fbpx

Токсични домови

tonus

ФАКТ – живееме во затворен простор. И до 80% од времето го проаѓаме во затворени простории. Што во домот, што на работа… Оваа бројка е уште повисока за одредени групи. На пример, деца или пензионери може да поминат и над 90% од времето во затворен простор. Затоа, важно е тој затворен простор да биде здрава средина. Но, дали е така? Одиме соба по соба: ТОАЛЕТ Најголем дел од токсичните супстанции во домот се токму во тоалетите. Средствата со кои ги убиваме бактериите се поопасни од самите бактерии. Сепак, постои голема палета на средства за чистење, и вистинските информации може да ни помогнат значајно да го ограничиме степенот на изложеност и ризици по нашето здравје. КУЈНА Многу од навиките за готвење може да ни ги зголемат ризиците од изложеност на токсични материи. Зошто е опасна конзервираната храна? Што е тоа БПА и дали е доволно да прочитаме БПА free? Кои се садовите за готвење кои се осомничени за канцерогени состојки? Дали пластиката треба да доаѓа во контакт со храната? Која пластика? СПАЛНА Секој ден по 8 часа, една третина од денот, проаѓаме во спалната соба. Како тоа може да придонесува позитивно или негативно врз нашето здравје? Дали може алергиите да потекнуваат токму од спалната соба? Уште: Играчките на децата … Средствата за лична хигиена… Растенијата во домовите…   Семинарот Токсични домови ќе ги опфати сите овие теми. Без премногу филозофија и наука, на едноставен начин можеме да ги научиме едноставните постапки за проверка на токсичноста на домот и како да се подобри состојбата. Семинарот Токсични домови е насочен кон овие практични аспекти на безбедното живеење во домот. Ако се сомневаме колку се опасни дел од овие супстанции – само потсетете се дека нарушувачите на хормоните кај мали момчиња ги нарушуваат  машките карактеристики, а кај девојчињата предизвикуваат предвремен пубертет. И ова е само еден од ризиците на токсичните домови. Лекуваме причини, не последици!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор