fbpx

Фантастични придобивки од спиење ЗАЕДНО!

tonus

Во претходните статии зборувавме повеќе околу тоа колку е значен квалитетниот сон за оптималното здравје, како да го подобрите и која е врската помеѓу спиењето и телесната тежина. Денес, уште една интересна тема поврзана со нераскинливата врска помеѓу сонот и нашето здравјето.

Најверојатно сте ја почувствувале разликата кога спиете сами, во однос на спиењето со блиска личност. Во поново време, сè поголем број истражувања даваат и научна потврда за објективното постоење на ваквите ,,чувства. Корисните ефекти од спиењето со партнерот се движат од психолошки бенефити, па се до корисни дејства за различни аспекти од физичкото здравје.

Во продолжение, 7 конкретки придобивки од спиењето со блиска личност:

"“Online”/

1) Поквалитетен сон

Модерното време нè принудува да бараме начини како да ,,дојдеме” до подолг, но и сон кој ќе биде квалитетен, односно ќе можеме да се разбудиме одморени.
Дали сте знаеле дека спиењето до партнерот, особено ако се работи за сериозна врска, е одличен начин да си помогнете во остварувањето на целта – квалитетен и долг сон.

Според една студија од Универзитетот во Питсбург, САД, жените кои имаат стабилна љубовна врска заспиваат побрзо и имаат многу помалку непријатни будења во текот на ноќта во однос на слободните жени.

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

2) Полесно заспивање

Веројатно мислите дека и не е толку важно колку време ви е потребно да заспиете, ако сонот потоа трае доволно. Сепак, не сте во право.

Едно истражување од Велика Британија открива поврзаност помеѓу времето потребно да заспиете и квалитетот на сонот. Според истражувачите, нормалното време потребно за да заспиете треба да се движи од 10-20 минути, а ако за овој ,,процес“ ви се потребни повеќе од 30 минути, тогаш тоа значително ќе го наруши квалитетот и ефикасноста на спиењето.

Според експертите за спиење, стресот, загриженоста, размислувањето и слично, односно било каква зголемена ментална активност додека лежиме, значително го отежнува заспивањето. Контактот со партнерот поттикнува излачување на хормони кои ќе го опуштат телото и ќе ги отргнат сите мисли, што ќе овозможи многу полесно и ,,подлабоко” заспивање. Се работи за хормоните:

Окситоцин – познат и како хормонот на љубовта.
Серотонин –  хормонот на среќата.
Норадреналин – помага во регулирањето на сонот и балансирање на стресот.
Вазопресин – го намалува кортизолот и поттикнува подобар квалитет на сонот.
Пролактин – подобар имунитет, сон и ошто квалитет на живот.

Дополнително, добро познат поттикнувач на повисоки нивоа на повеќето од овие хормони е и сексуалната активност.
Кај жените, сексот ги зголемува и нивоата на естроген, што значително ја подобрува т.н. РЕМ фаза од сонот, па олеснето е ,,длабокото” спиење.

[Поврзано: Дали сексот може да се брои како физичка активност и колку е ризичен за срцето?]

3) Намалување на крвниот притисок

Едно истражување покажува дека почестите прегратки и интимност со партнерот, поттикнуваат поголемо продуцирање на окситоцин, што се поврзува со намален крвен притисок и пулс кај жените кои се во репродуктивниот период од животот.

Значи, спиењето со партнерот е добро и за здравјето на вашето срце.

4) Посилен имунитет

Делењето на постелата со партнерот, како што претходно сугериравме, води и кон интимност, односно подобар сексуален живот, што е одлично за вашето здравје.

Една студија од Универзитетот од Пенсилванија, САД, го следела интимниот живот на повеќе двојки. По одреден период утврдено било дека оние парови кои биле повеќе сексуално активни, имале подобра отпорност кон сезонските настинки и грипови, односно продуцирале повеќе значајни имуни клетки, како Т-лимфоцитите.

[Поврзано: Како ИМУНИТЕТОТ е поврзан со животниот стил?
10 намирници за подобар имунитет!]

5) Намалени симптоми на анксиозност

Eден од симптомите на анксиозноста е и несоницата.

Спиењето со блиска личност не само што ќе ви помогне во подобрувањето на ментално здравје, туку контактот кожа со кожа ќе ги потикне надбубрежните жлезди да прекинат со лачење на кортизол или уште нарекуван хормон на стресот и ќе стимулира лачење на окситоцин.

[Поврзно: Чудото на природата наречено ,,допир”!]

6) Намалено хронично воспаление – забавен процес на стареење

Со намалувањето на нивото на стресниот хормон кортизол, се намалуваат и нивоата на проинфламаторните протеини наречени цитокини. И помалите процеси на инфламација (воспаление) кои се константни или постојани, имаат силно негативно влијание во организмот, од најразлични аспекти, помеѓу кои и забрзано оксидативно оштетување (стареење) на кожата, но и на целиот организам.

Многу повеќе на оваа тема прочитајте тука.

[Поврзано: Хронично воспаление – една од главните причини за заморот
Што означува CRP тестот и зошто е важен за здравјето на крвните садови?]

7) Зајакнување на емотивната врска со партнерот

Повеќе истражувања покажуваат дека спиењето без облека, односно постојаниот контакт кожа со кожа, стимулира дополнително лачење на окситоцин, кој меѓудругото е ,,задолжен” и за создавање на приврзаност кон блиските личности.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор