fbpx

Уникатниот и заборавен македонски вид ГРАВ

tonus

Кога ќе дојде петок, повеќе од јасно е што ќе се најде на нашите трпези, незаменливата мешунка – ГРАВОТ. Подготвен во многу варијанти, тој претставува еден од најпрепознатливите специјалитети на нашата традиционална кујна.

Во една од претходните статии се осврнавме на корисните дејства на белиот ,,обичен грав”, а во продолжение ќе ве потсетиме дека постојат и многу повеќе типови на грав кои се исто така вкусни и корисни (нутритивни) и можете да ги употребите за правење на познатата манџа, но и на различни салати, чорби, тавчиња, намази итн.

Гравот треба да се јаде повеќе пати во неделата (барем двапати), поради неговата исклучителна хранлива вредност и вкусови карактеристики. Постоењето на повеќе типови грав го олеснува ова.

"“Online”/

Што ги обединува сите типови грав?


Најдобар протеински извори од растително потекло

Сите видови грав се одличен протеински извор. Гравот е богат со различни аминокиселини. Aминокиселините се градбените блокови на протеините.

Меѓу 20-те аминокиселини од кои се изградени сите протеини кои се важни за човекот, 9 се есенцијални. Поимот есенцијални означува дека човековиот организам не е во можност сам да ги синтетизира, па за негово нормалното функционирање мораме редовно да ги внесуваме преку исхраната.

Гравот содржи повеќе есенцијални аминокиселини, но не сите 9. Сепак, во комбинација со друга храна, ги обезбедува сите неопходни аминокиселини за организмот.
Ваквата легуминозна храна е особено значајна за оние поединци кои не консумираат продукти од животинско потекло. Kaj нив, гравот служи како примарен извор на протеини.

Одлична текстура и вкусови карактеристики

Иако малку се разликуваат, сите типови на грав имаат одличен вкус и текстура. Заради овие причини тие се употребуваат во најразлични типови на рецепти.

Мешунките се идеална храна за слабеење

Како и сите мешунки, гравовите се одлична храна за процесот на слабеење. Ова е така заради нивната навистина богата содржина на растителни влакна, но и претходно споменатите протеини.

Дневно препорачаниот внес на растителни влакна е 25g за жени и 38g за мажи. Само една чаша грав (во зависност од типот), или отприлика 170g содржи 10-13g растителни влакна. Тоа е речиси половина од дневните потреби, задоволени во еден оброк!

Солдината содржина на растителни влакна помага во процесот на слабеење заради тоа што тие сочинуваат значителен процент од масата на гравот, а немаат калориска вредност. Растителните влакна обезбедуваат постепено апсорбирање на глукозата во крвотокот. Ова понатаму значи константно оптимално ниво на шеќер во крвта на подолг рок, што пак значи подолг период на ситост. Дополнително, тие преку врзувањето на водата исто така промовираат подобра и подолга заситеност.

Гравот содржи малку маснотии и не толку голем процент на јаглехидрати. Ова се всушност најконцентрираните извори на енергија и калории кои можат да бидат и складирани.

Богатата протеинска содржина на гравот, се поврзува со намалени нивоа на хормонот грелин кој се смета за хормон на гладта. Така, на долг рок, јадењето ваква храна може да доведе до природно намалена потреба за калории, односно високо калориска храна.

Гравовите се супер-храна!

Покрај одличната концентрација на протеини, сложени јаглехидрати и растителни влакна, гравовите се извор и на низа витамини и минерали, главно железо, магнезиум, калциум, калиум, фолна киселина и останати витамини од Б групата итн. Овој состав имплицира низа на корисни дејства за здравјето, за кардиоваскуларното здравје, при дијабетот, остеопорозата итн.


8 видови грав кои можат да се најдат и на нашите пазари:

1) ,,Обичен бел грав

За нас најпознатиот и највкусен грав, најчесто нарекуван ,,тетоец”. Зрната на овој тип грав се со средна големина, има сладок вкус, а овој бел грав е одличен за правење тавче-гравче и манџа. Секако, од него може да се прават и вкусни намази. Има можеби најсолидна концентрација на протеини и растителни влакна помеѓу гравовите, а покрај тоа има и солидни количества на калциум и калиум.

2) Цацар

Овој грав најчесто не се сади за комерцијална употреба, па може да се најде од некои земјоделци кои имаат помали насади. Зрната се значително поситни, но од него се прави многу повкусна манџа.

3) Канелини грав

Доста сличен облик како обичниот грав, но се смета за најголемиот бел грав, па се одликува со поголема ,,меснатост”. Нема некоја голема разлика во вкусот, освен што е со нешто помала слаткост од обичниот. Оди одлично во комбинација со пиперки, од него се прават одлични чорби и супи, а често е застапен и во конзерва. За разлика од белиот, има помалку протеини, растителни влакна, но и многу помала калориска вредност. Воопшто не содржи шеќери.

4) Црвен грав

Грав кој е доста застапен на нашите пазари. Има нешто помала големина од белиот, овален облик, специфична црвена боја, сладок и ,,полн” вкус, иако има 0g маснотии. Текстурата му е доста ,,мека и мазна”, a многу се користи во приготвувањето на мексиканските рецепти. Во комбинација со луто чили и мексиканска мешавина (пиперки, пченка и грашок), но и со ориз. Содржи одлични концентрации на калицум, магнезиум и калиум, но има и најбогат антиоксидативен состав – пеларгонидин, кој е одговорен за уникатното обојување.

5) Пинто грав

Зрната на пинто гравот се со средна големина, овален облик и светло кафено обојување. Даваат кремаста текстура на јадењата и имаат специфичен ,,полн” и не толку сладок вкус.

6) Црн грав

Слична текстура, вкус и облик како и пинто грав, но различно обојување и мали разлики во нутритивната вредност (нешто повеќе калиум и магнезиум, а помалку калциум од пинто гравот). Заедно со пинто гравот се одличен извор на фибер.

7) Папуда грав

Грав кој се одликува со ситни зрна и мал црн ,,белег” во пределот на никулецот. Познат грав во Јужните делови на Македонија. Има нешто поинаква, потврда структура од белиот грав и доста помала слаткост. Сепак, папуда гравот се вбројува помеѓу нутритивно најсконцентрираните мешунки – одличен извор на протеини, растителни влакна, калциум, магнезиум, натриум итн.

8) Азуки грав

Некогаш се вбројува во истата група со црвениот грав, но постојат одредени разлики. Тој е можеби најститниот грав, а има сладникав и ,,полн” вкус, како и повеќето гравови. Најдобар е печен, односно во различни рецепти за тавче, во комбинација со печурки и сладок компир.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор