fbpx

Тироидната жлезда и исхраната – кои продукти се поволни, а кои не?

tonus

Хипотироидизмот е состојба при која телото не може да произведе доволно тироидни хормони.

Кај околу 90% од случаите оваа состојба е предизвикана од автоимуното заболување наречено Хашимото тироидитис, кој настанува како резултат на нападот на имунитетот врз ткивото на тироидната жлезда.

Други ризик-фактори за хипотироидизмот можат да бидат генетските, земањето на одредени медикаменти, но и операциите на жлездата.

"“Online”/

Значењето на тироидните хормони

Тироидните хормони го помагаат контролирањето на растот на клетките, нивното обновнување и метаболизмот. Како резултат на нивниот недостаток, луѓето со хипотироидизам можат да чувствуваат измореност, загуба на косата, покачена телесна тежина, чувство на ладно и кога времето е потопло, но и низа на други симптоми.

Хипотироидизмот го имаат околу 1-2% од светското население, а за 10 пати е поголема веројатноста за негово развивање кај жените.

Само здравата исхрана не може да го излекува ова заболување. Но, комбинацијата од здрава храна и медикаменти може значително да помогне во намалувањето на непријатните симптоми и донекаде враќањето на нормалната функција на тироидната жлезда.

Не верувајте на разните информации кои се раширени по интернет за специјални диети за здравјето на тироидната жлезда кои може целосно да ја излекуваат оваа состојба. Потребна е правилна исхрана која се препорачува и на секој еден здрав човек.

Сепак, постојат одредени намирници кои се корисни, а и некои кои треба да ги избегнуваме. Во продолжение нешто повеќе околу тоа.

Тироидните хормони учествуваат во контролирањето на метаболизмот

Колку посинхронизирано или побрзо работи метаболизмот, толку побрзо е и трошењето на калориите, односно енергијата.

Луѓето со хипотироидизам продуцираат помали количества на тироидни хормони, што значи имаат забавен метаболизам, што води кон согорување на помалку калории. Спориот метаболизам е здравствен ризик од повеќе аспекти. Може да го зголеми нивото на вкупен холестерол и триглицериди во крвта и да води кон здебелување, што понатаму е ризик фактор за низа други хронични заболувања.

Ако пациентите со ова заболување имаат големи проблеми со намалувањето на телесната тежина, потребно е малку да ги интензивираат физичките активности. Дополнително на ова, студиите покажуваат дека редовната физичка активност придонесува и за зголемување на нивоата на тироидните хормони.

Постојат и некои истражување според кои исхраната  побогата со протеини, може да придонесе во подобрувањето на состојбата со хипотироидизам. Ова се смета дека пред сé се должи на забрзувањето на метаболизмот што се случува при јадење ваква храна. Секако, ова не значи да ја зголемите употребата на месото.

Кои нутриенти или хранливи елементи се најзначајни за здравјето на тироидната жлезда?

Јод есенцијален, минерален градбен елемент на тироидните хормони. Студиите велат дека луѓето со недостаток од јод имаат поголем ризик од хипотироидизам и други тиродини заболувања. Голем дел од населението има недостаток, но тој треба да се надополни со храната , не со суплементите, имајќи предвид дека резултатите од некои испитувања велат дека суплементирањето со јод може да ја оштети тироидната жлезда. Сепак, има контадикторни студии за оваа тема.

Селен – овој минерал помага во ,,активирањето” на тироидните хормони, односно ги прави достапни за употреба. Дополнително, овој есенцијален минерал има и антиоксидативна активност, што значи дека може да ја заштити тироидната жлезда од оксидативен стрес. Добар извор се  бразилските оревчиња, но тие не треба да се употребуваат секој ден!

Цинк – делува на сличен начин како селенот во однос на тироидните хормони. Неговиот недостаток е многу поредок отколку оној на селенот или јодот, но сепак сите треба да внимаваме и да го внесуваме во доволни количини, а особено луѓето кои се под ризик за тироидни нарушувања.

Која храна може да создаде проблеми при хипотироидизам?

Гоитрогените се компоненти кои се присутни во одредени типови храна, а можат да делуваат нарушувачки на нормалната функција на тироидната жлезда. Интересно, но многу производи кои секојдневно ги употребуваме ја содржат оваа компонента, вклучително:

сојата и нејзините продукти
◦ одредени зеленчуци: зелка, брокули, прокељ, карфиол, спанаќ итн.
◦ некои овошки: јагоди, праски итн.
◦ сладок компир
◦ некои јатки и семиња: борово семе, кикирики, просо итн.

ТЕОРЕТСКИ, луѓето со хипотироидизам треба да ги избегнуваат продуктите со гоитрогени. Сепак, повеќе студии велат дека е потребно доста големи концентрации од гоитрогените за да се покажат несакани ефекти! Повеќето несакани ефекти се  забележани кај пациентите со недостаток на јод или пак кај оние што јаделе огромни количини храна богата со гоитрогени.

Исто така, готвењето на храната со гоитрогени, значително ги деактивира.

Исклучок е просото за кое студиите велат дека може да биде штетно кај луѓето со проблеми со тироидната жлезда и во помали количества.

Дополнително на наведената храна, луѓето со хипотиродизам треба да избегнуваат високо-процесирана и брзата храна, потоа храната богата со растителни влакна (можат да ја попречат апсорпцијата на медикаментите).

Има ли прехранбени продукти кои се добри при хипотироидизам?

Здравата исхрана кон која треба секако да тежнееме е доволна за намалување на симптомите, но и за превенцијата од други заболувања. Значи, правилна исхрана со исклучок на она што претходно го наведовме како непожелна храна при проблеми со тироидната жлезада и нејзините хормони, би требало да биде доволно.

Сепак, постојат и неколку конкретни продукти кои можат да бидат корисни при хипотироидизам, како свежата храна со висок процент на антиоксиданти – бобестото овошје, домати, пиперки итн.

Потоа, полнозрнастата храна и останатата храна богата со Б витамини и храната богата со селен (бразилско оревче, но со особено внимание на количините).

Мешунките богати со аминокиселината тирозин која е значајна за тироидната жлезда, исто така се одлична опција.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор