fbpx

Таан – сконцентрирана моќ на сусамовото семе!

tonus

Таанот е намирница со богат вкус и ,,мазна” текстура, која се подготвува од мелено сусамово семе.

Подготвениот таан, потоа може да се употребува за најразлични рецепти. Помеѓу рецептите кои се базираат на таан, некои се традиционално присутни во нашата кујна, како рецептот за алвата, на пример, додека други можеме да ги сретнеме често во последно време, како оној за хумус.

Покрај подоготовката на овие јадења, таанот може да се користи како прелив за различни салати, тестенини, потоа во различни типови на смути напитоци, при подготовката на различни слатки итн.

"“Online”/

Првите податоци за неговата употреба датираат од арапската кујна, од 13 век. Од арапските земји, понатаму се проширува во Индија, Кореја и Јапонија, а денес често се користи во медитеранската кујна и во балканските земји.

Од здравствен аспект, научните студии укажуваат на низа корисни својста од богатиот нутритивен состав на таанот, но и на што треба да внимаваме при неговата употреба. Во продолжение, нешто повеќе околу ова.

Таанот има богата хранлива вредност

Таанот е полн со здрави маснотии, витамини и минерали. Само една лажичка таан (15g) содржи:

• 90kcal
3g протеини
• 8g маснотии
• 3g јаглехидрати
• 1g растителни влакна
• 13% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин Б1
• 11% од ДПВ за витамин Б6
• 11% од ДПВ за фосфор
• 11% од ДПВ за манган

Манганот и фосфорот имаат многу значајна улога во здравјето на коските. Витаминот Б1 и витаминот Б6, се многу важни во катаболизмот или во продукцијата на енергија од храната.

Дополнително, 50% од маснотиите во таанот, доаѓаат од т.н. мононезаситени масни киселини. Овие масни киселини имаат антивоспалителни карактеристики и многу релевантни студии ги поврзуваат со намалувањето на ризикот од некои сериозни, хронични заболувања.

Извор на антиоксиданти

Таанот е богат со антиоксиданти наречени лигнани, особено со лигнанот сесамин, кој покажал особено силно антиоксидативно влијание во некои студии.

Повеќе истражувања покажуваат исто така, редовното консумирање на сусамот и неговите продукти, може да ја зголеми вкупната антоксидативна активност во крвта.

Лигнаните од сусамовото семе делуваат како антиоксиданти и ги намалуваат процесите на оксидативниот стрес- хемиски реакции кои можат да ги оштетат клетките и на долг рок да предизвикаат хронично воспаление во организмот. Познато е дека ваквиот тип на воспаление на долг рок значително го зголемува ризикот од сите хронични заболувања.

И витаминот Е, со кој што исто така е богат сусамот има антиоксидативно дејство кое во истражувањата се покажало како заштитувачко во однос на здравјето на срцето.

Може да има антибактериски својства

Таанот и сусамовото семе можат да имаат и антибактериски својства, поради моќните антиоксидативни компоненти кои ги содржат.

Некои земји од средна Европа, го користат сусамовото масло за лекување на раните на нозете кои се поврзани со дијабет.

Во една студија, која за тема го имала антибактериското дејство на сусамот (негов екстракт), истражувачите дошле до резултати според кои овој екстракт делувало уништувачки на дури 77% од бактериите кои биле резистентни на друг третман.

Повеќе други анимални студии покажуваат сличен ефект, но сепак се потребни повеќе истражувања на ова поле.

Сусамот е добар извор на витамините од В групата и микронутриенти кои влијаат на формирањето на црвените крвни клетки

Витамините од В групата се особено значајни за повеќе клеточни функции, пред сè за метаболизмот на согорување на хранливите материи за енергија.

30g сусамово семе содржи 17% од дневните потреби за витамин В1, 11% од ДП за витамин В3 и 5% од ДП за витамин В6.

Сусамот(30g) исто така содржи 24% од ДП за железо и дури 136% од ДП за бакар. За продукција на црвените крвни клетки овие два елементи, заедно со витаминот В6 се доста важни.

За подобра апсорпција на овие и останатите минерали од сусамовото семе, најдобро е тоа да се испече или потопи во вода пред употреба.

Може да го намали нивото на шеќер во крвта

Таанот е богат, пред сè со здрави маснотии, но и со протеини. Овие компоненти ја поддржуваат контролата на шеќерот во крвта.

Дополнитлно, сусамовото семе содржи пиноресинол, компонента која според некои научни студии се покажала како добар регулатор на шеќерот во крвта, преку инхибирање на работата на дигестивните ензими- малтази. Сепак овие студии се работени на животни и затоа има потреба од дополнителни истражувања на темата, за донесување на крајни заклучоци.

На сличен начин, на шеќерот во крвта влијаат и растителните влакна кои, исто така се значаен дел од содржината на таанот.

Ја поддржува работата на имуниот систем

Сусамот е исто така добар извор на низа од микронутриенти важни за правилната функција на имуниот систем: цинк, селен, бакар, железо, витамин Е, и витамин В6.

На пример, цинкот е неопходен за активирање на одредени видови имуни клетки кои ги препознаваат и напаѓаат инфективните микроби. Дури и малите недостатоци на цинк во исхраната можат да водат до нарушен имун одговор на организмот.

30g сусам содржи 20% од дневните потреби за цинк.

Таанот може да биде корисен и за здравјето на мозокот

Таанот содржи компоненти кои можат да го подобрат здравјето на мозокот и да го намалат ризикот од развивање на невродегенеративни заболувања, како деменција.

Во некои студии, антиоксидативните компоненти од сусамовото семе покажале заштитно дејство на човековиот мозок и нервните клетки од дејството на слободните радикали.

Сусамовите антиоксиданти можат да ја преминат бариерата на мозокот, што значи дека можат да го напуштат на тој начин крвотокот и директно да влијаат позитивно на мозокот и централниот нервен систем.

Студиите укажуваат и на антиканцерогено дејство

Студиите спроведувани на лабораториски животни укажуваат на потенцијално антиканцерогено дејство на таанот. Имено, антиоксидантите од сусамовото семе делувале уништувачки на малигните ќелии на ракот на дебелото црево, белите дробови, црниот дроб и ракот на дојка.

Сесаминот и сесамолот – двата главни антиоксиданти на сусамовото семе, постојано се во фокусот на истражувачите на канцерогените заболувања. Тие се смета дека поседуваат одредено антиканцерогено дејство, а за тоа стигнуваат сè повеќе потврдни резултати.

Заштитно дејство на црниот дроб и бубрезите

Таанот содржи компоненти кои можат да го заштитат црниот дроб и бубрезите од одредени оштетувања. Ова се органите кои се задолжени за детоксификација на организмот.

Една студија на 46 луѓе со дијабет тип 2, пронашла дека оние кои консумирале сусамово масло 90 дена имале подобрена функција на бубрезите и црниот дроб, во споредба со контролната група.

Дополнително, некои студии укажуваат дека екстрактот од сусам покажал заштитна улога при токсификацијата на лабораториските глувци со тешкиот метал ванадиум.

На што треба да внимаваме?

Сепак, за да го уживаме ефектот од наведените својства, потребна е поредовно консумирање на таанот. Но, и со редовната консумација на таанот треба да бидеме внимателни. Поточно, треба да внимаваме на количините. Исхраната особено богата со маснотии, особено во комбинација со физички неактивен животен стил, може да води кон гојазност, која пак е ризик фактор за повеќе заболувања.

Дополнително, знаеме дека таанот е богат со омега 6 масни киселини. Богатата исхрана со омега 6 масни киселини, а притоа недостатокот од омега 3 масните киселини може да придонесе за хронично воспаление. Тоа е уште една дополнителна причина зошто треба да внимаваме на количините, а и на внесот на омега 3 масните киселини.

Секако една од опасностите е и алергијата на сусамот. Доколку ја имате, таанот не е храна која ви е потребна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор