fbpx

ХЕМИКАЛИИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ – УНИШТУВАЧИ НА ЗДРАВЈЕТО!

tonus

Како доаѓа пролетта и летото, на многумина почнува да им се брза да ја намалат телесната тежина. Разбирлива, но опасна позиција! Под притисок на желбата за брзо слабеење од една страна, и безмилосните маркетинг стратегии од друга страна – човек може брзо да се убеди да посегне по некое апче, прашок, шејк и сл. за брзо слабеење! Меѓутоа, искуството години наназад јасно покажува дека таквите пристапи може да носат сериозни и трајни последици по нашето здравје. Да се потсетиме само на неколку супстанции кои на големо се рекламирале и продавале, имало илјадници корисници, и на крајот биле повлечени од употреба и забранети. ЕФЕДРА  – ЗАБРАНЕТА Еден од најпродаваните производи, а од 2004-та забранета во САД – Ефедра. Дури и во мали дози го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. ХИДРОКСИКАТ – ЗАБРАНЕТ Забранет во 2009-та заради тешки несакани ефекти, особено хепатит и жолтица. Имаше и документирани смрти случаи, како и случаи на целосно откажување на црн дроб и последователна трансплантација. ФЕН-ШЕН – ПОВЛЕЧЕН ОД ПАЗАР Фенфлурамин повлечен од пазарот во деведесетите години на минатиот век заради докажана штета на срцето и белите дробови во повеќе случаи. МЕРИДИА – ПОВЛЕЧЕН ОД ПАЗАР Сибутрамин повлечен од употреба во 2010 заради зголемување на ризик од срцев и мозочен удар. Ефектот заради кој претходно се продавал било намалувањето на апетитот на долг рок.   Која е следната суптанција која ќе биде забранета…? Најдобро е да не ја ни знаете, и да не ве ни интересира бидејќи не ја користите. … сите овие производи пред да бидат забранети биле користени од илјадници луѓе кои мислеле дека се здрави. И сите овие производи ве слабеат. Но, по многу висока цена…

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор