на она што значи здрава исхрана и соодетен обем на порции.

Според заклучоците на достапните релевантни студии, стевиата може да ги понуди следните корисни дејства за луѓето со дијабет:

потенцијално антиоксидативно дејство – намалување на хроничното воспаление во организмот и на тој начин борба против честите хронични заболувања (болести на модерното време).

контролирање на шеќерното ниво во крвта – по оброците, но и при гладување.

подобрено чувство на ситост и намален глад

помала потреба за ,,екстра оброци (калории) во текот на денот

заштитно дејство во однос на црниот дроб и оштетувања на бубрезите

подобрен липиден профилниво на триглицериди (масти) и вкупен холестерол.

поеколошки засладувач – бидејќи има 150-300 пати поголема слаткост, значи помалку се употребува од шеќерот, а може да ја исполни истата цел.

Други корисни дејства на стевиата

• Поуспешно слабеење

Бидејќи стевиата не содржи калории, а засладува, освен што е корисна за дијабетичарите, може да биде од помош и од луѓето кои имаат намера да ослабат, односно да биде користена како здрава замена за шеќерот. Ова особено важи за луѓето кои често користат шеќер како засладувач.

Повеќе околу негативните ефекти на навиката на јадење храна со додадени шеќери, прочитајте тука.

• Може да делува на намалување на крвниот притисок

Едно истражување покажува дека одредени гликозиди на екстрактот од стевиа можат да  поттикнат подобра дилатација, односно опуштање на крвните садови, што води кон нормализирање на високиот крвен притисок.

Сепак, на оваа тема се потребни повеќе истражувања.

• Не предизвикува кариес


Безбедност


Во однос на потенцијални алергиски реакции на гликозидите од стевиа, нема причини за загриженост. Тоа се утврдува во 2010-тата година од страна на Европскиот комитет за безбедност на храната. Според нивните анализи, не се пронајдени никакви алергиски реакции ниту кај најпрочистените екстракти на стевиа.

Недоволно прочистената стевиа, не е безбедна за трудниците. Станува збор за екстракт од стевиа и обработени цели листови од стевиа. Можеби звучи помалку чудно, но целосно рафинираните производи се побезбедни од природните, бидејќи природните содржат дополнителни компоненти што можат да предизвикаат одредени штети. Во конкретнава ситуација тоа е компонентата еритриол.

Помалку обработените продукти на стевиата можат да содржат и шеќерни алкохоли кои кај одредени групи луѓе предизвикуваат дијареа, повраќање и дигестивни проблеми.

Дијабетичарите треба да внимаваат при набавувањето стевиа, односно да бидат сигурни дали се работи за чист прав од стевиа, или има одредно количество на декстроза/малтодекстрин – кои во организмот лесно преминуваат во глукоза.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор