fbpx

Хиперинсулинемија – силно предупредување за нужноста од промени во животниот стил

tonus

Веројатно досега сте се сретнале со поимот хиперинсулинемија. Се работи за состојба при која количествата на хормонот инсулин во крвта се повисоки од вредностите што се сметаат за нормални.

Иако ваквата состојба може да биде поврзана со дијабетес тип 2, не се работи за истата состојба.

Инсулин

Инсулинот е хормон кој го излачува панкреасот. Неговата главна улога е да го регулира количеството хранливи материи кои циркулираат во крвотокот.

"“Online”/

Иако најчесто се поврзува со контролирањето на шеќерот во крвта, овој хормон има улога и во метаболизмот на мастите и протеините.

Кога имате оброк што содржи јаглехидрати, нивото на глукоза во крвта по одредено пократко време ќе порасне. Клетките на панкреасот имаат механизам според кој можат да го ,,почувствуваат” ова, по што излачуваат инсулин во крвотокот.

Инсулинот им сигнализира на клетките дека треба да го примаат шеќерот од крвта. Овој процес резлутира со намалени глукозни нивоа. Постојано високите нивоа на шеќер во крвта се особено штетни од повеќе аспекти, а екстремно високите можат да предизвикаат сериозни штети, па дури да бидат и живото-загрозувачки.

[Поврзано: Како до подобра контрола при дијабет?]

Кога клетките ќе престанат соодветно да одговараат на ,,стимулациите” од инсулинот, станува збор за инсулинска резистентност или отпорност. Во вакви услови, панкреасот почнува да лачи уште повеќе инсулин во намерата да го намали шеќерот во крвта.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – Сè почест проблем!]

Всушност, главната причина за хиперинсулинемијата е токму инсулинската резистентност. Доста поретко како причинители се јавуваат одредени туморни промени на панкреасот.

Значајно е да се каже и дека хиперинсулинемијата е различна состојба од хипергликемијата – покачени глукозни нивоа во крвта.

[Поврзано: Како ПРЕДИЈАБЕТОТ да не премине во ДИЈАБЕТ?]

Хиперинсулинемија, дијабет и инсулинска резистентност

Хиперинсулинемијата сама по себе не значи и дијабет. Како и да е, инсулинската резистентност е силен ризик фактор за двете состојби и  најчесто е нешто што ги поврзува.

[Поврзано: Што секој од нас би требало да знае за ДИЈАБЕТЕС?]

За жал, поради симптомите што најчесто се навистина благи или речиси непостоечки, луѓето често живеат со години со инсулинска резистентност и хиперинсулинемија.

Симптомите би можеле да се препознаат вкучуваат:

Хиперинсулинемијата се смета за ран индикатор или показател на поголеми метаболитички дисфункции. Ако ваквата состојба трае подолг период без никакво третирање, можни се повеќе компликации, како: дијабет тип 2, срцеви заболувања, Алцхајмер, одредени типови кацнер итн.

[Поврзано: Метаболен синдром – секој би требало да знае за овој поим!]

Дијагностицирање

Секој што ги има горенаведените симптоми или спаѓа во одредена ризична категорија, треба соодветно да се провери.

Ризичните категории би биле луѓе со прекумерна телесна тежина, жени кои страдаат од проблеми со полицистични јајници, пациенти со покачен крвен притисок, нарушен липиден профил, висока урична (мочна) киселина итн. Што порано се открие, хиперинсулинемијата е полесна за третирање и ризиците за компликации се минимални.

[Поврзано: Начин на живот и полицистични јајници]

Дијагностицирањето оди преку крвни тестови. Всушност се мерат нивоата на инсулинот и глукозата во крвта. Исто така, хиперинсулинемијата може да се дијагностицира и преку рутинските крвни тестови за дијабет и слични состојби.

[Поврзано: HbA1c или тримесечен просек – извонредно важен тест кај дијабет!]

За нормални нивоа на инсулин се сметаат оние под 25 mIU/L при гладување. Ако имате постојано повисоки нивоа од споменатото, дури и при гладување, веројатно се работи за хиперинсулинемија.

Кои се добрите вести?

Како што и претходно споменавме, хиперинсулинемијата можеме да ја сфатиме како последен предупредувачки знак за итно потребни промени во животниот стил. Со практикување на здравите животни навики, во огромна мера може да се подобри сиутацијата со овој проблем, па дури и да се надмине (секако во зависност од коренот на проблемот). Впрочем, тоа е повеќепати покажано со нашите искуства.

На следниот линк, прочитајте ги искуствата на една пациентка: Хиперинсулинемија – Искуство со Д-р Митов!

Всушност, добрите вести би биле – Работите се во наши раце!

Во кратки црти, што е она што треба да го менуваме?

Идеалниот третман за хиперинсулинемијата ќе зависи од ,,потеклото” на самата состојба, дали е тоа прекумерна телесна тежина, инсулинска резистенција или нешто друго, како инсулинома или несидобластозис.

Како и да е, најчесто примарниот фокус на третманот се промените во начинот на живот, покрај некогаш и нужната фармаколошка терапија. Промените во животниот стил што треба да бидат направени се слични како и при дијабет тип 2.

  1. Редовна физичка активност

Низ истражувањата на оваа тематика се покажало дека физичката активност во голема мера ја подобрува состојбата со хиперинсулинемијата. Дополнително, јасно е дека вежбањето го забрзува процесот на губење вишок телесна тежина. Пред да почнете со практикување на одредена поинтензивна активност, задолжително консултирајте се со лекарот што ја следи вашата конкретна состојба.

[Поврзно: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

Постојат неколку типови вежби што се особено корисни кога станува збор за подобрување на инсулинската сензитивност, односно искористувањето на овој хормон од клетките:

  1. Правилна исхрана

Заедно со редовната физичка активност, здравата исхрана е најважниот елемент во третирањето на хиперинсулинемијата. Главните совети би биле избегнување на храна со висок гликемиски индекс и особено храна со т.н. празни калории. Многу повеќе околу тоа што се празни калории, прочитајте во една од нашите претходни статии.

Целта на добрите програми за губење телесна тежина треба да биде поттикнувањето на трајни навики. Тоа не значи силна рестриктивност, напротив – познавање на што е тоа добра храна, а што лоша – некогаш може да се проба и од ,,лошата”, но тоа да биде исклучок, не правило.

[Поврзано: Што треба да знаете за поимот ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС?]

Истражувањата даваа конзистентни податоци – Медитеранскиот начин на исхрана се покажува како најсоодветен и за оваа проблематика. Во кратки црти, тој се базира на: растителни протеини, мешунки, јаткасти плодови, риба, многу свежа храна – овошје и зеленчук, маслинки и ладно цедено маслиново масло, како и полнозрнести житарки.

[Поврзано: Кои се главните карактеристики на Медитеранската исхрана?]

Истото ова го покажуваат и нашите искуства – Хиперинсулинемијата може да биде сосема добро контролирана благодарение на промените во животниот стил, пред сè правилната исхрана и редовната активност.

Закажување консултација и повеќе информации за програмите за дијабет и предијабетична состојба на Д-р Митов, на следниот линк: Програма Дијабет и предијабетична состојба

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор